Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    meU нормално е да си спие и по неколку часа, мене матичната ме искара зошто навечер спеше по 7-8 часа и ми рече дека малечки бебушки како нашите треба најмногу 5 часа да не јадат...и да спијат да ги ставиме на града....

    А за силиконските брадавици моето искуство не е добро....јас си купив(150ден) уште кога испаднав од болница бидејки не ми беа испакнати брадавиците, но направив само полошо за малиот....јас мислев дека цица а тој кутриот немал сила доволно да влече.....би ти препорачала да се консултирас со доктор тие најдобро знаат колку им е силата .... ако ти значи нешто и ти биде од корист моето бебче беше 3650 на порагај а додека го "доев" со силиконските брадавици падна на 3220.... :(
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    И јас се зезнав со силиконските брадавици. Од кога конечно ја наместив, зема малата да цица и како повлече Господ по пижами го видов :doh:
    Како што беше полна со млеко, стана полна со крв. Сега брадавицата ми е по разранета и од претходно. Нема да и давам денес , до утре од таа града , ќе ја мачкам со маст од бозел и невен, па да видиме што ќе направиме.
    Се надевам ќе има доволно млеко од едната да цица :worried:
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    A со пумпа за измолзување да се проба? Јас се мислам дали да ја купам уште сега за да ја имам од старт, за да не фатам мастит, бидејќи ми препорачаа со електронската пумпа убаво можело да се исразни градата за ново млеко, да се заштити брадавицата, бебето си добива природно млеко, а за подоцна и да се складира природно млеко за бебето при излегување, да не мора да се дои во јавност.
    Мајки, свои искуства со пумпи?
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Имам јас пумпа на Чико , рачна. Со неа пак ич неможам да се измолзам, дека на суво уште повеќе боли, а и ја распукува брадавицата, патронажната ми кажа да ја избегнувам, но јас ај да пробам.
    Сепак со рака е најубаво, посебно ако пред да се почне со измолзување се измасира градата, после лесно оди, само треба да се повторува неколку пати.
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.674
    Пол:
    Женски
    лелел Меу јас па рачно ич неможев да се измолзувам :(
    мајками е патронажна сестра и кога ке ми надојдеше премногу млеко ме измолзуваше рачно , ама неможев ич така
    па си купив пумпа со кој каде каде подобро идеше измолзувањето ... непријатно е исто ,ама повеке млеко се вади :D :D
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Меу ако не и даваш да цица од едната града,тогаш мораш да ја измолзуваш ,затоа што може да направиш мастит.
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Точно Меу, болело не болело мора измолзување. Јас така да ја одморам градата од рагадата, па кога ми надојде млеко, па почна да се згрутчува дури и во пределот на пупката, па бебушко не можеше да ја фати да цица како се нервираше, а само од едната града не најаден, цела ноќ кемкавме и се мачевме, дека недела беше се затворено, па одвај дотуркавме будни цела ноќ до 9 сабајле па мм одма на аптека по пумпица и веќе полесно беше. Ти реков дека е болно, ама се мора. Јас уште имам рана ама заздравена е. И иако е , првите тргања боли, не велам не, ама бар не течи крв. После местото отрпнува и веќе ќе се навикниш. И ако крвари, и мене ми крвареше и ми рече доктор после подој мачкање со крема и од таа да цица за да не се појави мастит, или измолзување па од шише тоа млеко да му го даваш.Една капка не смее јабана да оди од мајчиното млеко. Стискај заби и верувај кога мене олкава рана со цицање ми заздрави на градава,ќе бидне и кај тебе.
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Се одмолзував не се оставам, таман работа, ќе ми пукнат градите, ако не одмолзам :worried:
    Инаку да се пофалам, од синоќа ,знаете кога си ја направив бељата поголема, до денес еве до пред точно еден час не и ја дадов таа града, а во меѓувреме 4пати намачкав од маста која ја прави свекрва ми од бозел.
    Сега кога дојде време за доење , веќе морав да и ја дадам таа града, но премногу бев исплашена од болката, ја наместив малата да цица, а маж ми стои на врата и чека да викам од болка(како и обично претходните денови), но за чудо женски не осетив ни минимална болка.
    Еј шала на страна, ама Господ да ми ја поживее свекрвата, каква таква , звер е за креми и масти. Ни Mum care ,ни чист ланолин не и е рамен :)
     
    На NoellePage и AIT им се допаѓа ова.
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Е сега мами, давајте совет оти кичма како да немам веќе, а ни време особено на вечер да дозафатам нешто екстра и да спремам вечера. Малиов мој веќе три дена како ми забушава.Многу убав ред си имавме фатено со спиење, цицање, и тоа убаво ќе си се нацицаше, ждригнеше и на спиење.Ама сега, кемка дури и во цицање, се трга од града,а гладен е, пак ќе зафати па ќе заспие на града и ништо живо не го буди. А го ставам в креветче за спиење ете ти го станал.Убаво спие преку ден, ама после 19 часот сме будни и само на цице сакаме, ама се тргаме. Го менувам на двете гради дека само од една не му е доста. Да речам грчеви се, не се грчи со ножињата да се стега или па да плаче, мирен е само знае да скемка малку.
    Пробав се измолзив после цицањето, некои дестина милилитри и така поспан му ги дадов од шише па некако заспа.За понатаму ноќва ќе видиме. Некоја идеја, чаре? Нема трпение да доисцица, само се тргнува од града, па пак ја бара, а кога убаво ќе фати по 5 мин заспива.Ми снема идеи веќе што да пробам
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Да не нешто не е во ред со млекото??? Да провериш на педијатар или со патронажна ,ако имате???

