Фала девојки на советите,ќе ги послушам и ќе пробам да и давам помалку по оброк,па ќе видам... Даниелка не се секирај за носето. И моето е како затнато некогаш,па како тешко да диши, нешто како да ми закрчува, ама ќе му го шмукнам и така си тераме. А последниве денови и подкашлува, ама и тоа го сметам за нормално. Се додека немаат температура не е страшно.
И моето беше исто, една недела си кашлаше убаво па уште една недела така повремено ама не и се симна на плуќа. Се додека не се задишува при јадење и не и свират градите кога диши не е страшно. Следи го детето, чисти му го носето и тоа е се што може да направиш.
Како да знам колку треба да е тврд дусекот за бебешко креветче? Сега ми стигна по нарачка од Југоекспорт стил ама мене ми се гледа мек.Ми е страв новороденче да не му е меко И сега од кај да знам дали е добар или не?
Де бре Форко за што се замараш. Кај може да е толку мек за да му смета на бебе од 3-4кг, дај не зезај. Па сите сме купувале душеци и не сме се мислеле до толку. Без навреда но, мислам дека премногу се замараш за ситници кои ни најмалку не се важни.
Па нели требало да е тврд не чинело на мек..јас затоа се нервирам.Не е малце пари па само да го купам.
Forko душекот треба да се толку тврд за да не пропаѓа бебето во него, стисни со раката ако има добар отпор тврд е .Добар душек обично е дебел душек и ееднаков т.е не пропаѓа некаде помалку некаде повеќе тоа е тоа. Јас најдов тврд душек со иста тврдина како дормеото мој за спална за 1800 ден и супер е спиењето дури и за мене е тврд ( овде не влага нели заштитата од инсекти ),ама бидејќи ќе го користиме само годинка ми се виде ок ,а за нејзин кревет ќе купам дормео итоа оној основниот најтврд дека е
Денес Јована е подобра фала богу...Престана со кашлањето и има уште малку мрсулчиња..Ах овие дечиња, значи стварно било што викаат дека се менува животот 100%...Ништо повеќе не е важно, очите само во тоа мало чудо ти гледаат...Колку љубов, толку грижа..
tocno taka kolku ljubov tolku griza,jas od pamet se vadam za moite,epten sum panicar,samo so lesno neka mine
И јас бев многу исплашена ама тоа е децата лесно се разболуваат. И да кажам дека се изнасмеав кога видов дека Форко почнала и оваа тема да ја запоседнува. Ај уште некој ден ќе се породи и ќе стигнеме до 1563 страни за една недела Не се лути се зезам
Ај и јас да ве прашам едно навидум глупаво прашање : Дали вашите деца викаат читај се дерат ? Да се разбереме не плаче, туку вика се дере на пример во релаксатор ја ставам најадена средена и кога се исправа се дере ааааааааааааааааа ржи и сл ама не се слуш читај трпи ( се слуша до катот под нас) од што е силна Инаку и јас бев како Форко осеобено откако се роди малата бев несигурна и тоа што знаев мислев не знам ми требаа скоро 3 месеци да влезам во шема да сфатам што сака сега ми е жал што не сфатив порано нејсе за второ ќе знам А и да се редактирам откако ќе успее да седне седи така неколку минути до пола сат и после се уморува ,па наместо да се врати назад се потпира на лактот од десната рака и останува да седи, е тогаш почнувам да ја враќам да се потпре е овде некогаш заплакува ама ми е страв така да ја оставам да седи што мислите вие ?
слободно пишувај си и прашувај си се шо те интересира , да има помеки и појаки душечиња, сигурно имаат забележано некои од мајките кога купувале, и да мора да е тврдо затоа шо бебушко ке спие на него повеке години а не само некој месец... и јас кога купував барав тврдо и кога ке го притисниш ке видиш дали е меко или не, ние имаме тврдо до евродизајн од бт го купивме
Не дека треба да барам дозвола али искрено шалата не ми се допадна..како и да е кога чекаш принова и ти е нешто не познато и тоа што го знаеш го забораваш,на секое прашање имаш подпрашање а и кога ќе ти се насоберат мислења од сите страни ти станува збунка.Со текот на времето се ќе му се разјасни на човек и искуството си го прави своето и јас видов банални и смешни прашања па никому ништо...позз
уживај си и пак ке ти речам слободно прашувај се шо те интересира, сите сме биле такви, мислиш дека некоја мајка знаела се???, и јас секако ништо и мене не ми беше јасно па и прашував , еве јас како тазе мамичка ти стојам на располагање за се ок
Пепуш моево е 2 месеца и 3 недели па уште од сега се ,,дере,, . Исто како твоето,како што опишуваш, значи си лежи и вика на цел глас, не плаче него вика. Ауууу, уаааа, ееееее, гаааа,каааа ете тоа ни се звуците ама стварно многу гласни. Докторката ми рече дека бебињата сакаат да си го слушаат својот глас па така си го вежбаат и си викаат. За тоа не му се секирај,изгледа сите се такви ,,дерлиња,, А за ова фраерсково потпирање на лакт незнам да ти кажам, ние уште сме мали па немам искуство. Ама по мене не е ништо лошо, значи има добра мускулатура штом може така да седи. Фраерче мало...
Силк како сте претпоставувам подобри ? Инаку сакав да си прашам нешто денес бевме во Џамбо ме изненади со делумно ниските цени ( имаше играчки кои беа изгор и облеката исто така барем тоа што ми се допаѓаше ) , него купив стаклени шишиња многу ефтини мислам 79 ден беа да не се нешто фалични што се толку ефтини ? Вака ми изгледаат ок и пластични имаше за 49 бпа фри ама не ми одговараше капачето на нашата нук цуцла зашто не знае од друга да пие
мамички секој месец одите да ги извагате бебушките?? ние последно бевме на 2 месеци, тогаш ја примивме и вакцината , па наредно сме на 4 месеци. а сега кога направивме 3 се мислам дали да одиме чисто да видиме како сме шо сме вие одевте кај матичниот или во здраво дете, досега само таму сме го вагале па таму ја имаат документацијата за тежината