епа ние имаме цуце, и од пред 2 3 дена има периоди кога плаче, му давам да цица уште повеке плаче (овој момент неможам да си го објаснам) и следен момент е цуцето го фаќа и не плаче а на цуцето тегне шмука, пак го вадам му давам да цица пак писка вриска и мора цуцето да го дадам, и тука ми паѓа тешко оти мислам дека е гладен и ми е криво што го начив на цуце
Нема потреба од паника, штом си го јаде измолзнето, нема никаков проблем. Слободно давај му измолзено млеко,ем твое си е, ем си е најаден и таман ќе знаеш точно колку изел, а после дај му ја градата за смирување и близок контакт.Не се секирај нема да се откаже така брзо од цицање, да му помине фазава и ќе се врати на цицка. Можеби му е потребно повеќе гушкање и галење периодов. Не се обесхрабрувај, битно да си знаеш дека е најаден, се друго ќе се среди,бебе е,нормално е.
Иако се мислев дали моето мислење да го ставам во темата Доење ја одбрав оваа тема бидејќи во моето мислење спомнувам доење, АД млеко, грчеви. Ако сум погрешила тука се модераторите да ме корегираат. Јас пишав и во моето претходно мислење дека секоја мајка го прави тоа што мисли дека е најдобро за нејзиното дете, нормално раководејќи се од сопствениот инстинкт и не го пишав тоа со намера да направам мајките што ги хранат своите деца со АД млеко да се почувствуваат лошо. И во едно претходно мислење имам напишано дека секоја мајка го сака најдоброто за своето дете и кога би можеле би го хранеле со мајчино млеко. Само сакам мајките да ги знаат сите предности на мајчиното млеко и причини зошто да се дои, но сепак крајната одлука ја носи мајката и пак ќе кажам како што смета дека е најдобро за нејзиното дете. Но бидејќи знам од мое искуство дека доењето во почетокот може да биде многу тешко и напорно сакам да дадам поддршка до сите мајки што дојат или планираат да дојат да издржат, да не се предаваат, да бидат упорни, бидејќи кога ќе помине тешкиот период, периодот на привикнување, доаѓа периодот кога мајката ужива со детето и се создава таа интимна врска меѓу нив. Има и мајки што сега жалат што не го доеле своето дете подолго или не биле доволно упорни за првото дете, па се надеваат дека со второто ќе постапат поинаку. Значи затоа е и форумот, да се сподели совет, искуство и поддршка. И да стојам зад тоа дека тука кај нас не се дава соодветна поддршка и едукација на мајките и нема доволно силна кампања за доењето. Затоа имаше и статија дека мајките во Македонија не ги дојат своите деца. Поддршката не е само во тоа да се каже дека доењето е најдобро. Не знам за другите земји, но во Америка бесплатно даваат на користење пумпа за молзење, дали електрична или рачна зависи од мајката. Потоа им се даваат прирачници како да го дојат детето, каква положба да заземат за поудобно доење и што да јадат за да добијат млеко. Им доаѓа дома и медицинско лице кое им покажува како да се молзат и како да го дојат детето. Имаат СОС броеви во секое време кога имаат проблеми со доење. Поради силната кампања што се води и зголемената свесност за доењето дури и мајките што посвојуваат се подговуваат со недели за да добијат мајчино млеко кога ќе го посвојат детето. Има специјални програми за доење за мајки кои посвојуваат. И АД млеко препорачуваат како крајна опција, кога нема услови за доење. Тука кај нас, секоја чест на исклучоците, многу лесно се препорачува да се дава АД млеко, ако детето плаче или си ги става рацете во уста не секогаш значи дека е гладно и дека треба дохрана. Иако работите полека почнаа да се движат во подобар правец, за разлика од порано, сепак има уште многу да се направи за поддршка и едукација на мајките и кога ќе има и тука таква поддршка како во Америка сигурно ќе биде зголемен и бројот на мајки кои дојат.
