Мамички да ве прашам ви се задавуваат ли малите додека цицаат моето дека лакомо кога ке повлече и почнува да се задавува од памет ме вади мислам дека срцев удар ќе доживеам од него, секое цицање се плашам да не ми се задави
И јас влегувам во клубот на мајки држачки во раце и мајка пеачка која секоја вечер држи концерти...Незнаев дека кога ќе станам мајка ќе станам и пеачка истовремено... ...И во ноќта на крај ќе ја оставам во креветчето и ќе види, не види, приплакува и заспива....А така да ја оставам да плаче неможам, жал ми е.... Мамички да ве прашама кога проаѓаат тие грчеви, ние сме 1 месец и 10 дена и сега ни се појаки од пред некој ден....Што не пробав, капки, чајче, термофорчето од Зегин..Аман веќе... Сега ќе почне појако да цица, биди упорна...Мојата не напредна првите 2 недели воопшто, се родивме 2 480 и за 2 недели 2 490, па на 35 дена 3170...Бев упорна со мајчиното млеко, после 20 дена поубаво цицаат...Полудев тие денови кога не напреднуваше, плачев, се нервирав, вага купивме да ја мериме секој ден (што воопшто не е потребна,ама ајде)...Така да не се секирај...А не е ништо страшно и да ја дохрануваш со АД млеко...
i mojata bese ista prvite dve nedeli ,se rodi 2900 ,i nie vaga kupivme,ja merevme sekoj den,jas pocnav da se izmolzuvam pa taka i davav+ad mleko pa naprednavme sega imame 4100
Мамички,дали е до мене или имате и вие искуство,вчера и денес се учиме да спиеме преку ден во креветче неможам по цел ден во раце,сами живееме,неможам да исчистам ,да исперам да зготвам,куцам со една рака , во тоалет не сум била воопшто од ноќеска,само во раце спие денски а го спуштам вриска како да го колат,ме мрдна денес ми иде да го оставам да плаче муслам дека притисок имам 200 мака ми е леле лоша мајка сум изгледа сум катастрофа па правам нешто погрешно. ќе пукнам
Не си лоша мајка воопшто само не си навикната и јас бев така без ничија шпомош и мене така ми идеше ама не м ожев толку бев нервозна што тоа уште поише плачеше навикнисе веќе нема да има секој ден ручек голема работа ако мажето денес спржи јајца или намачка мајонез не знам дали доиш ако да гледај за тебе да има ок јадење друго не е битно немај гајле ако денес не си избришала прашина ќе избришеш утре ич да не се секираш и јас жива педантерија ваква бев како себе д асе читам јас немав време ни до компјутер затоа уживај држете се слободно без нервоза учете се денес утре за една недела ќе свикне никогаш нема да направиш тоа што ти си зацртала туку тоа ќе го направиш кога бебуш ќе дозволи уживај и не се секирај бебушто е најбитен . Ова трае до полни два месеца кај нас толку траеше затоа наоружај се со трпение
Син ми почна да цица тек после 3 недели, до тогаш беше мачење со силиконски брадавки, меѓутоа јас се измолзував по 7 пати на ден и му давав прво 60 мл, па 80, па 100 и стигнавме до 120мл за 3 недели и напредок од еден килограм. Откако напредна детево во килажата и почна силно да влече при цицање, сега цица и од цицка и од 3 различни цуцли и шишенца, кога е гладен како пијавица влече од што стигне, гладен не останува. Таман кога се помирив со тешко срце дека бебето едноставно не цица, се навикна на шише и дека ќе морам трајно да се молзам, бебе ме изненади, си ја најде и си ја лапна сам, без брадавки, без местење,без проблем... И јас броев и запишував првите 3 недели со молзењето, а сега после доење домолзувам уште некои 70-80 мл и му ги давам како дохрана, бидејќи цицкава му е како лексилиум, кога ќе ја лапне после 3 минути заспива и многу малку цица, па затоа си продолжив да го дохранувам со моето млеко, за да не морам на секој половина час да трчам по него со цицкава да го дохранувам и да ми остане млекото со истата количина, бидејќи со малку цицање, малку млеко се дополнува. Затоа само напред со молзењето, кога ќе напредне бебето,ќе се дави во цицка и ќе влече во секое време. Упорноста ќе се исплати на крај.
