Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Pantexolot е пантенол. Регенерира и помага. Без крема пеленската зона ќе се суши дополнително затоа што самата пелена впива многу и премногу суши и онака. Не пробувај се наеднаш, знам дека си нетрпелива да ви помине. Дај им време да делуваат. :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.189
    Допаѓања:
    259.631
    Пол:
    Женски
    MeU не успеав да прочитам што се ти пишале но и ние имавме ваков само малку помалку изразен проблем. Матичната не виде и ни повеќе ни помалку ми рече да ја намачкам со канестен. Оној што го користиме и ние возрасните колку и да тоа звучи чудно. И и ставав обична памучна пелена па врз неа памперсот. И помина за 2-3 дена, а после 2 мачкања се гледаше големо подобрување.
    Знам дека нема да сакаш да ја мачкаш на своја рака ама ако одиш на лекар прашај дали ова би можело да помогне. А претходно и јас како тебе одмивав со камилица, исфрлив марамици, сменив пелени но ништо не помагаше.
    Со среќа и ќе помине!
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    И моето се затна во носот. :(
    Го носев на лекар и д-рката му препиша Ефедрин раствор, малку се одзатна, ама уште тешко вдишува, шмрка со носето.
    Еве сега само што исецкав кромид, труе цела соба, веѓи и трепки паѓаат. :tmi:
    Е сега, кромидов треба цела ноќ да му биде до главчето или само неколку часа се доволни :?: , ако е првото тогаш тешко мене ќе испоцркаме до сабајле. :o :lol:
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    loli ме изнасмеа со постов.. и јас само што исецкав кромит .. и не собава мислам дека цела куќа труе ,, јас мислам дека треба до сабајле да стои ако грешам нека ме поправат :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Отворив прозор да излуфтирам привремено, штипе сестро ова кромидов за нос... :x туф, туф, туф.
    И мм и бебето спијат, не ми јасно како можат да спијат, јас готово умрев :puke:
    Ај сега мора, ќе трпиме, тоа ти е. :|
     
    На AIT, marina.m.g и Unique.chick им се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Еве сме и ние. Тргнав пред некој саат да и го чистам папучето, кога гледам пак крв. И така со маж ми тргнавме во Ѓорче на дежурен, а таму полно болни дечиња претежно со температура, сипаници, алергии... мене шубе ми стана, па назад во кола и завршивме во Систина.
    Не прегледаа, ставија инекција, па сега очекуваме да се среди.
    За брунчињата ми кажаа ништо да не ставам, само да внимавам да е секогаш суво местото, и после бањање убаво да се исуши со тапкање, мачкање исклучиво витаминска павловичева(една потемна од обичната). За една недела сме на контрола, но јас искрено се надевам дека до тогаш се ќе помине.
    Инаку и ја измерија, и имаме покачено 300гр, а не 450гр, како што покажа вагата вчера во Ѓорче. Ваму ја мереа со дигитална вага , голичка. Сепак докторот кажа дека е тоа сосема солидно, за 9дена , качила 300гр, а обично за една недела просекот бил 170гр.
    Прв пат во животот имав прилика да видам и да направам споредба со државно и приватно, освен пофални зборови немам друг коментар. Не викам дека државно нема добри лекари, далеку од тоа, но некои работи, посебно хигиената и апаратурата не се споредуваат.
     
