Да се надоврзам за влечење мрсулчиња со пумпа на толку мало бебе му пукнав капилар И од тогаш дури кога направи 6 месеци ја употребив пак
Кога се породив уште додека бев во болница носето му се затна, ставаа прво раствор и одма на градата да може да се одзатне, тоа мало уште не знае да тегле, маки. Пумпица за вадење мрсолчиња не сум употребувала. За мајчиното млеко добив совет дека може да ставам од тамошните сестри исто и од патронажната која доаѓаше, не сум сама измислила. Во првите неколку месеци му имам ставано неколку пати.
Па патронажните се истите што убедуваат и за широк повој па не го ставаме.Стара школа.Повеќето пред пензија и даваат совети од времето на Тито
@joy1 Во странство се породив и таму го добив советот, за првото тоа не сум ни знаела, ниту применувала. За широк повој големо Не, воопшто не се применува.
Фала на сите за советите. Од кога преспа подобра е, не е затната како што беше. Не превземам ништо засега, а баш ке прашам во понеделник што ке кажи нашата докторка за ваков проблем со носе.
Не мислам јас туку докторот кажа дека има потреба бидејќи многу малку качува тежина. Има 5 и пол месеци и само 6250 од кои само 100 г беше качено за 3 недели. Од друга страна пак, во висина си расте на секоја контрола по малку има пораснато и обем на главче си расте ама и јас мислам дека немам доволно млеко и дека не цица доволно. И сега е голем проблем. Почнав да пијам и витамини и боза и пиво и чаеви за доилки и се што ке слушнам па се надевам дека можеби ке биде подобро зошто пробав и со цуцла и со шприц и со лажиче никако не сака да го прими ако продолжи вака незнам што ке правиме.
Здраво мајки ме интересира дали навечер ги будите вашите малечки за млеко. Мојата е 8 дена когс навечер ќе и се смират грчевите накај 12-01 ќе ја наранам со млекце и спие до 5-6 доколку не ја разбудам. Сите ми велат да не ја будам ама мене ми е страв да не е гладна
Мајка ако е гладна нема да спие, не се секирај. Јас не би ја будела, освен нели ако не е пропорачано од педијатар поради жолтица и сл.
И моето си спиеше и нас ни беше жал да го будиме, кога појдовме на контрола на педијатар ни рекоа дека е многу паднато на килажа и лом не направија. Ни рекоа дека мора на 2 саати да го разбудуваме да јаде, сега више влезе во 4 недела и само се разбудува за јадење, ама до скоро мака видовме
Ако сега го научите да го будите ноќе за јадење тогаш ризикувате до 2-3 години да ви станува за јадење на секои два часа(јас сум ви пример) Бебе преку ден треба да цица редовно.Ноќта е за спиење и за бебето(така расте) и за мајката(да собере сила) Тоа што мн спијат првите 3-4 недели е дека имаат жолтица.Затоа мора преку ден да се будат често и да цицаат за да се исчисти жолтицата
Majki dali vasite bebinja na tri meseci pocnaa da se ligavat I da gi stavaat racinjata vo race.Dali uste sega e mozno da ja ceskaat zlebinite zaradi probivanje na zabcinja
И моето е нонстоп со рацете во уста. Ама не верувам дека од сега се заби во прашање. Фаза им е, осознаваат околу себе.
Здраво мамички . Последниве денови имаме проблем со бебе. Си цица редовно , му давам капки за грчеви , пие бекутан чајче , кака 5-6 пати дневно , ама имаме мака додека да се искака . Се мачи , напнува , кенка и тоа некогаш се случува и по два часа да се мачи па дури после да се искака. Некоја мамичка искуство? бтв. стари сме дваестина дена .
Истиот проблем го имавме и ние..еве сме сега два ипол месеца и за среќа веќе таков проблем немам..практикувам да му правам масажа на стомачето со кружни движења обратно од стрелките на часовникот,мешето така му се загрева и процесот на олрснување може брзо да пристигне Истовремено кога така напнува му ги подвиткувам ноџињата накај мешето за да напне полесно и ги полниме некако јако пелените хехе Капки продолжи да даваш и чајчиња ..практикувај вакви масажи мислам дека ќе ти помогнат...мене ми се спас
Мајки по колку мл чајче бекутан давате против грчеви.инаку сме 10 дена и како го давате млако или ладно и колку време пред јадење.
Јас давам четири пати на ден по 50 ml фактички 2 кесички , го давам и млако и ладно и најчесто 15 до 20 минути пред доење.