Прават задолжително ТСХ скрининг, тоа мора да е наведено во картонот. Ќе ти кажеа веројатно ако имаше нешто, провери го картонот убаво, барај TSH screening. Ако не, консултирај се со педијатарот, види што ќе ти каже.
Фала ти Annath, и ДА во картонот видов ТСХ скрининг, но толку е лошо напишано што тоа ТСХ едвај го дешифрирав. Само тоа го пишува, без никаква друга забелешка. Претпоставувам дека е ок. Ти благодарам за одговорот.
ве молам за совет. синчето мое има 2 месеца, кога спие со главчето на страна, ушињата му се превиткуваат од половината надолу, и сега гледам како да почнуваат да му стануваат малку клемпави. дома сме на парно и е мн топло за постојано да му ставам капа, па ве молам кажете дали можам некако да му ги залепам со нешто се плашам да не му станат клемпави.
Девојки ќе ве молам за совет, како ги успивате вашите бебиња? Вчера моето бебе одкако стана од 7 часот сабајле па се до 22.30 око не закопи, се измори, го успивав 100 пати ама не и не не сакаше да спие, не знаев веќе што да му правам, плачеше постојано, најаден, пресоблечен, избањат, очите му беа црвени одшто му се спиеше, го галев, го нишкав ама не бре брате не сакаше око да заклопи, па после од нервоза ниту во раце сакаше ниту оставен на кревет, плачеше ко да го колат и се исплашив едно време, си мислев да не нешто може го боли, а златното не знае да каже пошто ова прв пат ми се случува толку многу саати да не спие, рацете ме болат уште од нишкање и дуууури во 22.00 му направив млеко да јаде го изеде и јадејќи заспа, КОНЕЧНО и се арзбуди дури во 5.30, го пресоблеков, го нахранив и као нов беше, си гукаше, се смееше и после во 7 пак заспа до 9.30. После тоа си игравме еве до пред малку кога дојде време за јадење, 12.30 само што јаде и пак си заспа, сам без никакво нишкање. леле еден ден ме осатвија сама и полудев , не знаев што да правам, не јадев цел ден, не можев во тоалет да идам, лицето не си го бев мила вчера одшо не можев ни секунда да го оставам зверчето мало, врекаше како никогаш до сега, он плаче, јас плачам, не знам што му е.....офф помина тој вчерашен ден, еве денес е малку поинаков, дај Боже да не ми се повтори вчерашниот ден никогаш веќе Вие како се справувате со спиењето на вашите бебушки? Имате ли некоја финта за полесно да заспијат? Јас немам веќе никаква идеја како би можела поинаку да го заспијам, ако имате вие кажувајтеее
Да си го научиш сам да заспива, тоа ти е најдобра варијанта. Вчера таков му бил денот изгледа, а може и ти наговестува скок во развој, бидејќи гледам дека имате скоро два и пол месеци, а некаде околу третиот месец е тој скок во развој. Ако го нишкаш цело време во раце за заспивање, ќе се научи така и после тебе ќе ти биде потешко, особено кога ќе порасне. Јас мака си имав со малиов така до година и нешто, се во раце ми заспиваше. Каммам, па исправај му ги ушињата, не го оставај да спие со свиткани ушиња. Кога ќе му ги видиш дека му се свиткани при спиење, исправи му ги. Макар што е малку веројатно дека од спиењето ќе му се искриват, поверојатно е дека ако го има генот за клемпави уши, ќе ги има.
мамички навистина ми е жал што неможам многу начесто да ви пишувам ама кога имам време ве читам. Син пак почна да изведува, не спие еве 2 ноќи, всушност незнам како да ја наречам таа состојба, тој спие ама цело време мрда во сонот и со рацете трие очи нос па се удара по главата што јас морам цела ноќ да седам до него и да му држам рацете да не се повреди. Сте имале ли вакво искуство со децата? Жива не наспана сум ке ми пукне срцето за сон, а тој си спие си мрда се буде се смешка почна да гуга по малку си јаде нормално, осекам дека е поправен оти е станат тежок за бањање, треба да има околу 6килограми. Значи се е во ред само ноќното спање е ужас. И дај кажете некој метод како да го научам сам да заспива.
не се плаши тоа е период и ние така бевме,а сам да заспива стави му мече или цуцла во устата и остави го во креветчето.јас така го научив сам да спика.и слободно спиј си такви се пола бебиња.
