Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    :D не се секирај, мојот двете наеднаш ги бута, да може ќе ги изеде, некогаш од што ги бута точку силно му доаѓа да поврати, а исто е 3+ :)
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Јас не би советувала да даваш чај.воопшто, посебно не бекутан кој е полн шекери, и особено ако е на ексклузивно доење, многу оброк му заменуваш со чајот.Ако имате многу проблем со грчеви.пробај некои.од капките за грчеви во комбинација до некој пробиотик. Сепак, мое мислење на тебе останува одлуката ...Со лесно
     
    На Emana, НаталиЛили, kiki_riki и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки .Моето синче има 2 недели забележав кога гледа му се доближуваат очињата не гледа правилно не цело време ама се случува... дали кај сите бебиња е така додека да се навикнат да гледаат?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    Не може да го фокусира погледот, рано е уште. Не ни гледа јасно додуша. Ќе помине до кај шестиот месец.
     
    На НаталиЛили и Dzulija* им се допаѓа ова.
  5. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Ми олесна ..фала многу.
     
  6. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Ќе помине со време. Ми се случи со првото а еве и сега со ова. Тогаш дури си мислев дека и страбизам има.. Сега се си е ок..
     
    На Dzulija* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.844
    Пол:
    Женски
    Мамички кога почнавте со дохрана , по колку оброци му дававте од ад. млеко ? Инаку ние сме скоро месец ама на синко не му стасува моето млеко , па докторката ни рече доколку сметаме дека е гладен да му даваме дохрана.
     
  8. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Ако ги полни редовно пелените и напредува добро тогаш не му давај ад млеко. И јас мислев дека не и стасува моето млеко ама педијатарот ми рече ако ги полни редовно пелените и е весела нема потреба од ад, и така и беше. Супер напреднува по 800-1000 гр месечно
     
  9. Ece 1309

    Ece 1309 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички
    Ние сме веќе 4 недели денеска. Ме интересира колку често ги носите бебушките на педијатар. Ние бевме со една наполнета недела и со 2 недели. Веќе 2 недели не сме биле бидејќи педијатарот ни е на одмор. Се враќа за една недела.
    Дали да одам во меѓувреме на друго место за контрола или можам да чекам уште недела?
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.708
    Допаѓања:
    109.337
    Пол:
    Женски
    Па за една недела почекај си ги педијатарот. Ние првиот месец одевме на 2 недели, после на еден месец.
     
    На Ece 1309 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ece 1309

    Ece 1309 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот. Мене ми беше мисла да не направам грешка ако го чекам педијатарот.
    А бебенцето си напредува според мене.
    Само уште едно прашање, јас сум во Скопје прилично нова и сакав да знам во случај на нешто итно: како висока температура или слично каде треба да одам тука? Живееме во Ново Лисиче-Аеродром. Каде има тука итна помош или каде поточно да се обратам?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.708
    Допаѓања:
    109.337
    Пол:
    Женски
    Во Јане Сандански, мада ри советувам секогаш да одиш директ на детска клиника. Јас имам педијатар 24/7 достапен, така да се јавувам на него.
     
  13. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    Ако според тебе е се во ред со бебушот (си јаде убаво и редовно, полни пелени, и ако нема некој воочлив проблем), тогаш почекај да ти се врати педијатарот од одмор.
    Ние сме 3 месеци, и само 2 пати бевме на педијатар, и во меѓувреме кога имавме 3 недели бевме на детска клиника бидејќи му беше многу фатен гласот.
     
    На Ece 1309 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Во Ново Лисиче немаш нигде, а во Аеродром ти е Јане Сандански Поликлиниката. Еве ќе ти објаснам доколку идеш од Н.Л. према Центар.... после Капитол трговскиот на вторите семафори вртиш лево, скроз право до крај на улицата ( од лево ќе видиш Основно училиште ) па патот продилжува десно и ќе ја видиш од десна страна ти е Поликлиниката Ј.С. Јас искрено таму не го носам малиот зашто си имаме педијатар на друго место. Иначе во самата поликлиника имаш педијатри кој можеш и за матични да ги земеш ( имам комшики таму ги носат ). Инаку ние како деца па и од школо таму на систематски не носеа ;)
    Незнам кај си точно во Ново Лисиче ( претпоставувам тажу живееш ) за ако нешто друго те занима слободно прашај. Јас 34г живеам во Аеродром така да слободно прашај си за све ќе ти објаснам ;)
     
