Отприлика кој месец ќе знае дека е нахрането и дека му е доволно и ќе се тргне од цицка? Вака ако го оставам си цица цело време и жал ми е што го тргам јас цело време, некогаш се лути.
И кај мене е исто , ама јас го тргам , многу пати ако го оставам така подолго да цица се прејадува и ми повраќа . Докторката ми рече кога ти сметаш дека му е доста тргни го.
И кај мене синко обожава да цица да го оставам цел ден ке цица. Јас го приметувам кога ќе се најаде само си игра со цицката и тогаш го тргам ако се лути го прошетувам малку низ соба и ќе се смири.
мами како го давате бекутан чајчето .. пиши во 100 мл да се разреде зовриена вода и низ цела ден да се пие во аптека мадамот така спомнала ..е сега бебушка е 2 мес и го сака го пие и наеднаш по 20 мл знае да испие и и тргам да не се залажува со тоа па да несака мн да цица или јас халуцинирам како е најдобро да се дава и има ли мерило по колку кога да пие и дали е ок секоа ден ..
Ок ти е количината али не се препорачува баш бекутанот чај пошто има шеќер (можда затоа се заситува). Подобро давај хип чајче класично во кесичка што треба да одстои 5 мин во зовриена вода. А во принцип 100 мл на ден е ок мада не верувам дека бебе од 2 месеци може да испие толку. Бар моево неможеше
Дали е во ред да ја оставам навечер по 4 4.30 сати да не ја будам. Инаку сме две недели и сме на ад млеко. Сега почнав да и давам по 80 мл денски на 3 сати но сакам да ја оставам навечер да спие но ми е страв да не е долг временски период.
Јас бев од сам старт на ад. Се до пуни 2, 2.5 месеци ко швајцарски саат пиеше прво по 60 па по 90 мл на точно 3 саати. Значи јас станував 2-3 пати во ноќта да му дадам да јаде обавезно, мислам бараше гладен си беше, не ми се успиваше, за јадење стануваше што сака нека е. Не знам како да те советувам ако веќе пие по 80 давај го на 4 или 4.5 саати и ако ја спие ноќта не ја буди, ако гледаш дека се е у ред... Мене првите 40 дена мн малку ми спиеше ноќе, секое дете е различно. Мое мислење прашај си и педијатар за најсигурно.
Мајки читам чајот бекутан не бил толку добар полн бил со шеќери, предлог освен хип кој друг можам да го давам освен тој?
Здраво мамички ние имаме 5 недели и сакам да ве прашам дали е доволно 4320 г а го дојам само од мене некако слабичко ми изгледа бебчето сакам малку побуцкасто да е
Абе дај не се зезај. ОДлична тежина е таа. Па и 3800 да е родено пак е одлична тежина. Не може сакам вака да изгледа или сакам онака. Гените на бебето се такви, а според мене 4320 е буцмасто бебе посебно ако е 55 цм
Па 3500 е родено сакам да му давам и ад вака од мене не знам колку пие и не знам дали му е доволно дека кога и да му дадам секогаш е гладно инаку на секој час до два најмногу поминува го дојам
Чекај полека сега. Бебето ако цица секогаш кога ќе му понудиш не значи дека е гладно, може е само рефлекс, може само сака близина...плус осет за нахранетост немаат толку мали. Бебето качило 800 грама во рок од 5 недели. Тоа воопшто не е лошо. Ако почнеш да го храниш со АД има ризик да се одбие, да почне да го мрзи да цица и ред други. Јас искрено мислам дека апсолутно немаш потреба од адаптирано. На супер пат си , нека си цица и уживај. колку цица ќе знаеш само по каке и вага.
И моето синче од почеток си фати ред, го бањаме околу 9и нешто пие млеко го успиваме и како навин е, во 3 станува пие млеко и продолжува да спие до 5и30 или 6 и пак му давам млеко, некогаш продолжува да спие до 7 а некогаш станува наспан и се смее, и тогаш стануваме На неполни 3 месеци има 5900 и долго 62см а се роди 3кг и 51см Не искара докторката за еден месец 1300 се поправил сега малку на диета ама сака млеко му давам 120мл вода со 4 лажички млеко ад и кога ќе го испие плаче, сега му менувам еднаш 90мл нареден 120 Инаку добри сме примаше вакцина и не ми качи темп само еден ден беше кенкав
Не би давала сирупче на природна база на бебе, баш поради тревките кои ги содржат. Најдобро лекар да го види и да препорача терапија (инхалации) ако е потребно.
Супер си е бебе, не претерувај. Првиот месец многу бебиња не ни качуваат толку многу. Какво ад кога аи има млеко, ако немало нема да качило бебе толку многу. Ајде малце полека, додека доктор не каже нема потреба, па ни тогаш. Ќе си направиш беља со ад, не си свесна колку е лесно извади цицка и надој. На страна примеров, што е со ова ад секоја мајка да даде за секој случај? Секое второ бебе ако не и поише е на ад после некое време, и тоа многу бргу, после 3-4м. Давајте цицка! Лесно е и едноставно, зошто да комплицирате? Ако бебе напредува 600+гр зошто комоликации?
Супер си е напреднато бебето, колку буцкасто сакаш да е ти? Зошто да му даваш АД, нема потреба да знаеш колку пие, тоа си цица колку сака, мало е уште, нема сила, бргу се изморува, затоа цица по помалку, а почесто. Плус 2 часа ти прави растојание, моето на таа возраст на пола час цицаше. Знам дека е напорно, ама треба да се смогне сили и да се издржи, после тоа цицањето ќе е уживање и за двајцата. Ништо на своја рака. Прво лекар да го преслуша, ако нема спуштено на гради може да се проба со сируп на природна база и со инхалации. Обавезно проверувајте и крвна слика. Синко 6+, пред 10тина дена кашлаше, докторката од одма сакаше антибиотик, но јас инсистирав да пробаме на природна база, неколку дена бевме на инхалации и Хербион сируп од бршлен, изгледаше дека се подобрува, но кога направивме крвна слика леукоцитите беа покачени и пак завршивме со антибиотик на крај.