Незнам дали е за тука ова ама ќе го напишам бидејки е едно искуство ,кое не го препорачувам на никого. На денот кога ја примавме вакцината носевме и крвна слика, педијатарот од млинбалкан на вакцини што е , ја погледна крвната слика и иако вредноста на хемоглобинот беше само 9.9 толку не испаничи дека на детево му фали железо и под итно да му се даде легофер со витамин ц и да се однесе на водно или на матка .Е сега и покрај ваквата состојба (која воопшто не била панична) одобри вакцина но не ни ја ставија цела туку ни ја поделија на пола напишав во другата тема. Нардниот ден сопругот отиде да го земе легоферот но нешто не беше во ред со рецептите па остана во петокот (вакцина примивме во средата ) попладне да го земе . Вечерта не му дадовме нели поучени дека се што е ново се дава од сабајле , па во саботата сабајлето ние даваме легофер со витамин ц ... по препорака на оваа стручњаков по 5 мл 2 пати на ден сабајле навечер со 4 капки витамин ц. Дете се дави пљука повраќа ние со мажми пикаме капка по капка, па повторуваме постапка (бидејки ни рече докторкава ако поврати се повторува -идиот ) и после тоа пакувај дете и носи на водно ( колку глупаво од нас за дете од 2 месеци) истеравме на водно 1 саат (дете мирно ) се вративме дома до вечерта добро се, јаде пие чајче мирно, вечерта повторно постапката ја повторуваме пред бањање , кога рече дете да плаче да се дави (во буквална смисла на зборот се дави со она звукот страшен ) пребледува и од себе кога исфрли еден шлаем како возрасен човек , помешан со тоа легоферот ( тоа е препарат за зголемување на железото), но тоа беше толку и ноќта ја поминавме добро, но во неделата што да ви кажувам дете мраз ладно а дома кај нас не е ладно на парно сме , плус облечено дете , бледо како крпа , и не сака да јаде , повраќа , кога не фати паника трчи барај дежурен во млин балкан нема никој , во 8 септември исто така , дури и во букуреш отидовме и во брза помош , за на крај да завршиме во систина кај др Душко Фидановски , кој го прегледа виде дека легоферот направил страшна реакција ,и ни забрани да даваме витамин ц ( било строго забрането цитрусно овошје , витамин ц и вакви препарати за бебиња до 6 месеци ) па рече да се остави детето една недела да се смири реакцијата од легоферот , па другата недела да направиме повторно крвна слика и ако е голема разлика во железото тогаш за дечиња се давало феролек и тоа 1,5 мл а не 2х5 мл како оваа идиотов во млин балкан ... е такаа ние си поминавме овие неколку дена и сега дете ми повраќа на секое јадење , јаде помалку . што да ви кажам заникаде сме .....
И ние никако да успееме да го покачиме тој хемоглобинот. Почнавме од 9,6 од 26декември давам Ферум лек 2,5мл на ден со витамин Ц. Еве до пред една недела успеавме само до 10,2 да стасаме. Никако да се покачи. Се пие терапија од 3месеци, но еве нас ни поминаа 3месеци , а сеуште треба да пиеме. Додуша цела недела и немам дадено, нека одмори малку.
Еден совет без разлика дали давате препарат железо обавезно одете на водно ина сонце не чекајте само од препаратот. Ивановичка баш мие жал легофер се дозира на кг/тт а можеби е поубаво да се проверат препартите какофероглобин и флорадикс дали може да седаваат на бебиња помали од 6 месеци мада мислам дека не може. Ние фала богу сме немале проблем со анемија .Инаку вит ц во состав на бебивит сум и давала од 8ми ден старост т.е кога се вративме од болницаи супер сме реакција нема друг вит Ц не сум давала не ни планирам и најбитно прво слушај го бебушот а потоа лекарот ако нешто не штима врати или јави се другиот ден препрашај
Може да се дава Флорадикс после 4м. Нас ни кажаа со него да продолжиме, па чекам да го дотрошам Ферум лек и да преминеме на Флорадикс. А не знаев за Водни, одиме но не мн често сега дефинитивно ќе смениме маршута
Еве кај нас малата малце беше настината и вакцина ни рекоа ќе прими кога ќе биде здрава скрос, нема толкав ризик за мали деца само да избегнуваме супермаркети и други собиралишта на луѓе. Е сега сакам да прашам зошто следите хемоглобин кај бебињата? Редовна контрола на крв ви бараат или по потреба било?
