навистина не би знаела што да ти кажам, зошто не ми е многу познато ова.. Се надевам дека ќе биде се во ред со тек на време или барем ќе биде наједноставната причина за тоа.. Моето е 3 месеци и некогаш при дишењето хрчи исто така..некогаш помалку, некогаш повеќе..де консултирав со двајца педијатри, тие велат дека е нормално тоа за бебе, дека со тек на време се намалува и повлекува..
@moli.mk daj boze da se namali i povlece sto pobrgu i da nema komplikacii... Eve eden link, cisto za sporedba, da slusnes kako zvuci... Nekogas e pomalku, a nekogas e poizrazeno kako na snimkava.. http://www.stanfordchildrens.org/en/topic/default?id=stridor-90-P02066
Бебето има 3 месеци и скоро приметивме дека има мала сплесканост на главата тн плагиоцефалија. Сеуште не сме биле на лекар, мислам дека треба да се оди на ортопед ако грешам поправете ме сега гледаме да ја држиме повеќе да спие с оглавата свртена на спротивната страна. Ме интересира дали некоја од вас го имала овој проблем и дали е возможно бидејки е мн мала да и се исправи доколку цело време спие на другата страна? Секако ке се консултираме со стручно лице ама додека да отидеме секое мислење ќе ми е од помош.
На мене од сам старт ми беше кажано од доктор најизменично секогаш да му ја менувам положбата на спиење со главчето. 3 часа на една па 3 часа на друга итн.. и сега истото го практикувам. Сум забележала мала сплеснатост не дека не и јас но не знам што би можела друга да додадам на коментарот но мое мислење е дека ништо не е страшно..гледај постојано да вртиш страни и сепак преглед кај педијаатар за проблемов.
Нормално ќе си се советуваш со педијатар и ортопед, но во меѓувреме колку за утеха можеш да ѕирнеш на еден форум каде др.Видоевски одговара меѓу другите и на прашања од овој тип и има нагласено дека главата ќе се исправи/оформи со растењето само да се прима доволно витамин д и да се шета надвор.. линкот го поставив во тема Дубак мислам, но еве и овде...вреди да се разгледа, има стварно некои корисни работи.. http://roditeliideca.bbgraf.com/t1444-topic
Мајки како ви реагираат малите кога ке им се доближи непознат човек, да почне да им зборува или ако сака да го подржи? Мојата беба не дава никој да ја допре, ни пак да и зборува многу одблизу, одма се плаши и плаче, има 6 месеци и досега освен јас и мм само на еден човек има дозволено да ја држи (другар на мм), си се смееше и без проблем си седеше кај него, а од сите други вришти. Може е таква затоа што по цел ден е само со нас, во странство сме и немаме многу блиски овде.
Бебе е 4 месеци, оди во сите, на сите се смее, нема проблем. Но, уште сме мали, велат после 6ти месец започнува фазата на препознавање и тогаш не сакаат во никој. Секако влијае и тоа колку е од мало во контакт со луѓе, штом 6 месеци единствени ликови кои ги гледал сте вие и мт нормално е да се очекува ваква реакција. Излегувајте по паркови, шетајте, нека гледа од близу деца како си играат без да го закача никој, нека посматра и постепено може ќе се опушти.
Од сам старт оди кај сите еве сега е 9м и ако види некој му подава раце одма се пружа и он. Е сега верувам дел е затоа што е такво детето ама и дел затоа што никогаш не сум го изолирала од други луѓе. Од сам старт го мешам со луѓе и питом е. Е сега ако вие таму немате пријатели, роднини немаш избор нели.
И кај нас е слична ситуација ама читав дека може да се јави кај повеќето бебенца на 6месеци страв од непознати дека ќе го земат страв ако е само во соба и дека со тек на време само ќе си се навикне моево и кога спие преку ден се врти да види дали сум до него ако е сам се расплакува
Па и мене на тоа ми оди паметот. Не знам дали е страшно за да се оди на др, и што ви му правел во таков случај...Од шо може тоа да се случи да не си запозната?
Да, исто и мојата ептен е приврзана, дури и кога ке ја оставам легната а ке мњ види јас излегувам од соба одма почнува да плаче. Се роди во октомври и одма фати ладно и многу ретко излегувавме, немаше контакт со луѓе многу, и после кога ке дојдеше некој одма вриштеше. Е сега кога и зборуваат и ја задеваат оддалеку, ако јас ја држам се смее, инаку плачки.
Ист Исто и ние сме во октомври со зимава што беше се на се 10души гледаше сосе педијатарот и ортопедот. А кај нас тивки сме при разговор и сегагрупа ако се смеат на глас плаче пошто не е навикнат ама ќе се сменат како ќе растат не му се секирам
Се е тоа нормално со приврзаноста, некои деца се повеќе некои помалку. После 5, 6ти месец почнуваат да сфаќаат дека постоиме и кога не сме со нив па реагираат со плачки. Присуството на непознати лица во нивна близина предизвикува несигурност, и тоа е нормално. Јас мислам дека го имам најприврзаното бебе на светот, не го навикнав со бабите и сега си го гледам сама везден. Во wc, туширање, кујна јас сум со џамперџето до мене, нема одмор Ама тоа е, ќе пораснат ќе се променат нема да биде вака засекогаш
Ке биде уште полошо верувај ми Мојата е скоро три години и плаче ако и до вц одам без неа.Кога излегувам и ја оставам кај свекрва ми секогаш е со плачење до помодрување.Сама сум си крива.Ако од мали не ги осамосталите после мн тешко е
Е убаво... Јас па си викам ке тргне у градинка ке биде рај Тоа ми е, повеќе од 2 часа бабите неможат со него, тежок бил а они биле веќе во години
Јас баби немам во.близина, ги гледа еден викенд во месецот и некогаш кога ќе дојдат на гости. Со мене е повеќе и со татко му кога ќе.дојде од работа. Го движам со луѓе цело време, ама тоа е немам друг избор. Ќе почне во градинка па побеќе ќе се осамостои.
Јас своето дете на никој не сум го оставила на чување, само јас и мм, но секој ден сме низ град со пријатели на кафиња, секаде ја носиме, Еве 10 месеци кај сите оди, не плаче од никој, деца обожава, во градинка се адаптира... Ние и во најладното ја шетавме а колку беше мала... Мислам дека некои мајки донекаде се сами криви што се децата такви. Јас кога имаше недела дена првпат ја оставив на мм, отидов во град со пријатели. Една членка дури и ме искара дека реков дека имам еднаш неделно ден за себе, но поубаво е да е самостојно. Кога сме дома ставам во игралната со играчки и цртан ако имам работа и од мала се заигрува така, не ме бара. Може е и до детето..