Сакав да ве прашам многу си сакаме чајчиња од тие на хип не сум задоволна воопшто ,па давам бекутани хумана (кои во основа се исти анасон -коморача),ама навикнати сме да пиеме два вкуса анасон -коморача по потреба и до сеа пиевме камилица на хип ама овој планирам да го сменам ,некој совет кој да биде вториот вкус ? и Дали сте давале од оние овошните чаеви за по 4 или 6 месеци што се ?
Мами можно е бебушка да е настината ,мислам може да префати настинка пошто поголемата дадичка е настината и нокеска малово цела нок не спиеше кива и се закашлува ,крчи ,што да правам да ја носам одма на педијатар? 8 дена сме стари ...
Пепита јас мислам дека не е настината. Сега кога ќе се сетам моево првите неколку недели се утепуваше од кивање и кашлање, мене на клиника ми рекоа да ја ставам првите недели на повисоко перниче да спие, бидејќи сеуште се чистеле и од водата, а и додека да им се воспостави дигестивниот процес они се чистат од млекцето преку кивање, кашлање и така... Јас се надевам дека и кај вас е тоа...но доколку преметуваш дека не е само тоа во прашење, однеси ја на педијатар да не му ја мислиш...
еве ја женска и денес денот го преспа ја будам за цицање , ја гледам додека спие диши на носе устето и е затворено , претпоставувам дека се чисти зошто многу кива ,а гледам да одржувам еднакава температура на цел спрат ,пред малку беше будна и подкашлува од време на време ,ке видам нокеска како ке биде
Pepitce I mene maliot mi kiva,pocna u da kasla,noseto krci...ama mislam deka se cistat I deka e normalno Bas bese patronaznata sestra I mi rece da ne se sekiram deka bilo normalno
и мене патронажната ми рече дека е нормано да кива и кашла, ама еве веке цел месец кај нас трај, до душа син ми се роди и со затнат нос. А и навечер многу ми крчи со носето како слајмче има никако да го плукни.
Исто и моето беше на ваша возраст, хрчеше нон стоп, а немаше ништо, кога пробав да му вадам мрсолчиња нема ништо само водичка вадев и само по себе си помина, не му ставав никакви капки ете денес сме 3 месеци и нема ништо, сигурно е дека се чисти во првите днеови и недели од животот. А за кивање си кива уште од првиот ден кога се роди, секојдневно си е кивањето и тоа по неколку пати на ден. Кога бевме на педијатар прашав за кијањето и ми рекоа дека е нормално, а и јас не гледам причина за секирање, бидејќи детето ми е супер, не гледам дека е настинато, значи нормална појава си е кивањето.
денес беше патронажната сестра рече можно е да префатила од дадичка пошто кашла а кога кива и излегуваат мрсулчиња ,и ги исчистив со пумпица ,еве ја цел ден спие ја будам за цицање диши на носе кога ке се разбуди одма почнува да кашла ,а за кивањето знам дека не е страшно ,сестрата рече да и ставам физиолошки раствор во носето која држам за го да правам не ми се носи по докрбчето ми хрчи ,не знам што да к правам не ми се носи по доктори од сега ,а еве уште утре ке чекам после ми е страв ке фати викенд ....
Мамички да ве прашам...ние денеска ја примивме вакцината за ДиТеПер и малава има температура 37.5. ама некако денеска постепено и се креваше температурата и ноќва незнам што ќе биде и до колку ќе качи.Прашањето ми е колку вие качувавте температура и колку дена трае ова?
Силк ние до сега кога сме примале вакцини а ни кажале дека ке има реакција,после еден час му давам одма сируче како превентива и да не го заречам немало реакција никаква,подобро спречити него лечити
Пепита еве и ние со женската имаме проблем,исто мислам дека ми е настината,цело време е кенкава,слабо цица,и течи носето. Ќе ја носам на педијатар утре.
Ама мене ми рекоа ако качи над 38 степени тогаш да и дадам сирупче. Ако вака тера ќе и дадам да се напие.Фала на одговорот
И мене ми рекоа ако качи над 38 тогаш да и дадам сируп, јас баш прашав дали да и дадам превентивно - ми рече НЕ, да оставам организмот сам да се избори. Среќа од првата доза не качи температура, за две недели ќе прими втора доза. Реакција ако има би требало да има до третиот ден од вакцинирањето, потоа не.
искрено и јас знам да не се дава ништо додека не крене над 38 температура, ама јас поучена од првиот пат , а и педијатар така ми рече , веднаш штом излеземе од на лекар му давам ефералган. првиот пат одма ми крена тепмература и тоа за мн кратко време,и само шо ке му спаднеше пак креваше, така беше цела нок а и го капевме, помалку беше облечено ама џабе, ете таков муе организмот на бебушко ,мој
мојата принцезичка евеке три недели но многу ја боли меше барав да и дадат некои капки или чајче велат мала е нека помине месец а мене срце ми се кине кога се грчи од мешето
Пробај со термофорчшњата мали што се за бебенца ги има по аптекиве.Претходно ќе ставиш пеленка па термофорот одозгора.Од сите капки мислам дека тоа највеќе помага.
Кај внука ми многу помагаше домашно направено мало перниче внатре со трици. Некој стар материјал ке си го направиш како калапче за мало перниче и внатре ќе ставиш трици- кои можеш да ги купиш од аптека, и ќе го зашиеш перничето (нормално од сите 4 страни да е затворено).Перничето ќе затоплуваш со пегла и ќе го ставаш на стомачето. Исто така масажата на стомачето многу помага а и вежбичките што им ги правиме за ножињата- се исто ефикасни за грчевите-им помагаат полесно да се "издишат". Барем така беше кај синко мој, иако не е баш некој репер, оти немаше многу грчеви. Со лесно
dreame.girle zemi kapki espumisan malku se skapi ama mnooogu se efikasni malo sisence e 320den ama ke spie kako bebe
Ич не му ја мисли за чајче туку да си земиш и да му даваш дали на бекутан, дали од нане, можеш и ким превриен, не е мало јас уште од првата недела почнав да му давам, а и капките еспумисан како што ти кажа симон. Мене и педиатарот и патронажната ми рекоја можи со чајче дури и до 150 мл на ден од бекутн, а и друг исто така. Нас бекутанот многу ни помогна, пробав и со триците како перниче имав ама од топлото ми се нафрли, а од капките му потпоминува по некогаш