читам имате дискусија тука за крвн аслик аи хемоблобин и јас да си кажам иако поодамна кај нас беше додека син ми беше 3 месеци стар имаше хемоглобин 8,6 и ни дадија 300 мл крв да прими со трансфузија потоа од кај 5-6 беше нон стоп со легофер а керка ми е супер и никогаш не примала за крв никаков препарат сега с еголеми и имаат некаде 12-13 хемоблобин збор ми е ако е многу ниско немоглобинот па побарајте си крв нека си прима бебето подобро така одкако да се стори поголема беља
Кој ке го види првото запче нека му купи на бебето нешто бело нека биде боди ако треба само да е бело
јас го видов прва значи јас ке му го купам бодито хихихихи инаку имав мнооогу страв дали ке има темп или ама добро поминавме до сеа освен што мноооогу пискаше
Мајки, ние имаме проблем со прстето на ножето палчето ни е црвено веќе недела дена, на почеток ништо не преземав го мачкав со јекодерм и поминуваше, ама денес отекло гледам и кога го стиснав малку имаше гној кај ноктето е, му ги сечам ноктињата колку можам убаво ама изгледа му оди во месото и затоа загноило па бевме на дежурен педијатар и ни препиша антибиотик и една крема исто еден вид антибиотик е, па му дадов сега и заспа златното, за 48 часа ни кажа лекарот треба да се повлече, а ако не се повлече ќе треба нешто друго да се превземе лелел што би можело да биде дококу не помине Дај Боже да помине многу ми е страв, а и многу е малечко едвај антибиотик ни препишаа оти е само 2 месеци Знае ли некој нешто во врска со овој случај да ми каже, што и како , оти многу сум исплашена за срцето мамино
Калиас јас досега на ќерка ми и ги немам ниту еднаш сечено ноктињата на нозете. Еднаш и пораснаа но само на 4 ноктиња и ги скинав. Не се секирај би требало со антибиотикот да помине. Јас од мене си знам, дека имам мака со палците и на Лина воопшто не сакам да и ги фаќам, страв ми е,а и не и растат, баш тие ич не и растат.
Абе и јас еве вчера првпат му ги пресеков на нозете, од раѓање па се до вчера никако не му ги имав сечено оти не растат толку како што растат на рацете ама ете којзнае од што може да е, толку мало човече уште од сега ли да му одат во кожата тууу , а пак за антибиотиот колку ми е страв само, оти е мало и само го надгледувам како ќе реагира,лекарот ни кажа за саат да видиме како дали ќе има реакција, ако е се во ред да продолжам да му давам на 8 саата, ама па и крема антибиотска му ставам па си велам само од неа да пробам да видеме дали ќе му помине, антибиотик ич не сакам да му давам ми е страв толку мало бебе
Kalias јас редовно и ги сечам ноктите особено палчињата зашто си ги трие нозете една од друга и се гребе но пазам на едно треба да не се заоблуваат на страните значи од страните да има врвчиња може звучи чудно ама ако има врвче нема да влегува во месото татко ми имаше ваков проблем ама возрасен и ги вадеше ноктите и него така го научија и сите по дома така сечеме нокти .Се надевам со антибиотикот ќе се среди инаку не се плаши што е мало на мојата превентивно и дадоа во болница антибиотик само еден ден беше стара но пази да не пројави алергија само тоа пази . Го чистеа ли ноџето или малку гонјче е?
јас имав медицински зафат на палците бидејки ми влегуваа ноктите во месото и гној имаше па затоа на син ми не му ги сечам,а кога би ги секла крајчињата нема да ги дирам за да не дојде до мојот проб.
Пепуш не му правеа на лекар ништо,само му го виде лекарката и ни кажа антибиотик да му давам и крема да го мачкам, а денес се јавив на мојот педијатар во Мк да видам што ќе каже и ми рече слободно антибиотик може да му се дава и исто ми рече прво со бетадин да го мачкам,да чекам да се исуши па после со крем да му го мачкам палчето. Е исто ни рече може и во вода со морска сол да му ги мрцкам ножињата неколку пати на ден исто помага па да видиме, веќе почнав да му ги ставам во морската вода, па му ги бришам убаво со крпа, па го мачакм со бетадин, па псоле со крме и дај Боже да помине
навистина мие жал за тоа што ви се случило, се надевам за брзо ке се опоравите а во однос на крвната слика, ете ние сме тука со месеците па нас никој не ни рекол да направиме крвна слика а претходно имам пишано дека бебушко малку беше затнат во носето и на здраво дете кога го однесовме ни даде докторката да му даваме по 4 капки витамин ц на ден, и тоа му го давав една недела, и не забележав некој посебна реакција... а баш ме замисливте дека не се дава на бебе до 6 месеци
И моето бебе е исто како синчето на Ивановичка и никој не ни рекол крвна слика да му правиме...Баш се замислив сега?
Kaj nas toj sto kje go vidi prv zapceto kupuva zlato. Na kjerka mi prva go vide sveki I I kupi na malata zlatnonalce. Na maliot isto go vide sveki. Inaku nas -tetovski, obicaj e koga kje izleze prvoto zapce da se pravi sutlijac.