Мамички сакав да ве прашам за играчките внимавате дали се интерактивни играчките ? Ние сега за сега играме со висечки играчки што шушкаат тропкаат и свиркаат и тропалки секако дека играчките ни се пластични или гумени .Дали знарте какви играчки треба д асе употребуваат низ месеците дами пишете или некој линк каде има да читнам зашто на ова сајтовиве што најдов се се игри со ќеси и платна кои ги мотаат некако чудно околу бебињата
Пак јас да прашам неш синоке му давав прв пат дохрана на син ми и прееска му дадов пред малку какаше ама каката беше зелена дали е можно од млекото да е инаку денеска почнавме и со кашичка од јаболко,користеме млеко Хип Комбиотик.позз (инаку вчера бевме на преглед и се беше ок не е настинат)
Да од млекото може да биде бидејки ад млеката имаат и железо па може од железото да покажува зелена кака, моето бебувче е од прв ден во болница на ад млеко бидејки јас немам воопшто млеко и нашата кака е зелено/жолта констатно а тоа е од самото млеко. Ништо страшно не е, бидејки не е настинат.
Леле мамички морам да се исповедам што ми се случи денеска морав д аизлезам од дома на некои си 40тина мин мајка ми неможеше да ја чува дојде свекрва ми , и ја оставив и реков како даја држи претежно исправена, и кажав дека е спиена и оставив млеко з асекој случај ако побара порано ( ја чува втор пат) и оставив тел и излегов. Се враќам и од приземје си го слушам детето као заоѓа летам по скалите нагоре и си викам што и д абиде јас да останам прибрана сигурно и она нејќе да плаче и да ја слуша. Влагам јас детево пишти вришти она вораце го зела легнато ниша ли ниша и и викам дај ми ја ја исправив викна уште 2 пати ја донесов до огледало така гушнати детево истиот момент заспа а бел ипаше и во сон додека се смири јас си ја држам она се запнала оставија во креветче та оставија и и кажувам дека уште липа и не ја оставам си седнувам на кревети она се вртам гледам како од едно чинивче за бонбончиња што она ми го даде за 8ми март пред неколку години ( во него сеа беа ставени од мм екои ластичиња и од мене шишенца со масла додека бев трудна ипретходно си ја мисрисав собата со нив со онаква кинеска ламба со свеќа па останале откако се роди цуцката нормално дека нема даи мириса по дома ) се истурила, го спуштила венецијанерот сите соби ги затворила И си викам што се случува тука и викам ќе си поќутам . И сега она ми се врти и ми вика детево ти се плаши многу знаеш сум сонувала сон како ја носам во раце ии се нафрлиле 3ца луѓе и ја мавале по глава јас ја бранам они упорно маваат во тоа украсчето доле има 3ца светци си ги покрила јас ќе ти го ставам во детската празно нека стои и лупаше идр глупости ама од памет ме извади . Детево стана си ручкаше полека се успавме иако денес потешко заради стресот она си замина . Леле коа ме фати една паника страв д авлезам во детската ајде викам мечка страв мене не ќе го видам тоа украсчето гледам доле има 3 девојки па се чудам а бе како мрдната стојам . Баталив тоа не се разбирам во тие работи кога одам во црква се крстам молами враќам дома и толку паника ме фати од женава Сега ќе си легнам до цуцкава почна немирно да спие уф малку да ми олесни . Инаку мм со некои оббврски денеска сури по 11 со диаѓа
Какви девојки? Страшно...ај батали такви работи, во ништо не верувај...Си одиш во црква и крај..Колку мразам такви адети и глупости..Само шубе да те фати од стариве...