ооо не само ти, и јас сум држачка, пеачка, пешачам по дома, некогаш сум и подвижен рингишпил кога сум мачка, коза, па крава сите звуци ги испуштам се додека не дознав дека син ми го смирува аспираторот во кујната И замислете, почнавме со симптомите за вадење заби, јас мислев дека е рано оти син ми е едвај 2 месеци, ама матичната негова го смета за напреден дечко, и рече дека зелената кака, нервозата на бебето и претераното плачење, јадењето на рацето, течењето на лигите, и белкото на долната вилица било знак дека во многу брзо време ке ни никне првото забче истото го кажа и ортопедот оти веке му се затворила и главата немаме повеке мекичко. Денес и кажувам на мајка ми и таа вика дека и јас како бебе на месец ипол ми никнало првото забче а до година сите ми биле никнати веке, и констатирав дека син ми е цел како мене
Охх мила, како јас да сум пишувала. Потполно истото го поминував. Едно ќе ти кажам остави го да плаче, да се исплаче, немој одма да трчаш. Верувај ништо нема да му биде. За едно кратко одење во вц, слободно остави го да плаче. Мојата зошт и јас неможев да мрднам,сама бев по цел ден(додека да се врати маж ми), се прополнив од нервоза тие два месеца, но почнав да ја оставам да плаче, за да трканм до вц, она плачеше и ќе се засркнеше од плачење, па кашла нели и се чуди од што и е (тогаш незнаев дали да вриштам или да се смеам), па по закашлувањето престануваше и некои 5-6мин беше зачудена. Вака кога имаше потреба да се гушка, мене слингот многу работа ми заврши. Исто кога седнував да јадам со едната нога ја возев количката. По пораѓајот во депресија си паднав, она плачеше ,јас се по нервозна... значи сум се вадела од такт до толку, што последниот испад резултираше со јавување на маж ми да му кажам дека ќе ја ставам во печка зошто неможам да ја слушам ете таква беше мојата депресија. Среќа помина. А ако сака врз тебе да спие, зошто не го ставиш врз перница на стомак, и така да го нишкаш да заспие, па макар и да ја држеш перницата во раце додека да задреме, па после спушти на кревет, проба вакво нешто? Ако ептен не ти е нормално плачењето оди посоветувај се со педијатар, можеби ќе даде некој корисен совет.
Сонце, го однесов на педијатар на 28.02, докторката рече дека детето е авион, супер си е , се си е нормално а плачењето било од што му требало близина и од грчевите. Мојава педијатарка е присталица на што повеќе љубов на децата не е на одмет, па и држењето во раце не е ништо страшно бидејки после три месеци сето тоа ќе се смени, и не е ништо страшно. Само што мене ме фаќа лудило неможам да го смирам кога ќе тргне да вришти , а тоа е сега по изразено бидејки првиот месец најчесто спиеше во раце кај мене и тоа исправено и легнато со главата на гради, преку ден за да ја осети топлината ради тоа што не го дојам па да створиме близина , и сега почнуваме да се учиме во креветче да спиеме , не во неговото во нашиот , наместено му е средено еден дел од креветот, и најверојатно тоа што му менувам тоа го нервира незнам веќе што да кажам, може и грчевите си го прават своето , иако сега не се толку јаки . Пробав на перница, во релаксатор, транспортер количка , на колена во раце , на рамо , на стомак, на грб, странично исправено , несака и несака, несака масажа несака облакање едниствено е мирно кога се бањаме тогаш ужива нема гајле. ...Можеби такво е детето...кој да го знае, се трудам да бидам што посмирена (иако многу тешко оди) тешко е што сме сами, а сега кога ќе помислам дека идат вакцини со реакции а јас сама молам бога мм да земе слободни денови, кој знае како ќе ги минеме... Тоа е .....мајка .... поздравче Меу
И син ми беше така, веќе имам пишано на темата за доење, ние кога сфативме дека му е малку млеко следните 2-3 недели беше и на дохрана, а сега еве сме пак самона цицање... и јас плачев, вриштев, мислев не сум добра мајка, дрн, дрн, помина се и ете сме со синко, одлично напредува Мравче и син ми е таков, лаком е исе закашлува скоро на секој подој, чаре ми е да не го оставам ептен да огладни, на први знаци ако му дадам да цица, може и добро да поминеме А за сакањето во раце, исправен и да гледа се , и тоа да се движиш, нема стоење во место... ају да не почнувам, грбот ми знае, се вришти на секое оставање, сам0о му фатив мала тактика бар за до WC да одам без вриштење, го носам да легне во друга соба, додека да разгледа што е ново, јас се враќам, а за чистење исл., тоа само кога татко му го дрзи може да се работи
