Мајки ние сме скоро 4 месеци и последниве два дена некако урината и мириса чудно можно ли е да има бактерија ,сте имале ли ваков проблем,утре ке и однесам во лаб преглед на урина па да видиме што е
Мирисот на урината зависи од исхраната. Ама бебе е мало, претпоставувам дека е само на мајчино млеко, евентуално на вештачко. Иначе, интензивен мирис на урина, најчесто е показател за инфекција на уринарни патишта. Јас би советувала што поскоро на доктор. Можно е да се работи и за бактерија. Поздрав и секое добро.
Mamicki kako e pravilno da kaka vaseto bebe? Moevo vo poslednive tri dena kako nevoobicaeno od prethodno. Stolicata mu e temno zlatna I e so zasilen smrdliv miris, potecna e I ima gasovi koi mirisaat kako kaj vozrasen covek.Neznam sto bi mozelo da bide, dali nekoj slicno imal vaka kaj bebus, moevo e dva meseci I e samo na majcino mlekce
Најверојатно е настинато. Да не му е ладно? Знам дека е топло деновиве, ама сепак бебињата немаат развиен систем за терморегулација, па претераното потење може да доведе до преголемо разладување на телото и настинка. Сепак е мало бебе. Може пробиотик да даваш и пази ноџињата да му бидат топли. Во вакви случаи сум ставала затоплена пелена на стомачето и брзо поминувало, ама сега е претопло за тоа. Ако ви е поладно дома, облекувај го соодветно за температурата.
@gjoker4e кај сте, како сте? Како е бебушката и ситуацијата дома, се подобри ли? Фрливте ли бодињатс и шпихозните?
Znaes deka me zamisli so ova.Najverovatno mu e bilo ladnecko ovie denovi polesna obleka mu stavav bidejki bese toplo no sepak e bebence mora da vnimavam se nadevam kepomine za nekojden sme na vakcina
@Mari-Ja ти благодарам што си помислила на мене. Ситуацијата е подобрена, но не и средена целосно. Уште сме кај свекрва ми, но повремено седиме и кај маж ми и мајка ми, а од септември здравје би требало да сме само ние тројца. Едвај чекам да пишам во темата снаи и свекрви, немам време. Сега е нормално облечено, таман купивме капки секретот од очите сам му помина точно на 40тиот ден, ноктите чекам погоден момент да ги исечам и така. Имаме еден проблем кај вратот има црвенило и бели гурелки најверојатно од топлото и дека ич не му се гледа вратот како свивка е тука кожата и месото не знам како да објаснам и се јавува црвенило, го чистам со камилица, но ќе треба да се обратам кај матичната. Читав на гугл се јавувало кај понапредните бебиња поради поголемо масно ткиво кај вратот. Имате ли некој совет за вакво нешто/
Мамички ние денеска стигнавме дома од болница и не знам што да правиме, прво кога го пресоблакате бебето сте го мачкале со нешто, павловичева или нешто слично? Градите ми се отечени а немам уште мн млеко, како да ги измасирам за да ми оддечат, вака подуени не сака да фати да цицка. Ау не знам што да правам, ве молам за совети, за се што ми треба од почеток, се изгубив, паника ме фати
добредојдовте дома на сменувањр пеленка павловичева или некој др детски заштитен крем ако си имаш набавено и искрено јас ако не е потпарена не а шлакам на секое мењање Ти што си имаш земено ? е сега за капење мене ко ме пуштиа сабајлето си беше капено на болн првата вечер нас мн касно не фати дома и не а избањаме веќе и си беше ако си сакаш можи да го ишлапкаш за гради кога идеше патронажната ми даде совет за да ми омекнат со топла крпа да ги истапкам или ако можам да се истуширам од топлото опуштаат они и не се секирај биди опуштрна ќе фати тоа седни си на кревет перниче зад тебе и намести го на града пробувај ако си е гладно охоо нема да а остави каква и дае незн др што би ти кажала помогнала прашај за нешо подетално ако има др пушти музиче нека се учи на бучава
Честито синче мајка! Да е живо и здраво и само радости да ви носи! Нека не те фаќа паника, само смирено и сё ќе биде во ред. Млеко имаш многу штом ти се отечени градите, само што каналите ти се запушени и затоа не тече. Потребно е да ги одзатнеш со масажи, под топол туш (со колку што можеш пожешка вода) стави ја едната рака од долу, другата од горе и масирај во спротивен правец, биди упорна додека не почне да тече млеко. Истава масажа е најефикасна над пареа, ама сега не би ти ја препорачала зашто и онака е спарно, може да ти се слоши над пареата (јас едвај зимото издржував). После туширање откако ќе омекнат малку градите понуди му на бебуш да цица, тоа исто ќе помогне за одзатнување на каналите. За ден-два ќе се средите, ако во меѓувреме му даваш АД само со шприц, со шише никако, зашто многу е веројатно потоа да не сака на града. За мачкање на пеленска регија според мене најдобра е Веледа, но само ако се поцрви, секојдневно мачкање посебно на жешкото - НЕ. Поздрав, чувајте се, па ако треба нешто тука сме.
На болница ништо ли не ти кажаа? Бебе не мачкај со крема на секое преслакање, жешко е и онака. Ако има црвено газе, тоа е друго. Во таков случај често одмивање со чиста вода, нека си помрда малку без пелена кога го слекуваш и крема со цинк во тенок слој. Многу млеко не постои, во смисла да чекаш многу да ти надојде, штом имаш отечени гради ти имаш млеко. Јас исто така бев потечена кога дојдов дома, а уште не знаев дека млекото е. Не знам како си замислував дека изгледа доаѓањето на млекото Канали нема ништо да ти одзатне толку лесно како цицањето. Силата на бебуш е неспоредлива. Ставај и топло и туширај се со топла вода. Додека се тушираш, масирај ги со сапун. И не давај шише.
