Мами незнам што му стана на бебушов ми одбива цице,плаче зајдува од плачење ,незнам што му е,а млеко имам. Само кога е сонлив успевам убаво да го нацицам. Инаку сме 2 месеци. Можно ли е да е скок во развој или рано е за тоа?
@majavel1 знам и син ми околу 3месеци беше кога одбиваше да цица и плачеше..Но упорна бев па за околу 10 дена се среди се..Издржи стисни заби ке помине
Нема му го прегледувам стално јазичето,веројатно е фаза Добра си ти,мојава живее на долниот кат и а го чуе плаче улетува ко да плаче ради мене. Вика што праиш? Што плаче? На крај ми пукна филм викам еве го мачам, Бог да чува. Уште ми го граба од рака дај јас ке го смирам. Абе да се убиеш Отидов оф топик се извинувам,али муки со свекрви тоа е
Same here има и други дешавки ама ај да не ја полниме темава со тоа Јас како млада неискусна мајка може ви сум досадна со прашања ама што да ви правам нема кого да прашам друг На ќерками и се менува кожата на устата, ми рекоа имало некоја маст што можам да ја мачкам .. дали сте имае слично искуство ?
Мајки, има ли некој друг проблем со столицата како нас....? Кога беше на интензивно доење се случуваше и по 5 дена да не кака. Ок, нормално било. Почнавме со цврста храна, вкусови пробуваме и фактички имаме еден оброк. Какаше по еднаш во денот, особено слива ако јаде. Меѓутоа, еве трет ден не е покакан. А баш во овие три дена и слива и круша имавме како оброк. И јас имам нередовна столица, ама мало бебе....а нема никаков проблем, не плаче да речиш го боли меше...ништо нема, само загрижени родители
Стара искусна бабица ни кажуваше за кога бебето има жолтица да му дадеме една капка цеден лимон и одма се чистела жолтицата.
Ти ја објасни ли бар поврзаноста на капката лимон со жолтицата? Жолтицата се чисти преку интезивно доење т.с примена на течности.Што е магична капката лимон еве незнам сем што може да се нафрли бебето страшно од лимон
Јас не би дала лимон. Давам малце вода по препорака на педијатар. Инаку за лимонов мене ми викаа кога ика да сум му дала лимон и ќе престанело. Не сум пробала и не би.
Неколку дена по ред цело време го пушта јазичето надвор до што може да е, до сега не правеше така? Речиси после секое цицање повраќа? Дали е така бидејќи се прејало или може да има и друга причина некоја? На јазикот има малку бело така, но не и е црвен. Не знам дали е од млекото и останува на јазикот или сепак е габична инфекција. Од окото цело време му тече секрет, од едното само, од раѓање уште, го поминувам со памук со камилица, но се уште му тече. Кива скоро секој ден, дали му е ладно или се прочистува се уште? Кога отприлика ќе почне да цица определено време на определено време. На пример по 15-20 минути на 2-3 часа. Бидејќи сега се уште сме цело време на цицка. Сега за сега ми е претешко. Дали после тие 40 дена ќе биде подобро? Ако можете одговорете. Инаку уште два дена еден месец правиме.
За јазичето-нормално е,не се грижи. На око не ставај чај од камилица туку физиолошки раствор строго на стерилна газа но првин нека го види педијатар можеби би требало брис.. исто така и за јазичето можеби е кандида... И кивањето е нормално и бљуцкањето доколку си напредува... вториот месец најчесто подоите се регулираат
Koga bese bebus 2meseci go ostaviv na cuvanje. Trebase da odam do market. Go nacicav i otidov. Koga si fojfov bebus bese crven vo liceto i celo so sitni sitni bruncinja kako pitkozni kako da mu bese nababrena kozickata. Vednas go odnesov na lekar, a rabotata sto bilo-bebus pocnal na ika i stari zabi i babi mu dale kapka limon. E sega najverojatno se nafrlil od limon iako lekarot me potvrdi. Kako i da e toa bese posleden pat da go ostavam nekade bebus
Веќе некое време малата ми плаче пред скоро секое спиење.Ако е време за јадење, не сака да јаде, упорно плаче. Ако успеам да ја заспијам, малку ќе дремне, ќе стане и после ќе јаде. Синоќа речиси 2 саати со неколку прекини плачеше, и' се спие, не може да заспие, не сака да цица, ни сама незнам како конечно некако се заспавме..Не помина 20 мин почна да плаче во сон, не се буди,а плаче..некако се смиривме. Уште два три пати исто во вечерта, се додека не легна врз мене да спие и така спиеше едно 3 саати..Уште синоќа, но посебно сабајле лицето околу очињата, странично и на челото и' стана црвено, мислам од плачењето, од солзите..еве сега веќе горе долу и е смирено иако има уште црвенило.. Ја тераме 19 недела (4 ипол месеци).. Дали е скок во развој, дали се запчиња (синоќа немаше температура, но вечерта пред тоа качи до 37.2, рацете и се нонстоп во уста, вака гледам не и се отечени непцата), дали се сеуште грчеви (скоро две недели веќе не прима капки за грчеви, само пробиотик, има многу гасови и често пред да прцне знае да заплаче, веќе два ипол дена не какала), незнам.. Ако и вечер се повтори истото, ќе се консултирам и со педијатар, но во меѓувреме некој совет, некој со слично искуство, да сподели.. многу сум загрижена, нормално ли е ова однесување за овој период, има ли место за паника? Извинете за долгиот пост...
