уф значи не сум само јас само сум влегла во клубот на држачки во раце,од една страна чувството е супер си го осеќам малечкото ама стварно е напорно цел ден, само ноќе спие на спална со мене/...ајде ако е период ќе стиснам заби и мм нека готви и чисти......мамички фала ви на одговорите,иако лично не се позннсаваме вие сте ми најголема подршка и најдобри пријателки, ВЕ САКАМ ПОЗДРАВ
ее ивановичке кај тебе маж ти прави ручек чисти а јас нека што сум по цел ден со него во рацето, па и ручек правам чистам кога ке заспие, и после пак тој си станува и пак одново пелени цицање и дооооолго шеткање низ дома во раце
сонце мм ниту готви ниту чисти ѕуку јас си се тешам,колку само да ти доловам мм си отиде пред саат ипол со мојот гинеколог во Боровец на скијање викендов а јас со малиов во раце куцам со една раака и ја чекам мајками од работа да дојде да ми направи за јадење неможам до тоалет да појдам ако го оставам малиов во кревет ќе ја дигне зградава во воздух а кај мене еве го спие...маки си имам јас
има такво бебе моето само заспива го оставам во креветче и јас си бркам работа а он се врти натаму наваму и сам си се успива се гали по главчето ама затоа до 3 месеци мака видов никако несакаше сам да заспие сигурно заради грчевите ама се со тек на време ке се научат само упорност барем со моето така беше...додека се помали бараат сигурност после се е полесно...
Мамички син ми во раце спиеше до 9 месеци ,а ќерка ми сеуште ,а има 15 месеци од кои до 5месеци беше 24/7 во раце.Е сега лекот за одвикнување е да се легне во креветче и да се остави да се исплаче и потоа ќе заспие.Ова да се повторува 2-3 дена и бебето ќе се научи.Вака ме советуваше педијатарот.Јас пробував ,но многу ми беше по мачно кога плачеше,отколку да ја држам во раце.Можеби и не бев доволно упорна
и јас се приклучувам во клубот на мајки чии бебиња спијат во раце, т,е моево заспива на мене на гради а тоа легнато на меше, и штом заспие така само што ке го ставам вкреветче одма плачи... и се така се држиме цел ден, додуша кој сака може да го држи така ке си седи мирно туку да ве прашам друго, денес бебушко кога цицна малку од мене поврати,и повеке за ништо не сака да цица, а исто и после некое време пак поврати кога го испи ад млекото, да е прејадено нее сигурно др денови јадело и повеке. досега два пати ако му се имаше случено да поврати
Е ова никогаш нема да го направам и на тој ќе му ја треснам една оваа кога плаче тоа не е обично плачење туку наеднаш е дерење во 1 тон при кој помодрува и потоа како да губи воздух па зима воздух и почнува отпочеток е полесно е да се држи во раце сега спие во креветче додека куцам јас ете ми малку одмор веќе втора недела е ваква за денско спиење одлична да речам
Моево И тоа од мала ја научив да запива сама во креветче денско време ,некаде кај 4ти 5ти месец Кога и беше време за спиење ја носев во спална, ке испиеше млекото и давав цуцлето и ја оставав Некој пат заспиваше одма , некој пат се бунеше ке заплачеше ама не ја зимав од креветчето и давам цуцлето и пак излегував од соба е после заспиваше Така и до ден денес за спиење и денско време и навечер Иначе за тоа метод што вика АИТ е добар додека не свати дека е време за спиење и треба да спие во креветче ... Сега ако гледаш дека детево вришти сигурно нема да ги оставиш да помодрува ... Моево кога плаче знам кога и зошто плаче, како што секоја мајка си ги разбира плачот на детето
син ми од првата ноќ уште на болница го легнав во креветче и се уште спие сам во креветче (со неколку исклучоци ) е сега како заспива????јас си знам раце и нозе од думкање ми се паднати ама кога ќе заспие одма го легнувам. мм и свеки на почеток го чуваа ,,да се успие,, враце ама одма ќе му речев и одма го легнуваа така да не се научи даспие враце MacenceEna блазесити озбилна сум треба да си пресреќна што така ја научи, многу е мачно да се заспива дете враце
мамички да ви кажам право денес мн сум се изненадила, т.е исплашила. бебушко си лежеше на петоседот во дневната соба на страна кога наеднаш си се сврти на меше и така си заспа... јас мислев дека е мал за тоа??
