бекутaн ти е пoлн шеќери. Дaј му нa бебуш хипп или хумaнa чaјче. Инaку јaс чaј дaдoв пoсле двa месецa.
Мајки,денес го однесовме бебуш кај педијатар и го мереше место да покачил тој ослабнал,од средата во болница беше 3150 а денес 3040, какото зелено.ми рече гладно.било,ми ги провери градите меки се не осеќам да ми надојдува млеко.премногу се изнервирав.ми рече да му давам да цица и после тоа одма по 30 мл.хип и да видам дали ке го испие или не.а бебо фаќа гради но веднаш заспива го будам но не пак малце кебпоцица и заспива Ве молам дајте ми совет што да правам,како,што јадете за да надојде млеко?
Мене ми даваа мн сок од јаболко, лакта микс за доилки , боза... Надоаѓа млеко од тоа, ама и бебе што почесто на цице, тоа најмногу стимулира. Не му дозволувај да спие на цице, чепни го кај устето блиску кога ќе заспие ко да го чешкаш, или по петата доле и да се разбуди и да влече. Не се откажувај, ќе дојде сигурно само биди упорна.
Јас имав мака со млекото и тоа многу боза,кромид,павлака а и многу течност макар и вода али можеш и чај од ким го пиев јас тој за доилки од болна аптека земен ми беше и успеав ти посакувам многу среќа
Тоа што те советуваа плус откако дефинитивно ќе заспие на града, ти земи и измолзи ја градата до крај, малечко е нема сила да исцица и заспива а мора да испразни за да дојде ново млеко. Најди начин редовно празнење-полнеее на градите да имаш и ќе тече дупло млеко за брзо време
Мене ми помогна чајот на хип. Пијам по 5 чаши дневно. Сок од јаболко и праска. Боза обавезно и чај од коприва. Последново мислам дека најмногу ми помогна. По препорака на патронажната сестра.. и биди упорна да цица..што почесто на града ставај го. Ако се успие масирај го во делот веднаш под прстињата на ноџињата. И пред да го ставиш на града истисни малку млекце на градата за да го осети мирисот на млекце. И нема нервози. Што е тука е... ќе се средите. Дај му време на времето
Мами кога фатија ред на спиење вашите малечки..Ние уште некој ден ке правиме 4мес..Синко заспива во 1-2 по полнок и цел ден не спие може кај 4-5 часот попладне да предрема околу 20-30мин и тоа му е пак до 2 часот..Нели е тоа малку сон за толку мало бебе..Ке се среди или скок во развој..? Но веке месец дена сме вака.Совет некој..?
Совет ако може, дали да дадам провен превентивно, во болница лежиме а сите на спрат имаат вирус со дијареа освен ние, а на антибиотик сме. Иначе бебуш е шест недели стар.
Најубаво да си прашаш лекар мало ти е детето, а ние тука не ни знаеме зошто си во болница може од нешто да е алергично или контра ефект исто знам ако примате некоја терапија не треба да се мешаат. Се зависи што ви е на вас
Сетот ни е подарок ми беше непријатно да прашувам, ама денес го видов во една продавничка во градски зид. Ако сакаш пиши ми во лп ќе ти објаснам.каде
Со антибиотик секогаш треба да се зема и пробиотик бидејки се нарушува цревната флора од антибиотикот
Добра ви вечер девојки.Едвај чекав конечно да почнам да пишувам овде и да си ги кажам слатките маки.Во вторникот сд породив со машко детенце.Знаете какво е чуството па нема потреба да ви ги испишувам емоциите во мене. Ние почнавме со провлеми.Не доволно млеко па бебенцето многу намали од тежината.се трудам да ги искористам сите совети кои ги давате на мајките како мене ама тешко оди .знам дека треба трпение ама како да трпам кога бебенцето губи од тежина.И мнооогу грчеви има по цели вечери сме ненаспиени незнам како да го смира.Тој плаче јас плачам.Ке полудам.Нешто за грчеви за бебе од 5-6дена???
Внук ми од пробиотик се нафрли целиот барем така утврдија педијатрите сепак не на своја рака на толку мало дете
Те разбирам потполно , на сите ни е тешко кога ги гледаме кај што плачат. Јас почнав со чајче Бекутан меѓутоа се препорачува по една недела. Не дека гледам некоја разлика ама си се тешам. Најмногу се смирува на цице. Некогаш не цица ама му дава некоја топлина. Ставај и топли пелени на стомачето и исто кај мене се смирува кога ќе го легнам на стомак кај мене. Тоа е мое искуство со мојот малечок. Поискусните нека пишат повеќе.
Јас и нема баш да ве утешам. Ние маки имавме големи со грчеви. Дете не престана да плаче цели три месеци. Тој плачи, јас плачам. Првите два како новопечена мајка ми беа хорор. После се навикнав. Абе што не правев не вакви капки, таков чај, па сирупи, термофор абе ништо не помагаше. Во вториот месец фрлив сите капки реков веќе ништо не давам кога не помага тоа е, ќе морам да издржам. Буквално секој ден ми беше преживување. Цели три месеци бебе спиеше кај мене на стомак инаку немаше шанси веднаш се будеше. Ех кога ќе ми текни по цели ноќи шетав низ соби нишај нишај неколку часа за да се смири и заспие. Ни јадена, ни пиена, ни спиена бев. Многу трпение мајки и нерви. Друго не помага. Нека не ве плаши постов, дај боже кај вас побрзо да поминат и да не се толку интензивни. Сега сме веќе 5+ и син ми стана смешко најголем.
А која е разликата кога ќе дадете Д3? Нема врска сонцето. Давајте и навечер ако сакате. Овој витамин е додаток баш кога нема сонце во зимскиот период (кај бебињата до една година е задолжителен и преку летниот период) зашто организмот неможе да го создава доколку не си изложен на сончеви зраци.