    На Annath и Unique.chick им се допаѓа ова.
  7. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Lolyta не се секирај,ќе се навикнеш :D најодвратен мирис во живот,издржи,цела ноќ треба да стои и сабајле се ќе се изветрее,само пази таму кај што ќе ја ставиш чинијата со кромидот тоа ќе смрди со денови .во мој случај едно мало перниче..а баш убаво перниче беше,толку од него :)
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу ајде само смело, ќе си помине само смирено. Само да тоа со тапкањето после капење, ама па дури го истапкаш, зад ушиња, под пазуви. меѓу препони,на вратчето, таман се научивме без плачење да се капиме онака ќефски, сега па тапкањево дури се исушиме е незгодниот дел. Воопшто не сака многу тинтрења. Среќа на цуцлата лажалка, инаку маф ќе ни беше работава.
    Јуник, ми се чини ништо дека не чини толку многу колку ствари од аптека. Пумпица за измолзување, па собирачи за млеко, дека дои од една од друга утоп и јас и бебе,стерилизатори, па кремче за црвено газе, абре крај нема. Среќа некои работи на промоција ги најдов и направив добра здрлка ама другото убаво не потроши. Ама алал нека е секој денар дека стварно од аспиратор, до пумпица си врши беспрекорна работа.
    Само да се здрави и живи, а и ние за да се грижиме за нашите најмили. За друго, како совети и поддршка тука ни се феминкиве да се дружиме,тешиме,советуваме,сочувствуваме.
    Срдечно ве поздравувам и заблагодарувам

    П:С Лолита ма , што кромид ќе беше тоа? Море не кромид, не кромидиште, некој посилен пејоратив.Некој Бучимски ќе да е, од некоја Љута ифрит теткица :lol: Земи му на маж ти од тие цвикерите за швајцовање и мирно спавај да не те думаме кај ненаспана па и недоненаспана 8)
     
    На Annath и Unique.chick им се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    meU, има подобрувања на било кое поле? Инаку во Систина секоја чест, сум одела и навистина услуга и услови на ниво. Те третираат како човек што е најважно. Е сега, се си има своја цена, па кога се мора се мора. Добро сте направиле, сте требале одма таму да одите, во јавниве здравствени вие од вируси и чуда особено во моментов. За крема секаде различна кажуваат. Верувај, твоето дете само ќе си каже што му одговара. Јас знам многу случаеви кои не им одговара таа крема.... мора да се проба и дај време на производот да делува...

    п.с. и колку ви наплатија за прегледот и целата услуга?
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.895
    Допаѓања:
    40.661
    Пол:
    Женски
    Ах леле мамички ноќесла сонував чуден сон . Како сум родила женско бебе :D
    и сега со две мали бебиња дома ... се чудам како ке постасам се :( Со едно бебе лесно е некако се снаогав ,ама со две :x
    Дури и име му дадов Мила да се вика :D :D среќна дека е девојче за да ги износи работите од сестраи ... ах и така се разбудив . и сваќам дека било самоо сон :whew: :whew:
    И гледам бебето веќе будно си игра во креветче , си ги земав кај мене да си го изгушкам прво и после со секојдневни обврски :lol:

    Се мислам дека сонот ми е од тоа што читам муабети по феминава , бебиња ...и дома едно бебе
    и после како не би сонувала секакви работи
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Имаме подобрување(конечно), фала Боже . Газето се смири, засега менуваме пелени почесто, и притоа чистиме со памучни марамчиња со водичка , а потоа сушиме, па мачкаме од кремата. Добро е, мислам дека ќе помине, т.е. мора да помине :angel:
    Папучето засега не крвари, нема ни коричка нафатено, пу пу пу да не урочам убаво изгледа.

    Да знаев дека е вакво лудило низ јавните ординации , ќе си знаев јас право патот и таму, ама кој да знае. Ај да е поголемка така и така, ама за со вака мало бебе не е , дефинитивно.

    Плативме 1750ден, 1500ден е прегледот, а 250ден е инекцијата.

