Мајки 5 ипол месеци сме и треба да почнеме со ад. Досега нормално само цицавме па почнавме малку и кашички од 5 месец ама сепак има потреба и од дохрана со млеко. Проблемот е што не сака да го смисли на сите начини пробавме да и дадеме и не бива никако. Некоја со слично искуство да ми каже некој начин знам дека нема правила ама ете би сакала да споделите ваше искуство сигурно има некоја што била како мене. Како помала пиеше чајче значи пиеше од цуцла ама сега воопшто ништо не сака ни чај ни вода пробав да и давам а камоли тоа млеко. Пробав и со цприц ама џабе и го ставам млекото кога не го голта или со сила што ке голтне ама не е тоа тоа треба да пие отприлика по 90 мл што не е можно да и се даде на сила. Значи пробав и да се измолзам да и дадам од тоа да пие од шише па мислев да ги сменам после шишињата ама пак нејкеше дали е исплашена од шишето па не ни проба какво е млекото незнам. И заспана кога беше пробав да и дадам таа се разбуди и почна да плаче . Инаку јас уште имам млеко ама не и е доволно значи треба и да цица и плус тоа а не само тоа. Ве молам секој совет е добредојден. Однапред благодарам.
Здраво мајки Незнам дали прашањево ми е за тука ама да си прашам Имам 3+ месечно бебе и почна да кашла и носето полно го однесов на педијатар и земавме брис од нос и грло и излезе бактерија стафилококус ауреус ни дадоа физиолошки раствор со инекција растворена да ставаме во носето, ме интересира дали имал некој искуство со оваа бактерија и како ви поминала, дали може да дојде до некој компликации? Поздрав и се извинувам на долгиот пост.
Vo se sto moze da se stavi stavam. Vo zitarkite dorucekot i vecerata obavezno, vo testenini, znaci vo se sto mozam osven vp zelencuk ne ne ide neli. Ama nie sme godina skoro.
Зошто мислиш дека има потреба од дохрана со ад млеко? Ако си цица, полни пелени и добро ја прифаќа дохраната, нема потреба од форсирање на ад млеко. Во принцип доените бебиња многу тешко прифаќаат друго млеко, особено ако се прават обиди да се воведе подоцна. И моево не го сака баш, ама понекогаш го пие, или пак во некоја житна каша ќе касне некоја лажичка, ама ептен ретко. Ако не сака цуцла, пробај со чашка со клунче или пак обична чашка. Моево од 5 месеци пие од обична, малечка чашка за ракија, само гледај да не е тенка, оти бебињата ја стегаат со виличињата/забите и може да ја скршат.
Се радувам што многу нови мамички се приклучуваме во групава Моето бебе има 25 дена и јас се измолзувам, некогаш пие по 60мл, некогаш 70, а ако е многу гладно и 90 мл на 2 саати. Секогаш кога со сила му давам повеќе одколку што сака ми повраќа. Уште и јас му го немам фатено редот, битно почна да се буди за јадење и да напредува во килажа бидејќо многу ми ослабе кога дојдов од болница. Не било лесно да си мајка, сега почнав да вррувам дека тоа е вистина Ве гушкаме со бебчето
Еве сме ние со првиот проблем Денес се разбуди малечката со затнато носе и со кивање. Иначе сме 10 дена. Искуства од вас мајки што велите? Ке треба да и давам нешто? На контрола сме понеделник ама сепак ке се слушнам и со педијатар. денес.
Majki zdravo Dali pri kakanje kaj vasite bebinja stolicata e izmesana ponekogas so beli damki, na moevo bebule mu e zolto zlatna po boja no nekogas ima belki po nea kako zasireno mleko Dali e vo red ova? 3+ meseci e
Нормално е да е затнато носето а со кивањето се чисти, јас кпнвав по две капки физиолошки раствор и со пумпица му го чистев носето. Не е плши не е натинато,и на педијатр ке ти го кажат тоа само чисти му го носето.
@Peperutka-bt И моето беше така се со затнат носе, ми кажаа од млекото да измолзам малку и потоа со пумица од оние за капките за нос да му ставам во носето. Помага, можеш да пробаш, штета нема. Потоа веднаш дај му да цица и ќе се одзатне.
Еднаш засекогаш Млеко не се шприца ни во око ни во нос ни во уста.Моментално може помага ама бидејки е благо за понатака ствара подлога за развој на бактерии во носот и окото. Секое бебе кива на старт затоа што се чисти од плодовата вода.Секое бебе ика на почеток и има затнато носе.На бебе од две недели не разбирам што влечете со пумпа и аспиратори?
Конкретно нас ни кажа педијатарот да шприцам физиолошки и да исчистам со пумпица, да не бидам гадна ама стварно излегуваа зелени мрсулчиња и после подобро дишеше, а во однос на шприцање мајчино млеко тотално се согласувам.
Во нашиот случај не се однесуваше на бактерија,не беше течен секрет туку беа зелени ама суви,како и да е се чистеше од водата и после неполн месец се нормализираше. Во секој случај нема штета од физиолошкиот,конкретно јас само му помогнав полесно да диши.