Мајка, извини морам да се насмеам, многу си ми симпатична со грижите, ме потсети на мене. Сега ми е толку далечно, а синко само што наполни 5 месеци. Ќе пробам да ти одговорам, нешто од искуство, нешто што имам читано. -Тоа што го вади јазичето е сосема нормално, сега е тоа, потоа ќе почне да ги става рацете во уста, па ќе почне да брмчи... периоди, секогаш различни и интересни. -Моето не повраќаше толку мало, затоа сега надокнадува. Гледај да подригнува по цицање, ако треба држи го и по пола саат, битно е да подригне за да не ти повраќа. Држете го исправено, и труди се да не го стискате за мешето. Ако сето тоа е исполнето, а пак повраќа, консултирај се со педијатар, можно е да се работи за рефлукс. -Со ова немам искуство, нека го погледне педијатар, сигурно сега кога ќе наполни месец ќе го носите советувалиште. -Окцето чистење само со физиолошки или со превриена вода, со чиста газичка или памукче, од надвор кон внатре. Запушено му е солзното каналче, масирај со малото прсте, на врвот од окото да се отвори. После неколку дена треба да е подобро. Ако гурелките се со зелена или интензивно жолта боја обавезно земете брис. -Моето киваше до 40 дена. Се прочистуваат од плодовата вода. -Синко после вториот месец почна да цица на 2 часа. До тогаш исто цело време спиеше на града. Сега за 5 минути се нацицува и го држи по 3 часа. -Со секој ден ќе ти е се полесно. Сега ви е олеснително што е убаво времето, излегувајте почесто надвор, немој да чекате 40 дена. Свежиот воздух им годи најмногу, ќе си спие поубаво, а богами и на тебе многу ќе ти годи. Без невози мајка, чувајте се и гушкајте се, времето брзо минува, нема ни да сетиме колку брзо ќе пораснат.
Читам некои мајки се загрижени за децата немаат редовна столица , и мојата е иста во аптека ми го препорачаа оваа доле на сликава, мислам дека камилица има и кај нас помага одма , малце и ставам за 5 минути кака ... пробајте
Ако го доиш, нема потреба од ова. Не создава зависност, ни мрзливи црева, ама користи го ако бебето ептен има мака и не може да се искака и после масажа на мешето и вежбички со ноџињата.
Ја дојам ама и дохрана давам , и ставам од оваа кога ептен плаче или ако не кака неколку дена ... аптекарката ми рече дека е сосема природно "камилица и уште нешто заборавив па се надевам нема да и штети
- Сега ќе започнува со све нешто ново и ќе ти е забавно - Вишокот што и останува од цицањето си го бљуцка. Глеј да ждригне. Мада искрено мојов се прецицува често и иако ждригнува понекогаш и бљуцка. - Тоа на јазичето, а и во внатрешноста на обравчињата има ( не си приметила) , а може и кај и да е да се појави. Тоа се вика СООР ( читни на гугле ). Тоа е кандида. Ќе си идеш во аптека и ќе купиш Нистатин ( во аптека ќе ти разредат ), 7дена се користи шипенцето и се фрла. Докилку Соорот не се повлече продолжуваш пак. Еве ние веќе 3ти пат како го користиме. 90% се појавува кај ексклузивно доени бебиња. Не е нипто страшно не паничи. Ќе ти кажат во аптека по колку оати на ден. Ние ставаме 3×10 капки. Со тоа што му капнувам на јазиче, му го вртам лево/десно главчето и капнувам во внатрешноста на обравчињата. Педијатарката ме советуваше и со превриена вода во филџан кафе се става 1 лажица сода бикарбона, па со стапче за уши брцнуваш и го поминуваш јазичето и обравчињата, па после ставаш Нистатин. ( слика од Нистатинот доле ќе ти прикачам ) Одма почни со ова за да не се прошири низ усната шуплина и грлото зашто ќе нејќе да ти цица ќе му прави болка и да не дојдеш до онаа фаза ( имаш на слики на гугле ) да се зациментира тоа белото и потешко се вади ќе треба време, а бебе ќе се одбие ( кај некој дошло и до одбивање од цице ). И да бе заборавам дека од мајката се префаќа Соор. Значи обавезно ќе си миеш гради и ќе си ги мачкаш брадавиците и ти со Нистатинот по неколку пати на ден обавезно, за да не си ја пренесувате еднен на друг. - За окцето сепак е око не е за експериментирање, неможеш да примениш нешто што друг применил зашто не се знае може е иритација, може бактерија, може прашинка, може пд кремата или шампонот иритација итн. Обавезно на педијатар и таму ќе те посоветуваат. - Кивањето и икањето се најнормална појава ( имаш статии за ова на гугле и истражувања ) - Зависи од детето. Има што од почеток цицаат на 2-3ч, некој покасно воведуваат сами ред, а некој се со месеци на цице. Мојов еве скоро сме 2 мес и е само на цице и не ми смета ( затоа се вика слободно доење - кога сака и колку сака) битно да напредува супер. Мојов неделно качува и по 400гр. ( пу пу да не си го урочам Дај Боже и да си напредува вака секад ) - Пак ќе кажам зависи од детето, еве мојов е ист како и пред 40дена. Срцко бацни го бебе од нас
Мајки стигнавме во македонија како и што требаше. Бебево не сум го носела никаде. Од такси до дома и од дома со такси но почна да шмрчка со носето и да поткашлува? Знам дека е нормално плус промена на клима. Ќе го носам и на педијатар јас секако но искуство да споделите некое почнав да се плашам да не настине ептен?