мамички може прашањево не е за овде ама сакам да ве прашам после колку време поминато од царскиот може да се вежба на пр мене ми остана меше и тоа како да сум уште трудна е месец одозгора па до доле мевот ми се познава носев мидер но не помогна,па сакам да се обидам со стомачни ( за кои немав проблем да правам додека бев девојче бев одбојкарка и картиска и морав напорно да вежбам) или со масажер ама поарно ми е со стомачни.ако може да ми одговорете.позз а и да напоменам мене ми има поминато 4 месеци и скоро 2 недели од царскиот
хахах допрва ке се изненадуваме мојот син денес додека го бањав како со преташе и застана на нозе мајка ми и свекрва ми беа присутни мислам во несвест ке паднеа кога видија што се случи, додуша и јас се исплашив веднаш го фатив ама тие паника кренаа како мислиш леле детево почна да оди мене ми поминаа скоро 2 месеци од царскиот и почнав со орбитрек, а за стомачни вежби мислам дека треба да почекаш барем уште еден месец, имам слушнато за тешка физичка работа или тешки вежби после царски треба да се почека 5 6 месеци. Јас сум ептен своеглава и ногу не запазувам такви работи, туку кога јас ке се осекам спремна тогаш работам нешто, така и ти ако мислиш дека можиш и ако немаш болки или проблеми почни по малку
Слушнавте вриштење денес во Веро е ќерками беше, хаха шала на страна ама не знаев веќе што да и правам се беше океј додека почне да и се спие и да тогаш го немаше лустерот хаха, и во раце ми заспа на раменици додека ја држев прво се исплаче убаво па после заспа, не знам што да правам веќе , сакам да и спремам кашички дома ама она секој ден е се по нервозна, кога ќе ја оставам да се исплаче толку се лути што после 1саат треба да ја нишкам за да заспие. Со ништо не се заигрува само писка ако нешто не и е погодено, дајте некоја идеа се утепав од купување играчки и што уште не за да нешто засака и да си заигрува ама нема шанси. Може и се запчиња од месец ипол матичната ни вика запчее а јас запче не гледам.
не биди своеглавна јас од тоа лошо поминав ко си дојдовме дома испадна неш и сама ги зедов алистата од перална да ги спрузам и бапераа до вечерта ме болеше раната и отидов и има што да видат внатрешни отоци не си играј играчки.од искуство ти кажувам
Јуник леле аман со нервози и мали мој го прифатија од бубаче за јадење во ѕвер станува. За цице е мн нервозен па мораме прво каша просто се дави дури ја лапа цела лажица, а после се нишкаме да ни дојде дремка, и релакс тајм па цицаме. И тоа беше малку кенкав, ама па последниве 4 дена бре бре не се трпи. Мирен и оп кога му иде време за спиење не сака да спие, а му се спие, сака седнат а не легнат и само прсти во утста бута и кога со цуцлата го чешкам по непцето долу како се смирува...почнаа малите маки. И нека не ти е чудо и месец и половина може да се фати запче да никнува.