Маци навистина е така, до три месеци е целата мака. Имам читано дека мало бебе неможе да се разгали, па затоа да сака во раце, туку им била потребна утеха, близина и затоа сакале да се гушкаат. Гушкајте се и уживајте, а за на 5-6мин да го оставиш за основни работи да завршиш не се секирај, ништо нема да му биде. Ве гушкаме
Ах мајки ..не е лесно Ама ivanovicka може е и до детето е ,поплачливо си е Ајде грчевите траат до 3 месец после ке си се смири , ке си фати и самото дете ред Јас постојано бев со количката надвор во тој период кога беше ептен мало бебево пошто нејкеше да спие ,вака можев само да го успијам со шетање надвор Друго и јас сама бев по цело време , ни одморена ни наспиена ништо Се тешев ајде да потпорасне малце подруго ќе е .... па после викав ајде да почне да лази нема да е стално во раце , па сега викам да прооди и друго ќе е Децата и кога се ептен мали и кога растат си бараат во раце ,моево ќе игра ке дојде до мене да ја гушкам или да ја шетам фатена за раче Порано за туширање го чекав мм од работа да дојде , да ја чува малата иначе немав шанса , сега малата со мене во купатило мама се бања , детето си игра со нешто мора да се снаоѓаме Ајде само без нервози децата осеќаат се
Истиот случај сум и јас,да знаеш поубаво е да го оставаш да се исплачи љубов си треба не да велам не ама јас од таа претеран љубов ми патат и нервите и грбот.и моето како твоето нон стоп плачеше и јас не можев да го слушам и по цел ден во раци,купивме лулашка не сакаше да се лула,купивме релаксатор пак ништо,количка пак ништо и уште што ли уште не купивме само малце да се одменев,по цели денови и ноќи не бев спиена зомби станав ,имам 50 кг со се кревет што вели мојот татто,денеска сме 19 месеци и сме најплачливите во цела зграда,се на нас нешто ни фали и се сме со вриштење пиштење,и јас како тебе кога ќе му стават вакцина еден месец сме хаос дома со него така ако е плачко така бетер,значи се затворив дома во 4 зида не можев да мрднам од дома,а го извадев по улицата пиштеше како да го колат,денеска сме неколку килограми плус и пак сме во раци навечер кога ќе легнам не можам да спијам од болки веќе во грбот,поучена од мене мојата снаа ја оставаше малата да си поплаче и така така си се научи оти нема раци уште од мала,најмирното детенце на целиот свет е и за шетање и за чување,а мојот не дава по вц сама да отидам мора и тој со мене инаку зградата ја дига,дека сум јас и тој е таму,мислам дека тоа е грешка да се држи нон стоп во раце според мене
ехеее ние сеуште се држиме денес имаше појаки грчеви цел ден ми го преседе на раце јас не сум од тие д а оставам да плаче ааа не . Инаку таман некој ден сме раат од грчевите а бе ги имаме истите симптоми за заби вадење лелел не очекував дека толку ќесе лигави во денот менувам 6-7 лигавчиња минимум утоп се
незнам дали си ЗА или ПРОТИВ килибарно ама јас сум презадоволна, имаме 7 запчиња а никогаш досега немала лиги или пак да ми качи температура. Од него ли е или не јас не го вадам дури не и искочат забчињата
Mајки да не урочам работа, синми вчера спиеше во кревет (на спална )сам и преку ден , еве и од сабајлево спие со неколку пати будење со плачки, ама не така како до вчера, ќе продолжам да бидам упорна ама не го оставам да плаче многу, ќе го кренам во раце ќе го шетам додека да заспие , а заспие одма во кревет, не чекај да задреме или малку на мене, па во кревет, не не не , одма во кревет. Денес многу малку од сабајле проплаче ...дај Боже вака да продолжиме да можам да завршувам обврски по дома... поздравче
pepus и јас дневно менувам 2 3 лигавчиња, си ги јаде рацете детево, и да се пофалам од вчера се научи и на цуцла лажачка па така се успавме со цуцето во устето а да ве прашам на колку температура спиете навечер, и колку и како ги покривате бебињата? ние спиеме на 21 степен, и го покривам син ми со едно потанко кебенце кое му ги покрива и ушињата и врз тоа со едно по нормално кебе (амбасадор) ама со тоа до вратот. До сега се нема испотено, и мирно спие навечер, мислам дека му е таман. И синока спиеше цела ноќ до денес до 11 во креветчето конечно реши да спие без мене и уште едно прашање ако детето ја сака многу цуцлата лажачка дали тоа значи дека е гладно?