    Мамички (оние тазе), по колку време ви спијат бебушките???
    Мојава јадеше од 9ипол до 10 , ја пресоблеков, си заспа и еве ја уште спие :^) Синоќа исто спиеше 4ч, нормално е ова??? :?:
    Зарем не е гладна, а и зошто толку спие , до вчера не спиеше вака :?:
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу тотално е нормално. Јас се загрижив на почетокот зошто толку спие, ама ми рекоа се е во ред, значи најадено е и му е убаво(освен ако нема жолтица, тогаш мора на секои 3 часа дека мн спиеле да се будат за доење). Ние се доевме во 10 за 8 па се изнаспавме до 15 за 12. Еве не сега будни си се гушкаме и не сакаме да спиеме некако :lol: Гледај дури се 3, 3 и пол часа па да стане сама и да си побара смена на пелена и јадење во ред си е и биди среќна, не се жали. Ако премине 4 часа буди ја ти. Инаку си е во ред, нема место за паника.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.132
    Пол:
    Женски
    Е па ќе издржиш, сè за добро на малото... штом спие, дише полесно, нели? Нека стои цела ноќ кромидот, ноќ-две и ќе видиш, нема да имате проблем со носето ;)
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Имаме физиолошка жолтица уште од болница. Се подобрува во текот на денот, а од сабајле е пожолтичка :worried: НЕзнам веќе како да куртулиме од неа. Пазам да е нацицана , за да се измочка, оти кога мочкале тогаш билирубинот се намалувал, и да навистина има разлика, очињата побелуваат.
    Еве денес убаво време, па ја вадам на неколку пати на сонце, да ја пече, така ми кажаа и од болница, ја ставам покрај прозор исто за да и влегува сонце.
    Вчера докторот ја виде, кажа дека не е ништо страшно, но дека има малку.
    инаку се разбуди, т.е. маж ми ја разбуди, па цицаше пола час.

    Дали некој има информација колку пари се вештачките брадавици, дали се практични ??? Совети и искуства во врска со нив , ве молам.
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    meu околу 150 ден се силиконските брадавици, инаку мислам дека помалку боли со нив..
     
    На AIT и meU им се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ти благодарам Уник. Мене патронажната мми препорача да земам додека да ми помине едната брадавица, да не ми ја разранува. Но, уште не сум земала, мислев ќе се среди, ама еве денес пак ми е катастрофа, ме боли и на допир од блузата .
    Малку биле деликатни за одржување, вриење и сл, но како и да е ќе земам утре, па да одмори градава 2-3дена , после се надевам без проблем ќе си се вратиме на неа.
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу, мене и разранетата и оваа што ми е во ред ми е незгодно при допир со блуза. Јас си ставам влошки за гради и таман малкуцка од млекото што ќе искапи во нивја влажни пуката и подобро ми е. Ако можеш продолжи да доиш, ако нема крв од пупката. Мене ми помина, а нон стоп доев од неа, дека морав еднаш веќе ми се згрутчи, па подобро рана, отколку мастит па да се чудам што да правам.После секој подој мачкај се со маст, па пребришувај се по доење.Ако за ден, два има аир, продолжи си, пак ќе подоболува малкуцка ама првите две три тргања. Ако не поминува, купи си силиконски пупки па дои ја малата дури ти заздрави.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Noelle Page прочитав ти имаш пишано за аспираторче за нос Несфрида дека е добар ,го има ли во Зегин да тркнам зошто јас имам еден ама ич не влече , а малиот не му течат мрсули ама затнато му е носето ,едвај дише само хрчи от што е затнат .
    Ако имате и некои други предлози за добар аспиратор пишете .
     
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Го има во Зегин,а го имам гледано и во Космо околу 500-600 денари е (толку јас го земав пред 10 месеци)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Спие, спие до душа. Ставив и вчера вечерта кромид покрај главчето и искрено не знам дали мирисот го успа :lol: или кромидот навистина делува :?:, ама детето 2 ноќи убаво си спие. Се буди за доење, ќе закенка ама пак продолжува да спие.
    Уште е затнат, денеска и поткашлува малку, ставам и капки, 100 пати се подзамислив дали да го носам на лекар ПАК, зашто ми е страв од вируси :( ....ќе видиме вечерва. И вечер пак кромод најт не чека. :)
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.