Здраво. Добро дојдовте дома. Живи и здрави да сте. Грижа и нега требало да ти објаснат во болницата. Мада, ништо страшно и ништо тешко не е. Ако има проблеми со кожата се препорачува павловиќева. Можеш да употребуваш и малку влажна пелена со топла вода и камилица. По секое пресоблекување бебе се брише со влажни марамици или влажна пелена. Посебно внимание треба да обрнеш на папокот. Горниот дел од пелената, малку треба да се превитка, за да дојде под папокот, со цел истиот да не се влажни со урина, и да има можност да се суши и падне. Треба да го бришеш папокот, минимум два пати дневно. Повеќе, ако има потреба од тоа. На почетокот, додека не падне папокот некои препорачуваат бебето да не се бања. Доколку го бањаш, прекриј му го делот кај попокот со крпче за да не се влажни. Иначе, до паѓање на папок, препорачливо е бебето да се мие, т.е пребришува со влажна крпа, од глава до доле. По миење, мачкаш уље, млеко, или друга бебешка крема. Не мораш постојано. Ова се препорачува навечер, пред спиење. За да заспие полесно, и да стекне рутина. Иначе, ќе го пресоблекуваш по потреба. Најчесто е тоа 6 до 8 пати. Прави го пред доење. Нечистотијата се брише од напред кон назад. Да спречиш незгода, за време на пресоблекување стави подлога под него. Просторијата кај што седи бебето треба да е добро осветлена и со прилагодена температура. Внимавај ако бебето има засеци на кожата. Тоа е нормално, но потребна е исто нега и хигиена за да не се растрие. Бришеш и мачкаш крема на засеците. Што се однесува до млекото. Најчесто доаѓа од 3 до 5 дена. Многу е важно бебето да цица/влече иако немаш млеко. Така се најголеми шансите, дури и 100 % да надојде млекото. Исто, многу е важно да се опуштиш, да немаш стрес, да спиеш доволно (секогаш кога спие бебе, одмарај се) да пиеш течности, за да дојде млекото. Прво доаѓа колострум (жолта течност). За бебе и тука има хранливи материи, а потоа ќе ти надојде млеко. Ставај топли облоги и прави благи масажи од горе надоле. Топол туш исто. На почетокот на доењето може да имаш и болки во брадавиците, ама тоа поминува со тек на време и е нормално. Бебето ставај го наизменично на двете гради и во правилна позиција. Чим имаш болни и отечени гради, ќе ти доаѓа млеко. Ако бебето ти заспива за време на доење, буди го, така што благо ќе го штипнеш за обравчето. Значи нешто како галење, не мислам на право штипкање. Или по увцето. Препорачливо е доење, 10 минути на едната и 10 на другата града, но не значи дека не треба да му дозволиш да цица колку сака. 10 минути е минимумот. Бебето треба да цица секогаш кога ќе побара. Ако не бара, тогаш доењето е на секои 4 саати, освен ноќе. Не го буди за цицање. Не се откажувај. Биди упорна. Доењето е тешко и за мајката и за бебето. Но упорноста ќе ви се исплати, а од истото нема ништо подобро и поздраво. Поздрав и секое добро. Јас се изнапишував тука.
брисот беше негативен нема бактерија.колку повеќе ја чистам толку повеќе и се собираат гурелки.другаркиве од искуство ми рекоа дека после 4 месец сами по себе ке се исчистат
мамички тие што користите хип комбиотик најевтин е во рамстор (замислете) поздрав добра ноќ денес конечно купивме нови шишиња на авент едвај најдов пластични големи и широки.буцко пие по 150 мл па во претходните шишиња беше невозможно да се измеша кнап беа.другите се некако тесни во цуцлата и стаклени. иначе најдов цуцли мамачки со рапав крај за да си ги чешкаат непцата за заби.ново ама ќе видиме дали ќе ја сакаат.
Ставајму бебешка пудра за суво да седи местото ,, има црвенило зашто се поти или од храната ако му истече и тоа место седи лигаво неможе да се иссуши
Мамички во последно приметив дека ќерками е вруќа во главичето .. телото не и е топло само главата . Мерев температура 37,4 мерев кај газето и ми рекоа да тргнам 5 значи 36,9 доаѓа .дали е тоа добро и од што би можело да е топла.. дали може од запчињата иначе имае 3 месеци и 13 дена
Мајки ум немам.. Еден месец бебево, ама со кожичкава никско да се средиме.. Педијатарот од болница прво ми велеше сува е, после дерматит, нс кожен ми велат ќе се среди а мене ми изгледа како алергија.. Утре го менувам прашакот за перење.. До сега перев со персил сензитив, сушсм во сушара и се пеглам.. Ќе земам фрош по препорака од матичната телефонски.. Не бепе тука деновиве таа го немс видено.. Цело телце е вака нафрлено.. Некоја со сличен проблем? Мислите дека е алергија? Спојлер
Да не се поти можеби..? Или му е претопло? Доколку сте на доење исфрли можни алергени од исхраната...
Нервозно е? Јас мислам претоплено е, гледам поизразено е црвенилото кај што се лепи пелената. Смени детергент, во секој случај, мада не мислам да е од тоа. Велиш во машина ги сушиш инаку ќе помислев дека алиштата се полазани при сушење. На твое место јас на кожно ќе бев замината, паничар тежок. Ајде па извести не.