ние спиеме на температура од некаде максимум до 20 степени, а го покривам со слаба пелена, како кебенце и слабо јорганче, и тоа го покривам само до кај вратот. пробав само со кебенце ама ич неми спиеше веројатно му беше ладно, а за потење и ние фала богу ич не се потиме јас кај моето знам дека штом ја шмука мн цуцлата лажачка дека е гладно, и цело главче го мрда кутрото за јадење... викендот после секое јаденње по малку ми повракаше, т.е да речам плукаше по малку, еххе и го однесов на лекар од пусти страв, а тоа да ти било вишокот од млекото е сега за две и пол недели сме поправени 900 гр, ми рекоа да му давам помалку , пробав ама кутрото пишти корни, па пак продолживме по 90мл... е мора да се пофалиме дека ноке почнавме да стануваме само еднаш за јадење и веке не интересираат ѕвечалчиња и куценцата над креветчето ни се интересни : п.с да се надополнам ние уште од прв ден спиеме во сами во креветче, никогаш не спиел со мене на спална, еднаш само од кеф
Ние спиеме на 23 степени, преку цел ден е толку температурата од 23-26 степени е оти сме на парно и во сите соби е иста температурата. Навечер и јас го покривам само со ќебенце ни тенко многу ни дебело, средно. За пиењето млекце мојот веќе 3 дена почна да си јаде по 120 мл на оброк, ама приметив дека кога ќе изеде толку значи со млекото му доаќа 140 мл и спие повеќе, се буди на 4,5 саата, а навечер и до 6,7 саата може да ми спие па се буди за јадење само, пробав да му давам до 100мл само ама вришти сака уште и кога ќе си се најаде си заспива па затоа му правам 120 мл па колку сака нека си изеде, некогаш и му останува 10-20 мл.
Го носи и килибарното герданче со се килибарното се 6-7 лигавчиња леле не знам и двете раце с е во уста да може цели ќе ги стави . Инаку за спиење сме сеуште посебни а на 8 ми правиме полни 4 и се мислам дека креветчето ќе го засака кога ќе почне да се врти заспива на мене и тоа во ќебе плик ако не го откачи до пролетва ке морам да барам нешто такво памучно и плус со две ќебиња одозгора откако ќе заспие на мене ја ставам на седмосед на едниот агол спијам јас а на другиот она и раката моја е кај нејзе д о главата или во едното раче и така се до 4 саат( имзеѓу станува да јаде два пати) потоа во 4 се нишкаме за д азаспиеме па во 5 се туткаме една до друга на едниот агол и во 6 сме со очи 5 банки и стануваме .Температурата навечер ни паѓа и до 19 степени
а колку имате во килажа кренато??? ние пиеме помалку од вас по 90 мл, ретко по 120 мл, бебушко се роди 3050 а сега сме 4950 кг за нецели 2 месеци
Ефимија јас сум голем поддржувач на доењето и тоа исклучиво доење во првите 6 месеци. Во почетокот е тешко, но потоа ќе уживаш. Мораш да бидеш трпелива и упорна, бидејќи мајчиното млеко нема замена. Според една статистика во Америка 900 деца годишно ќе преживеат ако се хранат со мајчино млеко. И не се грижи толку за килограмите, тоа е сега почеток додека се навикне и тој и ти еден на друг и додека си воспоставите ритам. Некогаш ќе качува повеќе, некогаш помалку, а некогаш ќе стагнира. Треба да ги дуплира килограмите за 6 месеци. Ако е гладен верувај дека ќе пишти и ќе плаче. Гледаш што се случило кога си му дала АД млеко. Повратил, а ако е гладен нема да поврати. И тебе сега ќе ти дојде повеќе млеко и повеќе ќе му доаѓа кога цица, а ако заспива буди го, штипкај го, куби го за косичката, под брадата и за ноџињата скокоткај го, дувкај му во лиценцето, позади на грбчето посилно ќе го масираш, нека цица барем 20 до 25 мин. Ставај го почесто на града, кога спие дојди до него стави му ја градата, ноќно време гледај барем два пати да го надоиш и не му давај цуцла лажалка бидејќи ги намалува подоите. Мене баш ми е мило што сакаш да продолжиш да го доиш без дохрана и така треба да продолжиш. И да знаеш воопшто не е наивно тоа што педијатрите веднаш препорачуваат дохрана. Исто и во болниците, веднаш се оди со дохрана. И по приватните болници сестрите веднаш ти кажуваат да почнеш со АД млеко. И тоа што баш одреден тип млеко го препорачуваат. Секој педијатар препорачува различен тип на АД млеко и производи. Многу од нив имаат и склучено договори со производителите на млеко да ги промовираат нивните производи. Или фармацевтскиве куќи, што шетање по семинари, хотели, ручеци, бесплатни примероци им имаат овозможено на докторите само за да ги промовираат. Тоа е се еден голем бизнис и не сите ама голем дел од нив за жал функционираат на тој начин. Затоа биди смирена, не се плаши, малку упорност и се ќе се среди
Мајки сакав да прашам (за оние кои се сами) како се справувате цел ден со бебушките додека се мажињата на работа ... Кога спијат бебињата што правите а кога се будни и несакаат да спијат што правите ( со оглед на тоа што се мали и неможеш баш да им наоѓаш занимација ) Јас со мојов од кога ќе завршиме со основните работи (менување пелена , храна ) ако не заспие ,во релаксатор или во раце (најчесто во раце ) па му зборам се и сешто пуштам музика тв , го нишкам додека не покаже знаци за спиење,(ова е се под претпоставка дека е мирен , т.е кога не вришти од грчеви) кога ќе покаже знаци за спиење во раце и додека не заспие и во круг така по цел ден.. Каква рутина имате вие ?
Син ми е прилично мирно бебе, ама си има свои моменти кога се слуша уште во влезот на зградата Јас откако прочитав на повеќе места за плачењето на бебињата, дека по најнови проучувања не важело старското да го оставиш да се исплаче за да спие поубаво, многу буквално си ја сфатив работата и откако е роден син ми ниеднаш не сум го оставила сам да плаче. Во литратурите кои ги набавив пишува дека иако се толку мали новороденчињата, имаат голема потреба за љубов,сигурност и дека доколку не им се одговори на плачот кој им е единствен начин на комуникација, се чуствувале како помалку вредни и им се одразувало на емоивниот развој во животот Наводно децата кои не биле оставани да плачат на почеток, после 6 месеци биле помирни, помалку плачливи и не барале постојано внимание Да се чудиш колку мали а колку силни емоции развиваат... И затоа по цел ден се гушкаме,спиеме на стомак,се галиме, откако се разубави времето се возиме по 2 часа во парк.. Немам проблем цел ден да си го гушкам,бидејќи и овој период брзо ќе помине, кога ќе се вратам на работа ќе ми биде жал да го оставам по градинки и ќе сакам пак да можам по цел ден да бидам со него и да го гушкам, ама ниту ќе имам време, ниту детето ќе сака по цел ден да се гушка.Затоа сега не размислувам дали ми е напорно или тешко, туку се концентрирам 100 % само на него. Сама си го чувам,си го заспивам на стомак, па го префрлам во креветче, го ставам во релаксатор,ако плаче му давам да цица и се смирува во секунда, го шетам низ станот,му помагам да се искака кога има гасови,си пресоблекувам неколку пати за да стигнеме да ги облечеме сите алишта, навечер ако не може да заспие го возам низ стан со количка. И кога спие му ги перам или пеглам алишенцата, му стерилизирам шишенца,се измолзувам,буквално само за него постојам периодов и ич не ми е тешко. Воопшто не сакам да размислувам дали ми е напорно, туку секое земање во раце ми е како да не сум го видела цел ден Уживајте мамички и во овој период, броени се и овие денови, децата брзо растат,ќе се заборават нервозите како никогаш и да не биле
и јас можам да се пофалам дека имам прилично мирно бебенце, во смисла дека не плаче, единствено знае да вришти и тоа многу само кога е гладно, еххех а инаку е живец не виден, ако го оставам на еден дел од креветот го наогам на другиот, и сега веке сам не го оставам. И јас по цел ден речиси сум сама, така да наутро кога се буди на кај 6-7 часот малку цицкаме па после тој си вришти а мама го прави вештачкото млеко, па го пиеме и после цел ден си уживаме заедно. е сега и бебушко мој е искрено научен да стои само во раце, ама пак си велам еднаш е овај период ете го веке порасна, па после ке лази , во дубаче и толку од држењето враце пелени си менуваме на 2 часа максимум затоа што многу се мочкаме и малку да постои мочкам одма кемнка се нервира, а се како секој втор ден, ама може и секој ден некогаш најчесто си лечи на креветот во дневната соба и цело време или јас му зборувам или му пуштам од овие сериите некој да му зборува, еххе ние имаме малку мака со спиењето т.е бебушко речиси ич да не спие денски, додека е на мене на стомак легнат спие,ама штом го ставам на кревет или во релаксатор одма очињата ги отвара и се тегни како да се преспал е сега во однос на домашните обрвски, обично се правам после 23часот тогаш тоа си спие и татко му го варди, а јас перам , пеглам од него аливчиња, и средувам по дома, јадење и слично, а денски тоа го правам поретко сега ми е веке полесно бидејки ноке почна да се буди само еднаш за јадење и сум поодморена, па уживаме... искрено понекогаш ме фака страв, затоа што мн е со мене и кога плачи или се нервира само јас можам да го смирам, што ако треба да го оставам на друг, нема да може да биде со мене цело време се надевам со тек на време ке смени, сега е уште малечко а?? ете веке почнавме и да одиме по гости за да се друзи со други луѓе да не е диво
Jас имав мирно бебедо полни 2 месеци е оттогаш викањееее и по15 саати а еден глас што доби а бе не се слушааааа немаше врска со тој глас што се роди
