Пред 2 недели кога бевме во Букурешт- Румунска на вакцина таму педијатарката при контрола, као ги пипна јајцињата и вика : аааа мајка има малку вода, ама ќе следиме. Ја прашав ама што, ама како и добив одговор : Оставиме да работам ќе видиме следна вакцина ќе проверам пак. Од таму директ кај матичната педијатарка и кога и спомнав добив одговор : Мајка не ти спомнав јас за да не те секирам, остај ќе следиме и ако нема промена ќе идете на уролог. Значи таман работа да оставам на едно мислење Јасно ми е се изначиѕав све во врска со овој проблем. Но, наидов на поделени стручни мослења и на различни исходи на мајки. Внук ми ја има онаа обична ( така да ја наречам килата ) и не му се повлече, му се вкрсти сега брзо и тоа беше страшна глетка како дете зајдуваше од плачење. Сега закажаа операција. Во поглед на таа кила знам како и што иде работата. Али за оваа водена кила навистина прв пат слушнав. Најбитно нешто што ме интересира е дали го боли? Еве некад плаче, јасно ми е дека може се грчеви, глад, му се спие, мокри пелени итн. Но, искрено некогаш кога плаче се прашувам да не го боли па затоа да плаче. Тоа го гуглав и никаде неможам да најдам податок дали овој вид на кила, водена кила дали предизвикува болка како обичната кила.
@sofi2107 не боли, тоа е само вода, моето и на ехо го гледаше уролог на 1 месец, и на снимката се гледа дека се работи за хидроцела/ водена кила. Му се повлече постепено до 4-5 месеци.
Фала ти нај ама најмногу Ми олесна најискрено зашто свашта се изначитав. А, кога ја прашувам матичнава последниве 2 контроли само ми одговара : ајде уживај ќе следиме и не прашувај многу зашто че те боли глава само. Хммм. Фала ти и се надевам ќе му се повлече што поскоро за да не го мислам. Искрено дури и во кенгур веќе не го ставам од мисла да не го боли, стега или да не му направи поголем проблем.
мамички хелп почнувам да се загрижувам бебушка е скоро 40 дена се нема искакано од неделата вечерта , вчера цела ден ништо само мочки полни и сабаје пелена само мочки а во неделата дури вечерта се искака цела ден не беше какана и од тогаш наваки ништо пак вака не е кенкава си цица све тоа јас пазам на исхраната од старт претходната ден мн и прткаше цела ден .. Што би можело да е ? :/ да се оди на док одма или да почекаме или некое решение при вакви ситуации ..
доколку е на доење мислам дека може и до 7 дена се толерира, па после тоа да се бара помош, мене ми помагаше пиев домашен сок од кајсија, компот од сливи, но не во големи количини. сепак можеш да се слушнеш зо матичниот педијатар за да ти биде помирно душичето
Нормално е до 7 дена, ако е бебе исклучиво на доење. Можеш и да го испровоцираш малце. Бутни топломер во газето и ќе се опушти. Над 7 дена не е во ред. Јади сливи, тоа многу помага.
да да само на доење си е од старт и увек полни пелени сега наеднаш пресечи и тоа ме загрижи а и одма паничам баш со сливи ќе пробам а верувам до после дека и ќе звонам до 7 дена охоо ако не се опорави до вечер и тоа ќе го направам со топломерче сега некако и коа и иде да прдне ко да напнува малце а мачи осеќам незн фали има врска ама на се ќе помислиш можно ли е пред 5/6 дена имаше така два дена потечно па баш се погодивме за вакцина и ни дадоа линекс форте за бебиња капките и и давав па до пред два дена од тие а пред нив користеме коли преф не мачеа малце грчеви гасови и сеа од вчера ручекта и ги прекинав од мисла овие линекс да не и влијаат спротивно тие
Ништо не чепкај и не ставај во газето, ќе се искака само. Ако нема мака и мешето е меко, немаш причина за грижа. Земи касни компот од сливи, праски, ќе делува на неа преку млекото. Линексот е пробиотик и делува на нормализирање на столицата, може само да помогне, заедно со капките против грчеви. Следи го детето, само ќе ти покаже дали му е тешко или не. Топломер во газе не би бутала, па што сака нека е.