ма какво мече не сака да смисли играчки, изгледа уште е мал и не разбира, а цуцлта во последно време ич не ја сака еве една недела цуцла нема ставено во уста ја плука и тоа со притисок цуцлата летааа
Еднаш имам пишано ама пак ке напишам за заспивање Моево еве од 4 скоро месеци мислам денско и навеЧер заспива сама НавеЧер ја бањам кај 19 30 , ја облекувам и ја носам во кревет Ја легнувам и давам шишенцето го пие колку пие и ја оставам ... Сега и вратата и ја затворам и ја оставам И спие до сабајле така (порано како помала и се будеше за млеко после и тоа го прекинав) Никогаш не ја нишав ни како бебе додека цицаше Денско време исто како и веЧерното ја носам во кревет ја ставам пие млеко ( сега веке не ) и ја оставам и заспива Треба упорност ако се разбуди и плаЧе ке го погалите и вратите во креветЧе Многу сум срекна што така се науЧи , се надевам исто и кај вас ке е
Од играчки и ние сме исти, мечиња, тропалки и што уште веќе немаме дома ама џабе е , не разбира уште ништо, цуцла мојов сака, без неа не заспива А за нишкање еххх кој може друг , го научија моите и сега се навикна и без нишкање не спие, нема шанси...како да го одвикнам?? Го ставив преска во креветчето негово да спие и излегов од соба, он си игра се врти на сите страни и на крај почнува да кенка и ако не го земам ќе почне да урла дури. Само шо го земам, почнам да го нишкам и сместа заспива, е ај сеа де
Многу бебиња тука едвај неколку месеци имаат и сакате сами да ви се успиваат па и цела ноќ да спијат. Јас дури после 2 ипол години видов што значи да спиеш цела ноќ без некој да те разбуди. Доење, грчеви, заби вадење, пресоблекување, не сака да спие сака да си игра во 3 по полноќ, па будење за мочкање кога се одвикнувавме од пелени...Иако ве разбирам и јас барав начини за мирен сон и мислев дека ако некое друго по цела ноќ си спие на 4 или 5 месеци дека треба и моето. Ама не е така, секое бебе си е различно и ваше е сега вие него да го следите а не тоа вас. Еден метод ако упали кај едно бебе не значи дека со сите така ќе биде, врска нема. Често и родителите знаат да се пофалат како го ставиле бебето во ред и му поставиле рутина а уствари друга е приказната, или бебето си е такво или му е само период и ќе смени за брзо време. Колку побрзо сватите дека ве чекаат уште многу долги непроспиени ноќи, толку подобро за вас
Моето си спие и дење и ноќе...Спанче е..Го бањам покасно околу 21 и 30 , ја дојам и во кревет, се буди некогаш 3 или 4 да цица пак,знае да поседи некогаш од 3 до 4 па и повеке сабајлечки, ама сама во креветче си гуга, се смешка, јас ја гледам цело време и ќе си заспие... и дури во 7 и 30 станува пак да цица... Од кога ќе и ставам пелени после бањање околу 22, воопшто не ја пресоблекувам до 7 и 30 (освен ако не е какана, тогаш не седи мирна, плаче). Па пак во 11 претпладне си заспива и спие 16-17 часот, со тоа што се буди за цицање и пресоблекување...После тоа ја држам будна за да спие навечер.Срце е мирничко, бајче...
браво за твоето цуце кај нас дома има мир само кога син ми спие, а кога е буден или кажува нешто на негов јазик, или писка или плаче и цело време мрда со раце и со нозе ептен е хипер активен. Да се здрави и живи е најважно другото е се темперамент и да ве прашам дали вашите бебиња гледаат по лустери? Син ми не трга поглед од лустерот му гуга луѓе му се смее на лустерот му се радува
Е мамички и ние имаме мака со спиење. Никако не заспиваме сами. Одвај со нишкање, лулање, шетање заспиваме и преку ден и навечер и тоа најрано околу 22 часот. Инаку знаеме да заспиеме и во 12 навечер Исто, се будиме навечер за јадење на секои три часа, а богами во последно време и ни се игра во 4-5 часот насабајле. И јас сум жива ненаспана,ама пак не ми дава срце да го оставам да вришти дури јас спијам. Бебушов мој е 6 месеци и до сега смени сто пати рутина. Некогаш си мислам јас сум виновна што си нема ете некој ред ама некогаш пак си велам и не е робот. Туку да ве прашам како ги одвикнавте од ноќни оброци вашите бебуши и кога? Ние се будиме и ако не му дадам шише ќе ми се расони уште толку, вака му давам да ручка, некогаш и со затворени очина и си продолжува со спиење. Ако не му дадам плачи мрда, плука цуцина и сл.