    На Ece 1309 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.355
    Допаѓања:
    37.432
    Пол:
    Женски
    Каква пумпица за нос користевте?
    Некаде имам прочитано дека ако не качува доволно на килажа ама си расте во висина дека е ок.
    Јас неколку дена ја будев ама потоа заклучив дека не треба и веќе не ја будам, преку ноќ прво цица после 6 часа, потоа по 2 часа и потоа е будно. Цица и веднаш продолжува со спиење кога ќе се нацица.
    Уште од два месеци се лигави и ги става рачињата во уста. Не мора да значи дека се забчиња. Околу вториот месец им се развиваат плунковите жлезди и затоа се излачува повеќе плунка, а со тоа може да дојде и до закашлување кај бебето, но не е страшно, само поткрени го ако кашла подолго. Рачињата ги става дека почнуваат да ссе откриваат себеси и психолозите препорачуваат да не се вадат рачињата од уста насила.
    @sofi2107 многу си ми интересна и слатка колку детално објаснуваш. Да ја искористам приликава и да те поздравам.
    • Прашања:
    • 2+ сме и немаме употребувано цуцла лажливка дали да пробам или не мора?
    • Дали напредувањето во килажа се смета од родилната тежина или од онаа при излегување од болница?
    • Кога одите на контрола кај педијатар кои проверки ги прави? Сме биле само кај матичниот лекар ама врска си нема повеќе знам од него, а со тоа што ни препишува и советува само проблеми ни прави, се работи за доктор надвор од Скопје.
    • Дали е штетно ако седи подолго во транспортер бидејќи е на 45 степени?
    • Кога ќе му излезат запчиња ќе ме боли ли кога ќе цица и ќе мора да трпам или како?
    • Како се чисти носето со пумпица? После колку време од физиолошкиот раствор, колку раствор се става на колку време, дали крајот се става подлабоко во носето или понадвор?
    • Недела дена кака течно жолто-златно, мокри доволно и преку доволно, весело е, но дали заради течната столица има простор за паника?
    • Дали морам да се измолзувам? До сега не сум пробала никогаш. Најмногу ме интересира поради тоа што преку ноќ спие 6 часа цица секој ден исто во 21.30 па во 04.00 и тие 6 часа дали морам да се измолзувам или ќе се воспостави правилна лактација и телото ќе знае дека тоа време не цица бебето?
    Веќе почнавме да се смееме на глас и тоа е најубавото смеење кое што сум го слушнала во животот бев многу изненадена првиот пат на точно два и пол месеци и веќе разгледува се наоколу се и е интересно.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e еве вака:
    1.цуцла лажливка е малку веројатно дека ќе фати на 2+, ама може да пробаш. Јас пробав кај двајцава мои, ниеден не прифати, ама и не форсирав. Ако си доволно упорна може и ќе фати, но нема гаранција за тоа, затоа што сите бебиња различно реагираат.
    2. Обично се смета од родилна тежина, т.е таа се зема како репер при проценка на тоа дали бебето напредува убаво или не.
    3.на контрола мери тежина, висина, обем на главче, слуша на гради, поточно срцето, тоа најчесто. Може да провери папоче, јајценца (кај машки), некои рефлекси (ама обично ортопед ги испитува).
    4.мислам не е штетно, ама да не биде цел ден во него и да спие цело време во него. Транспортерот е за патување, самото име кажува, и кога се патува подолго, пожелни се паузи на секои два часа, да се извадуи бебето од него.
    5.нема да боли цицањето, освен ако те гризе, ама рано е да мислиш на тоа.
    6.се прска физиолошки, капка две во носето, се чека две три минути, па се влече. Врвот не се пика целосно во носето, туку се допира до дупчето и се влече.
    6.столицата треба да биде потечна и златно жолта. Нема место за паника.
    7.ако немаш потреба, не мора. Самиот организам си ја воспоставува лактацијата според потребите на бебето.
     
    На gjoker4e и sofi2107 им се допаѓа ова.
  17. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e Мојата веднаш кога си дојдовме од болница дома фати цуцла лажалка. Спас ми е да ја смирам некое време
     
    На Peperutka-bt и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. bebence@5

    bebence@5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте кирилица.
    mamicki mi treba mislenja bebeto mi kaka na 2 dena ,znaci toj den koga ke kaka place mnogu koristam biogaia a sega edna prijatelka mi kaza za probiotik prolife ve molam za imislene {mi rekoa so place i sto napnuva moze kila da dobie i zatoa mnogumi e strav } ve molam za odgovor pozz
     
  19. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.097
    Пол:
    Женски
    Мојата малечка уште кога ја покажаја на тато со цуцла беше :)
    Така е и на првата слика
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mamitaa

    mamitaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2016
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e мислам дека е касно на 2+ месеци да фати цуце јас така згрешив за синко. Се роди мн мал и од жал не му ставав цуце оти цуцето му беше мн големо и од жал така да го гледам не му ставав е после кога малку пркна сакав да му дадаж цуце ама тогаш за жива глава несакаше дури и се гадеше од цуцлата и еве 4 м. уште несакаме цуце. Ама пробај може кај тебе ќњ фати секое бебе си е различно.