@Poppins Ако дијареа има повеќе од 24 часа, тогаш се консултира педијатар. Меѓутоа е нормално бебе во првиот месец да има потечна столица, но истата да не е пропратена со други симптоми. Нема реакција од линексот и не му делува спротивно. Оти после првиот месец, зачестеноста на столицата се намалува, преку еден ден. Многу е нормално бебе од месец дена кое е на доење да нема столица до 7 дена. Шансите за запек се минимални, оти дигестивниот систем кај бебето уште се адаптира. Освен столицата, следи ја и урината. Ама ако е расположено, цица, мокри добро и нема други симптоми, тогаш е се во ред. Нормално е и да има грчеви, сеуште се навикнува на исхраната. Тоа го поминуваат сите бебиња. Ќе биде добро, без грижи. Поздрав.
@vitamina proliv se racuna ako e mnogu cesto, vo sprotivno e tecna stolica. Davaj probiotik no doziraj kako za proliv ako postoi kako opcija vo upatstvoto. Osven cicanje drigo nesto pie?
По искуство на сестра ми и пријателките со нивните деца, го применив и јас и еве го синко скоро 3 месеци и многу лесно поминавме со грчевите скоро и да ги немаше. Секој ден кака па и по неколку пати. Испушта гасови може да кажам по цел ден Варам цело ѓезве вода со внатре ким ( ставам повеќе ким може и 15-20 зрнца, штета од тоа се нема сано повеќе гасови ќе има што е во корист, така мајка ми на мене и сестрами по толку ставала ) откако ќе зоврие оставам 15мин да отстои. После цедам и од таа вода си правам за мене чај од Хип ( на ексклузивно доење сме ) и на синко му правам од бекутан чајчето. Во текот на денот му правам и вежби со ноџињата ( му ги исправам и свиткани му ги притискам накај мешето ама нежно сето тоа ) така ги ослободува гасовите му се прави притисок на мешето. Пробај вака мајка. И никогаш, ама никогаш топломерче во газе не се става ( тоа е застарен метод ) прво жу ги правиш мрзливи цревата и ќе се навикнува на тој метод на потпомогнато празнење ма цревата и најстрашно е што може да го повредиш. Со лесно мајка.
од сам почеток давав пробиотик био гаја ( ми ги дадоа во систина на излегување од болница) и скоро и да немавме проблеми со грчеви и какање . Ги пиеше континуирано до 4 месеци. Прашај си го педијатарот за капкиве. Еве сме сега веке 10 месеци па пак знам да му дадам повремено , многу се добри не само за мешето туку и за имунитет.
Фала ви мами за советите ќе видам низ текот на денот како ќе се одвива ако не мењаме капки и чајче ќе и дадам пак .. а за тоа топломерче да деф се премислив нема шанси да ставам исто ми кажаа дека ствара мрзливи цревца дека и масажа убаво влијае од папоко надоле нежно .. аа на сиве маки уште фале коа ќе дојде баба и ќе ти каже пикни сапунче со нивните методи од пред 20 год
Ништо не давав. Фала богу од вчера нема ништо. Освен аптамил друго ништо сеуште не давам. Ќе следам следна кака како ќе биде ама штом до сега немаше ништо најверојатно не е ништо страшно.
Утре ќе ти пишам.. Имаме термин за утре.. А го виде семејна пријателка спец др. Алерголог во пензија рече дека е контактно, не од храна јас што јадам бидејќи било уште мало.. Имало од мојот имунитет.. Утре нс детски спец за алергија сме па ќе видиме.. Исправ дел од алиштата.. Како подповлечено е еве трет ден...
Мајки, да ве прашам за совет- имаме месец ипол и обравчињата ни се многу груби и кожата рапава. Со првото немав ваков случај. Да чекам да не е мал или да мачкам нешто?
Ако не се вцрвенети нормално е. Некои советуваат еозин или хиперманган ама најчесто само по себе поминува затоа што најверојатно се чисти од хормоните... сепак прашај педијатар
И моето бебе имаше рапава кожа на обравчињата можеби до 3 месеци... сега е мазна (но има атопичен дерматит и повремено се суши и вцрвува но не е рапава на образите) ми кажа педијатарот тогаш дека е нормално и си помина без ништо