леле мамички се случи тоа од што најмногу се плашев. и не свакам како е возможно.вчера се беше ок, си имав млеко денес станувам утрово го ставам бебуш на цицка и шмука душиче а плаче растура. после стискам јас ништо- капка две. ај на пумпица се ставив ништттттттттоооооооооо!!!!!!!!!!! неможеше ни до 20 мл да стасам само дното на шишенцето се покри. а сега еве, после цел ден мачење ги нема ни тие капкички. секна млекарчето!!!!! како така одеднаш???? Како преку ноќ?????? Ниту ми се потечени градите ниту ме болат. напротив мислам дека ми омекнаа ко пудингче. Имам илјада прашања како тоа и зошто??????? Сте имале ли вакво искуство????? Многу се разочарав..... многуууууу
мислам дека неможе да ти секне така млекото наеднаш, барем така имам читано, и мене така ми беше изминатиов викенд, ама ете сега пак имам не толку многу,и јас ако се измолзувам едвај 30-40мл од двете гради ама не е без ич. да не се изнервира нешто ?? кај мене тоа беше од нервоза ијас си помислив готово и кај мене нема веке млеко, а што е потрагично бебушко не сака да цица, во 24 часа 2 пати само има цицано
Мајкички не секнува млекото така лесно Си бара релаксираност и опуштеност, ако се напнете дека готово нема, колку повеќе кревате паника дека нема, стварно ќе нема. Мене тоа ми се случи првиот ден кога дојдовме од болница, не можев да извадам ни капка, од што бев преотптеретена зошто бебето не цица и дали ќе измолзам доволно. Па се јавував кај педијатарката што да правам и кревав уште повеќе паника и цел ден немав млеко, тогаш првпат дадов вештачко млеко, иако до претходниот вадев по 50 мл од града. Исто така кога син ми конечно почна да цица, престанав да се измолзувам и драстично ми се намали млекото, бидејќи он цица помалку од тоа што јас измолзував и организмот одма се прилагодил на помали количини, па почнав повторно да се молзам по неколку пати за да го одржам количеството. И јас вчера сабајле измозлев 140 мл, вчера цел ден и цела ноќ само доев и денеска едвај извадив 80мл, најверојатно бидејќи таа количина ја цицал син ми.Па денес обавезно ќе се мозлам неколку пати за да провоцирам производство и така... Нема место за паника, што порелаксирано, тоа подобро за двајцата, не сме роботи на копче да вадиме млеко по нарачка, мајкички сме, душичката ни се стега за најбанални работи кога бебето е во прашање и тоа се одразува и на млекото.
мајки едно прашање, по колку минути ви цицаат бебињата? Јас не знам ова моето дали се најадува доволно, до скоро цицаше по 20минути пола саат, сега овие неколку денови по 5 -10 минути и толку не сака повеке. Ја засакал таа една цуцла од такт ме вади за тие што ви снемува млеко само пиво ви е спасот, јас на почетокот пиво пиев и добив млеко,и денес еве се напив една чашка онака за пред спиење, пиете си по малку пивце и ке се управите.
Јас ви пишувам од болница Веќе трет ден имаме температура, пролив и повраќање, ништо не јаде освен малку јаболче и Baby First Pap на HIPP. Сеуште не се знае што точно и е но , најголема е веројатноста да се ЗАПЧИЊА. Ви посакувам се најдобро на сите , јас се уништив целата не моЗам да ја гледам како се мачи вака
не се коси уник и кај мене керката забите со 39 ,7 ги вадеше забите единиците и два пати си бевме во болница по една недела додека ни испаднат кај нас и бронхопнеумонија добиваше ке помине само без нервози а можеби е и вирус има сега моментално таков еден со темп и пролив гнасен вирус
Мое мислење е дека ако на бебенцето твое е гладно ке си бара самото,и ако не муе доволно ке плаче....нема врска колку долго е на цица туку колку конзумира,он си пие колку муе доволно..Ете јас со моето мало знаевме да седиме на цица по 1ч некогаш 1час и половина и ке заспиеше на цица,а ја тргав од цица веднаш ке плачеше,неможев од неа ништо да правам по цел ден и ноќ на цица....Па на крај се испостави дека моето млеко не ја најадува не и е доволно и преминав на прашак млеко,значи од како и дадов млеко на прашак таа е најадена мирна наспана а и мене душава и срцево мие што се вели раат и мирна бидејќи знам дека мешето и е полничко...Затоа драга мамичке не грижи се за твоето мало кога ке си е гладно ке си побара,но еден совет од мене пробувај почесто на цица да си го ставаш...
Јас колку што правев муабет со една патронажна сестра, рече дека ефективното цицање е само првите 10 минути,после се уморуваат и немаат сила да влечат со тој интензитет,повеќе си играат со градата и затоа требало максимум да се оставаат 20 минути на града. Немало потреба повеќе од тоа ни за мајката, ни детето да се учи градата да му биде цуцла, туку храна и утеха кога плаче и кога е вознемирен.
Како изгледаат непцињата кога доаѓа периодот за вадење запчиња??? Кај нас се побелени, но не и подуенки? Дали ова нешто значи?
Да, дека има надеж вие лесно да ги извадите забите Штом е непцето побелено, значи дека тука некаде се забите...