Абе чајче му дадов одма (Бекутанче) и му давам со лајче и вчера му калдов еспумисан во чајот и така му давам со лајче три, четири пати на ден од истото додека си го испие. Но имаме проблем со ждригањето нејки никако да ждригне, а го држам исправено бајаги време и после повраќа ако неждругне до сега се на се многу малку има ждригнато во 10 дена
и бебушко мој некогаш знае да се инаети и да не ждрига, ама јас малку ке го подмрднам , или завртам на др страна и ми успева , ке ждригне одма, шо би рекла патронажната од петици пробај може ке успее и кај вас
И јас до сабајлето не и менував пелена,и никогаш не ми правеше проблем. Имав серќа Мирно си спиеше,мислам дека како ќе го научиш така ќе биде и кога ќе ти биде поголемко
За ждригањето јас штом јаде одма го ставам со мешето негово на моето колено и за неполна минута ждригнува одма, кај мене успева така, па пробајте и вие
Kallias не ти повраќа така мене ми е страв на меше да го легнам од ко ке јади да не поврати. То онака си повраќа ако му е многу ама сепак
Aбе нема на меше да го ставаш, исправен само ќе го држиш со мешето да допира на коленото твое и ќе видиш одма ќе ти ждригне
Мамички, јас повторно со истото прашање, бидејќи претходно не добив одговор. До кога бебушките се нестабилни со главата, мислам до кога има потреба од постојана потпора. Јас сеуште и ја придржувам главата на ќерка ми назад, бидејќи ќе се држи ќе се држи, па одненадеш се пушта назад. И исто би сакала да знам, дали доколку ја пушти главата назад, а нема потпора би биднало нешто или? Се надевам дека ќе ми одговорите брзо, затоа што сум доста загрижена во врска со тоа. Однапред ви благодарам.
Најдобро ти е да и' ја придржуваш главата се додека им потреба за тоа. Секое дете е индивидуа, различно и неможе да се ориентираш по другите, исто како и проодувањето некои порано, некои подоцна. Најдобро е да ја легнеш на грб и да ја фатиш за двете раце и благо да ја повлечеш нагоре (како што им прават на контрола кога ја носиш) и ќе видиш, ако ја држи стегнато со телото можеби е спремна, ако не не форсирај, може само да и истегнеш некој мускул.Со тек на време сама ќе си покаже, само трпение.
Благодарам за одговорот, во суштина јас тоа и го практикувам, но проблемот е кога ке дојдат баби тетки стрини и гледам дека воопшто не внимаваат. Баба и денеска ја легнала некако невнимателно на нејзините нозе, детево се тегне не и е убава положбата и главата ја пушти наназад. Јас нормално од памет се извадив, а свеки као демек, леле не се секирај ништо не е. Затоа прашувам колку не е ништо. Не знам прво дете ми е, и од сам старт многу се плашам околу нејзиното правилно држење, особено за главчето. Дали сметате дека има потреба од толку загриженост или можеби треба и самата да бидам пофлексибилна со држењето?
Ако тикерот е точен 4 .5 месеци веќе треба стабилно да држи мојата не ја зфрлаше наназад на тоа време ама на 3 месеци да ијас ја ставав мојата рака за нијанса подалеку за д асе одбие од неа ама д аосети декаја зфрлила и ставај ја на меше 1-2 дневно по неколку минути додекане ѝ здосади па ко ќе плаче крени ја или ако не може д аси ја подигне главата и почне со носот да се забива во подлогата . Подлогата да тврда и д ане се лизга или собира . Вака ќе ги јакне мускулите на вратот и набрзо сама ќе ја држи главата . Ова и го практикував и сеуште го практикувам ( ама сега јакнеме грбни мускули за да седнеме ) Битолчанка во еден не врзан разговор еден педијатар ми рече дека кај 7-8 месеци детето почнува да се доживува како псоебна иднивидуа а мајаката да ја доживува како посебна ова на некои деца им паѓа потешко па ја бараат мајката во близина може тоа да е
Да, точен е тикерот. Јас не ја ставам баш да лежи на стомак, затоа што многу ми се вознмирува во таа положба, иако сум се обидела неколку пати, но ми плаче. Инаку сега кога ја ставам, си ја дига главата нагоре, потешко ја врти од лева на десна страна и се обидува да се дигне на коленцата. Инаку кога лежи на грб постојано се дига со главата скоро до седнување и тоа сама.
И мојата се вознемирува ама имам пискавец играчка ии свиркам и се смирува и си ја фаќа и иако ме советуваа тоа да биде по10 мин , ако се вознемири т.е почне да плаче и да се откажува од вежбањево ја зимам и пак исвирнувам со играчкатаи и тогаш пак си ја зима и се смирува и толку е ние издржуваме сега околу 5 мин инаку и ние се подигаме ( денес се фатила за релаксаторот во седната положба под 90 степени и не можев да ја закопчам) ама вежбањето на меше најбрао ги јакне мускулите без да оптеретува зглобови
На 4,5 месеци веќе би требало сама да го држи главчето. А инаку мене ме загрижува седењето. Ортопедот ни кажа ако до 6,5м не седне сама обавезно да отидеме на преглед. Еве ние денес сме точно 6м, но ми изгледа како абер да нема од седнување сама. Она се напрега да седне, но неможе да стане сама, а и кога ќе ја седнеме не е стабилна, одма паѓа на страна.