јас понекогаш си викам дали знае ова мое бебе да плаче??ехех и моево знае да писне понекогаш и тоа од ум да не извади
не би сакала да ве разочарувам , ама уште колку пати ќе ја смени рутината на јадење и спиење ехехееееееееееееееееееее................... моево еден период си легнуваше и само си заспиваше како возрасна да е ама сегаааааааааааааа....уф мори мајко....дури мама и тато не капитулираат , не заспива
исто и јас размислувам сањичка.фала на подршката. до душа,јас попуштив на АД млеко и му дадов. притисок од доктори,маж,свекрва и на крај сама си се убедив дека немам доволно млеко да си го ранам детето.знаеш,кога гледаш не напредува,а сите се сомневаат во тоа дали имаш или немаш млеко,на крај и самиот ќе почнеш да се сомневаш.поточно после доење кога го видов вознемирен и не задоволен,а сака цело време да ми е на градите, му уфрлив 30 гр АД млеко,после доење.а не да заменам цел оброк.тоа беше во претходните два дена, 3 пати на ден.остатокот на доење.денеска бевме на мерење и за два дена качил 100 гр.што е супер.ќе гледам целосно да го исфрлам повторно АД млеко.почнав и да се измолзувам,па два пати кога му додадов свое млеко после цицање...му се зголеми апетитот некако.читам за некој скок во развојот.можно да сме во таква фаза.некако ми се смени детето..се разбуди и почна да бара јадење.порано беше цело заспано и загубено..
порано бебчето ти било успано и загубено пошто било уште под дејство на жолтицата тогаш бебињата се така повише успани и замижани сега ти бара за јадење зашто е гладничко и не му е доволно твоето млеко а и оно е малечко за да има многу сил ада влече па ке си цицне колку да се засити и се успива па за 15 минути пак вришти и бара да е на града, тоа е така затоа што не е дојадено имаш две можности 1 да цица 15 минути од тебе па да му дадеш +30-50 мл ад млеко 2 да цица 15 минути па да додадеш од тебе измолзено млеко пак 30-50 мл е сега ти ке одлучиш дали ке имаш млеко и да се одмолзуваш и да цица детето ако нема млеко доволно ке мораш на ад млеко ти тоа самата ке си увидиш искрено се надевам дека бебето ке наголеми и ке има повеке сила да се нацица повеке и да остане сито рачунај само сито бебе спие и е мирно 2 часа
Ние сега за сега стануваме прво во 3 часот наутро, па во 6 и само тие ни се фиксни станувања, другото преку ден немаме правило кога сме будни, кога се спие, само храната ја пазиме да биде на 2,5 до 3 часа. Сабајле кога ќе почне да се буди си го земаме во спална за утринско доспивање и гушкање до кај 11 часот и бебе без проблем си продолжува да спие со нас. тоа ми е омилен дел од денот Имаме среќа во несреќа што сопругот периодов нема многу работа, па повеќе е дома и секој ден ни е како саботно утро.Пари и работа ќе се надокнадат, ама овој период со синчето што го уживаме ни е незаменлив
Мицика каде ви спие бебето во негова соба или само во посебно креветче ?Моето е во дневна и спиеме на седмосед зашто во спална креветчето не го собира, водетска нема уште 1 кревет за мене а само не ми се остава , а во дневна нејќе да спие во креветчето спие на седмосед со мама под прав агол со главите и се држиме за раче а за тоа да се постигне мама ги издерформира рамениците
Си спие во неговата соба, му спремивме прописна детска соба со негово креветче,неговата соба и нашата се врата до врата, наместо 2 чекора во спална,не делат 4 чекори до другата соба. Си го заспивам на стомак и после го ставам во креветчето. Во самото креветче имам направено како гнездо од голем пешкир и пелена во форма на буква u, и го ставам во гнездото,така спиеше во ремедика и ни рекоа дека тоа им ја заменува положбата во матката и така си спие најудобно,малку како на страна. Кога се буди прво почнува во полусон да кенка и јас одма доаѓам да го земам, го гушкам, му давам да цица и откако ќе заспие пак во раце, го враќам во креветчето.Син ми не ни знае дали креветот му е во друга соба или не, бидејќи јас го успивам и јас го земам пред да почне да плаче.
Ефимија и јас бев под притисок на почетокот, знам како ти е. Моето цело време плачеше и цело време ми викаа леле гладно е, леле давај му дохрана, леле млекото не ти е доволно добро, мислам Јас имав и проблеми со рани, па го доев со вештачки брадавици, што да ти кажам. А плачеше од грчеви, ама не сум дозволила никој да влијае на мене, бев упорна до крај и еве сега сме целосно на мајчино млеко. Дури ми кажаа дека со млекото му пренесувам од моите гени, бог да чува, демек мене нешто ми фали па да го хранам со прашаци, тие биле поздрави. Знам дека секоја мајка кога би можела би го хранела детето со свое млеко, но фала богу денес има замена. Но тоа за мене е крајна опција, мора се да се проба и кога гледаш дека не оди ќе даваш и АД млеко. Ти биди среќна што фатило детето, а тебе ќе ти дојде млеко. Млекото работи на принцип понуда-побарувачка и колку повеќе го ставаш на града толку повеќе млеко ќе доаѓа. Во почетокот нон стоп ќе цица, бидејќи нема доволно развиени мускули на вилицата и не разликува жед и глад, потоа по 3 месец ќе намали бидејќи добро ќе му се развие вилицата и ќе може побргу да го извлекува млекото и плус ќе разликува кога е жеден и ќе го пие само првото млеко и кога е гладен и ќе цица повеќе за да дојде густото. Ти биди упорна, ставај го да цица, а во меѓувреме пиј чаеви, има од Билна аптека, има на Хип и на Хумана, јади палента, овесни снегулки, пиј боза, пиј безалкохолно пиво, молзи се некое време после доење и млекото сакало-неќело ќе си дојде. Млекото до 6 месец докажано е дека може да ги задоволи сите потреби на бебето, јас пред некој ден се молзев, бидејќи требаше да излезам на кратко. И му останало од млекото, јас му го дадов остатокот кога се вратив, но не сакаше да го испие целото. И кога го миев шишенцето не можев да го измијам од што беше густо млекото, мислиш некој ставал кајмак внатре и тоа густ кајмак, мрсен. Што значи млекото се менува во процесот на доење и како расте бебето за да ги задоволи сите негови нутритивни потреби.
мамички ги шмукаат вашите бебушки палчињата?? моево гледам од пред некој ден се обидуваше ама денес конечно успеаа да го стави во уста, кога го видов значи ли тоа нешто или само така???? а и уште нешто на еден српски сајт прочитав дека ако бебето кога ве гледа да јадите и подголтнува е спремно за јадење друго, освен млеко, а тоа важеше за од 4-5 месеци натака, па јас го направив ова ако порано, ехе, го седнав бебушко во транспортерот на маса вчера кога ручавме со мажето и кутрото почна да подголтнува и да не гледа со отворени очиња секако дека јас нема уште сега да му давам др храна, ама не мислев дека до толку разбира ако е малечко
Мене пупмпата ми го спаси млекото, инаку со цицањето на син ми на почетокот,ако воопшто може да се нарече цицање, ќе останев едвај со 5 мл млеко. А со пумпата вадев по 70-80 мл колострум по оброк, а после и 150 мл млеко и бебето доби едно кило за 3 недели. Така што пумпата за мене е спас и право решение. Ефимија слободно можеш да си го храниш со твоето млеко, пожелно да не ги мешаш двете во истиот оброк бидејќи му го отежнуваш варењето со мешање на различен состав на млека, како да јадело ручек и десерт одеднаш. Ако немаш доволно измолзено слободно дај му еден оброк од вештачкото,ако постојано го храниш со природно, нема зијан од еден вештачки, таман да прими некои витамини што ги нема во природното и бебето ќе напреднува од ден на ден се повеќе