јас почнав со сокчињата на Хипп и тоа прво бистар , јаболко, па потоа морковче, праска и т н , само немој со јагоди и било какво шумско овошје, по неколку лажичиња а постепено ќе му зголемуваш, самото бебенце ќе ти каже колку му е доволно, моево кога не сакаше повеќе ја затвараше устата и немаше шанси било што да му дадеш
После 6месеци може да се почне со благи, лесни вежби , никако пред тоа, матката е целосно сечена(значи матката внатре), што не е ни малку заебанција, од поголем напор може да испука, да се создаде внатрешно крварење, да се направат хематоми. Кога бев на преглед 2месеца после пораѓај таками кажаа. Не брзајте и мене не ми е сеедно, верувајте, на никоја не и е. Еве после 5месеци од пораѓај, конечно нозете почнаа да ми добиваат по нормален изглед, а стомакот е гаден, сигурно уште долго и ќе биде, но тоа е, мора да се стрпиме. Веќе ви кажав дека до 3 месеци Лина беше страшна, се во раце, не седнувавме, а кога беше во раце не смеевме да ја налегнеме, строго исправена моравме да ја шетаме. Е од тогаш наваму се смени се, почна сама да си заспива во релаксаторот. А сега веќе и го пуштам Ноди, на комп, како хипнотизирана е , гледа гледа и заспива. Исто така и цуцето веќе мнгоу ни помага, со него е далеку полесно и ептен сум пишман што не и го дадов од прв ден и што мака мачевме 4месеци. Како што ви кажа Маченце, тој е метод кој се применува, прво се почнува со оставање на детето да плаче 5мин, после 5мин мајката оди до него но не го крева во раце, може да го гали, да го нишка во креветче итн.... нареден ден се зголемува на 10мин и се така по 5 додека не се добие посакуваниое ефект. Викаат дека првите 4-5дена се мачни, а до макс една недела бебето веќе има ред.
Мамички,ај помагајте.. се родивме со килажа 3500,излеговме со 3350. вчера не измерија едвај 3670,а сме 25 ден..што излегува дека е премалку..скоро месец,а треба да напредне барем 600гр месечно..на доење сме,од вчера ме советуваа да почнеме со дохрана.јас се утепа од плачење.никако несакав да воведам вештачко млеко.се плашам да не се одбие..јас си мислам дека имам доволно млеко,а бебенцето не напредува..вчера кога прв пат му дадовме веш.млеко толку многу се исповраќа..страшно. малку е спанко,па цица само по 10 мин.незнам дали стигнува до малсленото млеко кое доаѓало подоцна при подојот.а тој ќе се измори и ќе си заспие.има ли некој слично искуство.има ли простор за паника оваа килажа?што мислите?
Со оглед на тоа што многу малку напреднал обавезно мораш да воведеш АД млеко (мојот син од првиот ден на раѓањето до денеска е само на вештачко млеко и на 10 мл од града и тоа не на секое јадење бидејки неможе да постигне градата и тоа само левата града , а деснава нема апсолутно ништо. Почнувај со ад.млеко и тоа бидејки е месец прашај педијатар со колку да почнеш за да се навикнува ама мислам дека треба да почнеш со 30 денес , па до вечер да постигнеш -60 мл за од утре да почнеш да даваш 90 и после тоа колку си бара детето. Спанко не спанко има да будиш на секои 3 саати да јаде па макар си се раскинувала од болка гледајки го како плаче. Мојов нејќе да спие во кревет (спална ) туку само во раце и еве од сабајле борба водиме да се научиме да спиеме сами во кревет. Срце ми се пара и душа ми плаче ама сум стиснала заби и трпам. Така и со твоето бебувче , мораш да издржиш многу малку ти има напреднато, несмееш да дозволиш вака да продолжи, Земи за почеток Хумана 1 (синми тоа пие -и тоа лакомо 120мл без проблем во еден здив) или Аптамил (го препорачуваат ) иако јас сум презадоволна од Хуманата , и нема жал не жал, и тоа млеко е млеко и не му ја мисли многу, мора дете да напредува. Синми за 6недели има од 3260 гр донесен дома сега има 5170 така да стиска заби и трпи и давај дете да јаде... поздрав и не се секирај....
Според емне имаш причина за загриженост, зошто 300г за цел месец и тоа прв месец се премалку. Нема зошто да плачеш и да ти е мака ако не цица, или ако треба да воведеш(а мораш) вештачко млеко. Да плачеш и да се нервираш дека не е напреднато да разберам ,ама вака... Гледај детето да напредне, па сеа дали со доење или не, не е важно, зошто на крај верувај сите ќе пораснат. Со кое млеко почнавте, па што поврати???