Меу ние бевме на ортопед во ре медика и докторката вака ми рече да ја ставам под 45 и она си вежба стомачни сама или ако видам дека ја мрзи да стимулирам си играчки да се пружа по нив значи ако имате играчки на релаксаторот стави иги подалеку обаезно да ја ставам на меше по 10 мин ја тоа го праам помалку зашто нема кондиција ( не утепа широкиот повој ама ова е долго за објаснување) ,бидејќи вежбањето на меше ги јакне вратните но и грбните мускули за да се одржи кога ќе седне , ми рече на полни 6 да ја подигнам на 90 степени да седи со потпора и на 7 сме на контрола тогаш веќе би требало самостојно да седи е сеа не мора нели на 7 на денот може и недела две порано подоцна , ако не консултирај се таму
na kolku meseci obicno maskite vagaat zabi.moevo samo se cesa samo pika se vusta,se ligaj a i sega gledam samiot si stega so nepceto so cela usta.ima 7i pol meseci.a i vo posledno vreme ne mi pie ic cajce,voda nesto samo mleko so pie.a i koga pie mi ja stega cuclata,a i nekogas koga toj si go drzi siseto mesto da pie ja grizi.dali e mozno da vaga zabce ???pozzz
Девојки здраво. Јас пак со проблемчиња со моево бебуле.Незнам што и е. Кога се роди нејќеше да цица.Едвај се навикнавме на цицање, си цицаше убаво до вчера, мене млеко почна убаво да ми надоаѓа, и од вчера веќе нејќе да чуе за цицање. Вришти пишти на цел глас, прави фаци како нешто гадно да и е, ете два дена не е цицана. Се одмолзувам и и давам,така си го пие. Ама одмолзување и цацање не е исто,па ако вака продолжи ќе ми секне млекото. Друга работа е што почна многу да спие. Си спие по 5 саати и ако јас не ја разбудам за јадење сама не станува. Претходно беше многу лакома и колку и да и дадев млеко пиеше, а сега нејќе да цица, го плука шишето...со молење додека да почне...Пак да напоменам ваква ми е овие два дена... Инаку не приметувам дека нешто не е добра, не ја боли мешето, нема температура...што може да и е не ми е јасно.Ако има некој некаков совет да ми даде...
И јас со проблем со моево бебуле...викендов го поминавме во плачки а за што незнам И после секое јадење како и претходно се витка за да стане,со тоа што викендов после јадење повраќаше што ме зачуди бидејки јадеше исто како порано а не е болен нема ни температура , баш сум зачудена
силк однеси ја измери ја ако добро напредува нема проблем што многу спие , што се однесува до цицањето може да е фаза ама може да е и следново да не и се допаѓа некој мирис на пример од сапун кој се тушираш нели под пазуви ставаш внимавај тоа да биде сапун без мирис не ги миј градите со сапун никако , не ставај парфем дезодоранс исл . Мене на почеток таками праеше а се истуширав она нејќеше да цица и одма сфатив ама секако млекото си секна и биди упорна давај да цица во полусон не чекај да се расплаче . Ивановичка види да не се грчеви прејаденост нагаѓам мојата така се давеше во Ад инаеднаш престана почна да повраќа едвам 60 мл јадеше за потоа повторно да фати ритам а цело време плачеше како да бара јадење а во суштина била прејадена следи го само ќе си каже дане му е тешко какањето , се овае нагаѓање
silk истиот проблем го имав и јас пред 2 3 недели, само што кај мене пиштеше и ја сакаше цуцлата лажачка а беше гладен, пробај шишето да не го употребуваш, некои деца така се одбивале од цицање, оти од шишето му е полесно за пиење не се мачат да тегнат. Е сега гледај да заспие, и биди во близина за кога ке осетиш дека се буди одма зимај и ставај го бебето на градата додека не се расонило, и во сонот ке фати пак да цица, и обиди се шишето да го снема барем уште некој месец, јас се скрив и шишиња и цуцли нема повеке ништо, оти ете син ми е од тие деца што бараат полесна варјанта. Ако треба да му дадиш нешто да пие пробај со лажиче. bitol4anka тие потези што ги прави син ти се можеби знаци дека наскоро ке вади заби, но немора да значи син ми од месец ипол е таков. Но твоето дете е 7 месеци што значи и време му е да почне да вади заби, сите деца се различни и не се ослонувај на лекарите кога кажуваат од тој до тој месец треба да почни да вади долни заби па после од тој до тој горни заби, тоа е само теорија во праксата не е се како во нивните книги, кај мене во зградата има уште 3 бебиња, едното на 3 месеци почна да вади заби а другото на година и 4 месеци му никна првото забче, а и двете се здрави прави деца. Тоа што го прави син ти е знак дека нешто му се случува со непцето, може го чешка, а може и забчето е тука некаде, но и да не се случе тоа наскоро не паничи, секако ке му никнат. ivanovicka навикни се на повраќаниците, јас за тоа на лекар го однесив син ми оти после секое јадење по малку повракаше, а супер напредува. И лекарката рече дека скоро сите бебиња после јадење може да повратат ако не ждригнале убаво или се наместени во не угодна позиција, или ако се прејадуваат и има милион други причини, што ако детето не губи на тежина не се значајни, едноставно го исфрлаат вишокот. уфф се сум научила бреее ај со здравје
Ние користиме сирупче Блок макс . Сега од втората доза крена темп, но со сирупчето одлично поминавме. За повракање што вика сињорита, јас ја држев исправено одредено време, немавме таков проблем, а и благичко па го сакаше.