Мајки, денес ни дадоа упут за на очно, на малата едното окце и е како позатворено (помало). Вака не се примеќа ама на некои слики имав забележано. Што би можело да биде, има ли некоја вакво искуство? Многу сум загрижена.
Здраво мајки Дали сте.се.соочиле.со малку накачени лимфоцити во крвта на бебо? Тоа нели значи дека тлее некое вирувче....а вака не е болен да има ворус? Што ве советувале педијатри во такви ситуации? Нам.ни рекоа да почекаме за вакцина(уште не сме вакцинитани), а уназат на неколку испитувања лимфоцитите ни се накачени. Ај споделете искуство какви биле рез на вашите бебовци
Обично се качуваат при вирусна инфекција на респираторен систем но ако се благо покачени кај деца тоа една година е сосем нормално
Nas limfocitite ni se pokacija koga napravi alergija na batat, mu potekoa pozadi usi limfnite zlezdi, najverojatno kako rezultat od alergijata. Eve sega imame virus nekoj pak se pokaceni
Мајки имам едно прашање до вас.. На бебуш му е прилично сува кожата на образите,а и на рачињата му излегоа суви црвени површини на надворешната страна кај лактите... Го мачкам со крема од биодерма за превенција на атопичен дерматит(препорака од лекар),но нема значително подобрување... Инаку го капам преку еден ден со купка на Веледа,не би требало да му прави проблем... Да ми препорачате некоја крема во меѓувреме,во вторник сме на контрола?
Исти сме, само на мојата и колената и листовите позади и се црвени и рапави. Како превенција од атопичен дерматит користам еуцерин атопиконтрол. Ништо посебно не делува, а доста е скапо. Ја бањам со маслената купка од еуцерин од раѓање. Единствено што смирува е една крема со пантенол во аптека ми ја прават. 2 пати ја дадов кога веќе почна и крв да и тече толку што беше испукано. Но, кортико има и не ја користам секогаш. Исто така задоволна сум од витаминската крема на галафарм-бејбигал. Ја мачкам во дебели слоеви и забележувам дека не е многу сува на наредните пресоблакања.
И мојата има црвени површини на обравчињата и челото, а има и малку црвенило на главчето. Матичната ми препиша пантексол крема да мачкам два пати дневно
Мајки два дена малата ми плаче многу. Неможе да заспие .. спие по 15 минути и станува со плачење како да се плаши од нешто .. вчераво 12 сати спиеше само сат ипол.. незнам дали ја боли нешто .. кога има грчеви по друго се понаша сега мие чудна вака ..
На скок во развој или кога пробува некое забче да пробие ми звучи. Кај мојата тогаш беше така. Обично траеле фазите од неколку денови па до 1-2 недели.
Денес правиме 2 месеци малечка е .. некои ми викаат демек може ја урочил некој ама не верувам во тие работи ,, незнам што да мислам спие 15 мин два сати плаче .. а дур спие некако подскокнува и плаче во сон ..
На моево му се деси истото пред некој ден 30 саати немаше сон само 15 минутни дремки и константно плачење, полудев и јас и тоа. Сфатив дека му смета гужва и галама бидејки истиот ден се собраа луѓе за повојница,а тоа ми се деси одма откако си отидоа. Еве сега се е нормално.
Кај мене вчера беа мајками таткоми исто галама.. ја гушкаа и збореа неможе раат да заспие .. реков може и прошол сонот .. можно да е од галама и од други луѓе зашто нон стоп сме само јас и таа дома и све во тишина научена е ..и плус сега ми текна и на гости кога ја носам .. кога ќе се вратам дома она тешко заспива .. затоа помислив од урок да не е .. секое излагање или ако дојде некој после нешто се дешава со неа.. а несакам да се учи така сама .