Да не те разочарувам со мрдањето ќерка ми е иста со тоа што се буди на 5 мин ако промрда затоа спие умотана во ќебе и она и јас спокојна не зборувам за врзување на рацете не не туку ќебето се прави како плик и е со патент ирацете и се како во мнооогггууууу ширрооокиии ракави и и висат си го фаќа ќебенцето што е врз ова што се закопчува( просто не мие јасно летоска како ќе спие ако го бара од ова нема памучна варијанта ) . Зборот ми беше ќе правиме 5 месеци за уште 5 дена ова го прави од крајот на вториот месец и нема абер да престане така да тоа е тоа . Инаку за заспивање сама јас не можам да ја научам зашто кога легнува ИСКЛУЧИВО МЕ БАРА МЕНЕ , пробуваше мм да ја успие нема шанси се корне од плачење , кај мене нема многу нишање ама долго време е на рака ,така ќе ја потпрам на мене со нозете на креветот и тоа и е доволно , од 4 саат по полноќ бара да се гушкаме ја зимам ја ставам до мене ќе се упика во мене и продолжуваме да спиеме . Ова го бара последниве месец и пол . ако иставам цуцла и заминам ја плика во истата секунда и ВРИШТИ ( нема кенкање помалку плачкање ) нема ни 2 чекора да напраам ,а шише бидејќи уште не го држи сама не можам да и оставам инаку не заспива веќе со цуцла ,повеќе вежбаме со цуцлата сега стави- вади од уста не ја користиме многу многу . Гледам дека ова ќе не тера уште долго па веќе не се ни нервирам кога ќе се почувствува спремна ќе си спие сама btw и ние сме хиперактивни може изатоа не спијат когадоиме некаде на сите им го привлекуваме вниманието само гугаме се смееме скокаме се пресегнуваме на количката претаме во кенгур и ситејаѝ гледаат и и се смешкаат и она ко ќе им се окези па и звук ко ќе даде на смешката што да ви кажам . Инаку да си кажам случка на 3 месеци бевме во ре медика ни зима а крв и во чекална ги чекаме резултатите во истата чекалн аа уште едно бебе спиеше во транспортерот и си стана мајкава го зима и детево мирно мирно си гледа само. Во меѓувреме мојава јадеше, па плукаше ,па бљуцна, па се тегнеше со мене и исправаше во седечка позиција , па коа му се фрли на детево да му писка и гуга ( читај ука зашто тогаш како мајмун викаше у у )и му се џитка цела коа почна да му реди таму некои нејзини звуци, а детево ја гледа не реагира и мајкава се изнасмеа ми вика ваква е секогаш ? Одговарам потврдно и си викам ајде и ние кога ќе имаме 4.5 месеци ќе бидеме помирни . Ние 5 ќе напраиме па уште сме 300 на саат
и бебушко мој спие мн малку по 10на мин па се буди, па стоиме така некој сат па пак исто, ова зборувам за дење. а ноке сега веке неколку дена ноки почна да спие по 5-6 часа,а спиеме само на страна ,ако го ставам на грб одма и почнува да мрда , да кемка и се буди. и синко мој до пред некоја недела заспиваше само на гради кај мене, и се случуваше да заспиеме така двајцата, а ако го ставев во креветче одма се будеше, ама на еден др форум прочитав кога ке го легнам во креветчето да му ставам одма мече до него за да не се осети само, и го пробав , верувајте ми успева и тоа многу му го доближувам до лиценцето и си мисли дека е на мене, еххех па рает сме двајцата
ќерками кога правеше така ја покривав со кебе и рацете и ги ставав внатре па кебето под нејзе да не може да ги извади, инаку ми се чини без уши ќе останеше детево
и мојот син најмногу од се му се смее на лустерот, ние имаме лустер само во спална, не стасавме да купиме и во другите соби, па најмногу обожава да лежи на спална токму поради лустерот. има два месеци и мене знае од сабајле да ми се наспее ама на лустерот му се смее во глас. пред некој ден бевме кај свекрвата, они имаат од оние постарите лустери, па му се виде мн пораскошен од нашиот дома и цел ден си лежеше и се смееше.
смешно ми е бидејки и син ми е во тој период така подолго време,тој се смее на лустерот ај да се навратиме малку наназад,зборувам лично за себе одкако влегов во 8 месец при крај почнав да станувам многу емотивна ке седнам и ке си плакам ке си плакам,што дури и самата си велев дека сум ненормална.Што значи и во бременоста и кај бебињата има некој знаци колку и да изгледаат ненормални се нормални хихихихи
Него јас да прашам, моето има 2 месеци, и јаде (според мене) многу. Прво цица едно 15-20 минути па после пие млекце 150 мл. И така на секои 3-3,5 саати.Навечер последно јадење му е околу 12 и спие до 7 сабајле. Колку јадат вашите дечиња?