    Ние почнавме да отвараме очиња, па сега веќе и кај нас не е како порано да се најаде и право на спиење, сега сака муабет и тоа во 5ч :envy: , сака да си гледа, ќе се изнагледа па после сака да јаде и дури тогаш заспива. Јас сум жива ненаспана и од се ми е смачено, како привезок да имам на цицката |-)
    Неколку пати се фатив како заспивам додека ја дојам, страв ми е да не направам некоја беља да ја испуштам од раце :worried:
     
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    meu да ја испуштиш од раце сигурно нема, јас неколку пати до сега сум седела и сум спиела со нејзе во раце (ама мм бил буден) туку внимавај со градата да не и го затнеш носето .. па НЕДАЈ БОЖЕ се угуши..

    Бацки и гушки до вас :) :*
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    е вака ноел јас бев со керка ми цели два месеци нон стоп на града таму цица таму спие полудев за тиа два месеци неможев до вц да отидам и после два месеци отидов ад млеко земав и ја дохранував па се смири и почна да спие а напредувасе и двата месеци по1100 грама качуваше и сега викам кога бардовци не го фатив тогаш сега веке нема никогаш со знам кога ке заспиебуди го да се доцица изгледа не се доцицува убаво или пак немас толку млеко колку што му треба него или пак дај му со шише чајче или водичка после подојот или пробај со лазалка цицла мора нешто да упали
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    meU , чекај да видиш допрва што те чека, се помалку ќе сака да спие :D епа ајде welcome to the club на ненаспаните мајки. Јас мислам дека ќе се наспиеме на оној свет, таман. :D Ехее тек сега ќе почне да прогледува, да се вртка да реагира по малку, и секој ден се повеќе и повеќе. Нема да биде стани цицај легни, не не нее :D . Инаку не се секирај, не може да ти падне од раце, таман работа. И мене ми се случувале такви моменти. Пази само носето да не и го покриеш како што ти рекоа.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    А кога да спијам јас??? :?:
    Ако сака да си игра треба да сум одморена, како да и правам муабет кога не ми се гледа :geek: Шала на страна, ама навистина се помалку сила имам, а јас мислев дека допрва ќе се одморам |-)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    мојава малечка навечер кога е гладна се буди и плаче , уствари прво става што ке и дојде во уста и послем кога ќе види дека нема ништо плаче, а преку ден се успива и со саати спие , ние си имаме фатено ред на 2,5 највеќе 3саати се раниме... е сега денски кога спие не се буди и јаде на спиње... чудно детенце.. :) :) :)

    Едит: Инаку кога е будна сака да се шета од соба во соба да разгледува , да и збориш или да ја оставам да си лежи на кревет и да и зборам ..

    И да сакав да прашам од кога треба да се става на стомаче да лежи нели за да ја крева главата да вежба :?:
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ууу Уник не е чудно, многу е добро детето, поплукај го да не го урочиш :lol:
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Допрва ќе се одмараш?? :D Мој совет ти е секојпат кога ќе ја легнеш малата одма да легнеш да спиеш. Сериозно. Мене ова и педијатарот, почитуваната др Мери Калајџиева Зип ме советуваше. Она ми велеше бебе спие, мајка спие.
     
    На lolyta777 и NoellePage им се допаѓа ова.
  18. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Самото бебе ке ти каже, инаку можеш уште првиот ден да ја ставиш на рамна подлога(на спална или креветче) перница никако и ти да си до неа. На почеток ке лежи 2-3 минути па после од ден на ден се повеќе. Кога ке почне да разбира стави и некоја играчка или збори и. Така се развива моториката.
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.674
    Пол:
    Женски
    Ах Меу ... одмарај додека она спие .. друго нема .. освен некој да ти помага да ја почува малата па да се одмориш друго нема :rofl:
    Јас истото го минувам сосема сама ..ама се навикнав , срека сеа и повеке денско време спие па имам и малце време за мене :whew:
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ова е звер дете, одма станува ако јас легнам, поточно ако помислам да легнам :devil:

    Гирл1985 ова во Идадија е педијатарот???
    Имате ли да ми препорачате педијатар од поликлиника Ѓорче??? Бевме кај д-р Вида, но до крај на година ќе отишла во пензија, па немам појма каде би оделе после тоа :?: