Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    мамички бебушко мој веке два дена ми грчи некако со носето, не муе затнато а нема ни мрсулчиња, и некако плачот му е сменет :?:
    има место за паника?? инаку се нормално си јади, кака...
    да не има врска то што два пати го извадивме од дома минатите денови??
     
  2. BarbieGirlsweet

    BarbieGirlsweet Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Мој предлог да си одиш веднаш на педијатар да не префатило некој вирус...Колку месеци има бебушот твој??и дали има примено нешто вакцина до сега??така и малата моја која сега и а 3 месеци фати вирус која на мкд ја викаат Голема кашлица ги имаше истиве симтоми но и беше уморна малце,и така Болница на педијатар кога отидовме не задржаа две недели па не пуштиа дома со мониторинг за следење на отчукувањата на срцето и сега фала Богу на 20 ке гп ваѓаме...Од првин изгледаше се добро ниту кашлаше ниту носот и беше затнат,но сепак хрчеше не дишесе слободно плачот поинаков и беше потоа почна да кашла носот уморна а си пиеше нормално и столицата добра и беше,но сепак оди на преглед можда и не е ништо страшно се е ок мала настинка,но кога ке ја прегледаш нема мн да се грижис какп сега помирна ке си...
     
    Последна измена од модератор: 30 април 2017
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    ооо за млекото јас имам пишано понапред, дека кога не пиев и не јадев ништо имав повеќе млеко отколку сега кога пијам дневно по 1-2 безалкохолни пива, јадам здрава храна, пијам боза...и вадам едвај 50,60 мл млеко од двете гради , а порано вадев по 100-130 мл , така да нема гаранција од што и колку ќе имаш или ќе немаш млеко, бар кај мене :!:
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058

    Дај Боже лесно да поминеме, а дали функционира ѓерданот допрва ќе ви кажам :)
     
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Од оваа голема кашлица највеќе се плашат докторите овде, по самото пораѓање ме вакцинираа мене и маж ми а бебињата на 2 месеци се сите вакцинирани. Се смета за болест со најголем ризик за смрстост кај новороденчиња. Во МК не се спомнува многу оваа болест :?:
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    денес бевме кај еден доктор ама ништо посебно не го прегледа бебушко,само го наслушна и рече дека на плуката нема ништо, грлото му било во ред... ама јас сеуште не сум мирна, па се мислам утре да одам кај др доктор, ако е исто и денес. инаку ние на 18 сме на вакцина ама незнам,ама незнам дали во мк ги вакцинираат децата за голема кашлица
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Абре мајки мене полека полека иако не си дозволувам лесно да се изнервирам, ова веќе не иде. А за упорна колку сум тоа чудо, ама пак не можам, мн се заморувам нон стоп со обиди ама мали мој кој има5 и пол месеци ми забушава и не сака да цица. Јадеме кашички без никаков проблем,аа и со нив после 2 лажичи одвај уста отвара, за цице му се јаде ама не јаде зафркава. Одвај кога е за успивање полузаспан му буткам града па така да внесе течности. Вода ни да чуе, сок исто не сака, а за цуцла да фати никако. Не знам што да мислам и каде да се обратам. Сте имале сличен проблем?
     
  8. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    ги вакцинираат сега на два месеци вакцината е и за голема кашлица м сепак мислам дека не му е ништо на бебушко твој и да не се секираш , и моево хрчка и има мрсулчиња суви од време на време така да уживај , што повеќе се плашиме тоа не стига... чувајте се и само смирено... :*
     
    Последна измена од модератор: 30 април 2017
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Да, во 3,6, 9ти месец - Скок во развој. Не бери гајле, за неколку дена ќе помине, после тоа ќе заприметиш нешто ново во неговото однесување сигурно :)
    Немој да мислиш дека можеби немаш доволно млеко...сега се носи понудата/побарувачката на едно ново ниво и може да се случи или цело време да е на цицка или ич да не сака да цица - вие сте второто, како и мојата што беше.
    Упорно, смирено и набљудувај. Не би требало да трае повеќе од 1 недела.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156

    Леле и ние сме со побелени непца а неотечени не ме плашете јас не очекувам ништо во следните месец па и два . Инаку големата кашлица или пертусис како се нарекува е болест која во Македонија подлежи на вакцинација и е во составот на Ди те Пер - Пертусис вакцината како и во Инфаринкс вакцината , па поради вакцинацијата децата не заболуваат од типичната читај страшна пертусис
     
  11. BarbieGirlsweet

    BarbieGirlsweet Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Па првиот пат кога отидов на педијатар докторкава ми рече дека нема ништо мала настинка и било,ја прегледа и за носот ми рече да и прават чистење со некое цревче,и отидвме да и го чистат носето и ете докторкава иде у меѓувреме и вели дека ке сме требале да останеме дека е бебенце повеке преферираат да се осигурат и да и земат крв за некои резултати,таа тогаш имаше само три недели плус минус...јас се преплашив срцето ми трепереше па уште крв кога и зема треперев... И вечерта останавме у болница утредента ги добивме резултатите испадна RSV virus кој ке поминел самиот од севе но сепак ја гледа прегледува и пак нешто не им беше во ред и ни рекоа дека сеуште трева да останеме пак ке и земеле крв ни кажаа само дека се сомневат.И кога ги добивме резултатите испаднас позитивни тогаш беше најлоша вест за мене.докторкава беше позитивна но сепак ни кажа дека е ризично кј бебињата се случува да останат без воздух и да е далеку може да смтрносно за нејзиниот живот и така бевме две недели на надгледување од доктори сестри и мониторинг,и две недели пиеше антибиотик сируп малиот мој исто така иако беше вакциниран за нас исто снтибиотик и за сите што биле во контакт со малаата бидејќи била заразна болест но кј возрасните не било ризично се префрла како грип кј малите е премногу опасно посебно кј бебињата што не се вакцинирани....па ете сеуште сме под надзор но фала Богу немало потреба за лекарска интервенција исто имаме среќа што сме отишле навреме на лекар па бактериите не се прошириле мн во нивото на стомакот....Затоа ти реков да идеш на лекар подобро да се спречи отколку да се лечи како што велат...Но не мора да значи дека е ова мозеби е само прехладен или настинка....
     
  12. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Мамички сакав д аве прашам за некој безболен начин на одвикнување од цуцла лажалка ние имаме 4 ама сакам некако до 6 месеци да ја одвикнам заради запчињата иако цуцлата е ортодонска сепак ми е шубе ја користиме само за спиење и дневно иноќно амаи вотек на спиење да и ја извадам се буди
     
  13. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Мамички да ве прашам кога ги давате вигантолот капките,ние навечер после банјанје ама ни рекоа од сабајле требало па не изреметија со редот,и до кога се даваат?

    п.с леле уште спиеме во раце преку ден кревет никако :( ;(
     
  14. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Јас ги давам насабајле мене па ми рекоа навечер :D ама бидејќи она заспива иуста не може да и се отвори ги давам наутро итоамеѓу 2оброка за да не ми ги исповрати. Ивановичка и ние откако ја испоисплаши свекрва ми во саботата претежно сме на раце а дење без проблем спиевме во креветче сеа пак отпочеток а имаме 4 месеци

    Ај и јас да си допрашам од кога почнаа да се вртат бебушките меше - грб девојчево се обидува ама не успева никако и колку пати дневно ги ставате на меше и дали ги ставате со широк повој зашто ние уште го носиме сеа на 18 ти сме на преглед з ад аго извадиме мада првиот ортопед ни рече скоро до 6 да го носиме и јас си закажав кај друг па ќе видиме , ако ја ставам со широк на меше не може ни да се поткрене а не камо ли да мрдне а без него пробува да се сврти ама не успева
     
  15. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Ме фаќа страв дека вака ќе се научи и дека ќе си тера вака , никако не сака преку ден кога сме сами јас и он да спие сам во креветче, ќе го заспијам , ќе се успие , ќе го легнам во кревет ( и тоа во спална спие на нашиот не во неговиот ) и не поминале 10 минути ете ти го со плачки и тоа до вриштење, земи го во раце за пет минути заспива и спие кај мене до два саати без проблем сум го тестирала, а навечер легни го во креветче спие без проблем не се буди. ...Кој знае што е работата ? Незнам до кога вака ќе тера. Секој ден сме крени спушти во кревет, малетретирање за него а богами и за мене...НЕМАМ ПАМЕТ ШТО ДА ПРАВАМ: ;( ;( ;( ;(
     
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Имаш плик ? Јас имам плик ќебе тоа не ги врзува рацете ама ги држи ај повиткај го така некако со свиени рачиња не залепени до него ама подприбрани и не го ставај заспан на кревет или креветче јас никогаш тоа не сум го праела туку во моментот кога ќе почне да превртува очи да заспива баш тогаш ја спуштам значи ме осеќа ама нежно нежно спуштами седнувамдо неа она малку ќе ги подотвори очињата и јас имам развиено еден допир да ја галам по носето и лицето и така заспива тоа и го правев додека ми спиеше во раце и навикна и сега исто ја допирам и она знае дека мама е до неа иси заспива и после си станувам ама обавезно ја ѕиркам штом почне да се буди одма сум пред креветчето и она кога станува ја глеа пак мама и не плаче туку почнува да се смее итогаш си ја зимам
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    пепуш бебушко мој ете го на два месеци сам се врти на мешето и така си спие, е сега неможе да се врати после на грбче... ја прашав патронажната сетра баш вчера беше кај нас и се смее таа ми вика ова твоето е феномен,еххех
    денес ние прв пат бевме на ехо за колкчињата ни рекоа дека се е во ред па ке видиме што ке ни рече докторот до кога да носиме широк повој
    ивановичка моево до пред некој ден само на гради кај мене спиеше, ако го ставев на кревет одма се будеше, ама му најдов една финта,ехех
    откако ке го легнам на кревет и тоа почне да кемка, или плаче се доближувам до него со лицево за да ме осети и по некое време се смирува и пак заспива пробај така ;)
    а какви капки се тоа??? д3? јас му ги давам навечер после капење :)
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    D3 капки е исто што и Вигантол, со таа разлика што Вигантолот се маслени капки, а Д3 водени и ако се дава Вигантол се дава на пр. 2-3 капки, а Д3 се даваат по 5-6- во зависност од возраста и килажата на бебето. Колку јас што знам и според досегашно искуство се даваат науто, а не навечер. :)
    Инаку треба да се чуваат во фрижидер и да се менуваат на секои 3 недели иако не ми е јасно зошто :?: кога си пишува на кутивчето до кога имаат рок на употреба. :^)
     
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Лолита Д3 витаминот е нестабилен и затоа е во темно шишенце и е стабилен околу 4 недели по отворањето зборам за вигантол за д3 и покусо и затоа се менуваат само да напоменам витаминот д3 ја губи активноста ако дојде во допир со сончева светлина значи мора да се во темно шише и во кутијата небитно е дали се во фрижидер или не ако ги заборавите надвор или дома и дојдат во допир со сонце или подолго време се надвор од пакувањето менувајте го одма шишенцето не чекајте 3 недели

    рокот на употреба е за неотворено шише
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    ние пиеме по 2 капки д3, и то навечер така ни рекоа на лекар, и исто ми рекоа дека може да ги користиме додека се потрошат :?: