Супер ви е крвната слика, јас не би давала никакви суплементи. Нам тој период ни беше 96 па краток период давав малтофер. Штом ни се качи над 100 престанав да ги давам. Не е ништо страшно ако се одложи вакцина, ние вакцините што се на 2 и на 3 месеци ги примивме на 5 и на 6 соодветно. Токму поради такви работи, инфекција, настинка, слаба крв. Следи симптоми во наредните денови па во консултација со педијатарот ќе одлучите дали да ја прими сега или да ја одложите.
Јасно. Слично е. Како и да е, бебето има солидна крвна слика, и нема потреба од додатоци. Да е под 90 хемоглобинот, па да се загрижиш, ама вака, штом вредностите се супер, башка МЦВ е солидно, има резерви во организмот. Јас не би давала.
Фала ти. Јасно ми е све што пиша. Истото и јас вчера и го прокоментирав, дека хемоглобинот е супер. Одговорот беше : е ако де со капките ќе имаме привентива и ќе оддржуваме. Не ни помислив да дадам било што откако не им се совпаѓаа мислењата на повеќето. Сакав и вас тука да ве прашам за совет, зашто сметам дека повеќето ова сте го поминале и најдобро знаете. Не давам ништо. Еве сега го спремам и ќе го носам и во Авицена па и таму ќе напраам крвна слика на синко, па ќе видам како се таму резултатитр дали се совпаѓаат. Зашто знам и кога бев бремена имаат некад пропусти некој од приватниве. Фала ти сепак најмногу Ајде пак јас Сега ги земав резултатите и сега и ЦРП испитавме. Него му е 2.6, а референтна вредност е до 3. Какво е вашето мислење? Во секој случај и со педијатарот ќе си се консултирам, но би сакала да чујам и ваше мислење за ова.
Kolku podoja otprilka treba da ima 3+ bebe na den? Mnogu malku cicase deneska i zosto bi mozelo da bide toa?
Колку сака т.е. колку му е потребата и желбата. Нашите се разлика некоја недела знам. Мојот е нонстоп на цицка. Некад и само 5мин цица, некад и подолго. Зависи дали сака да угасне жед или е гладно. Никогаш не сум броела подои. Повеќе од 10 се сигурно. Ама ова го кажувам за мојот синко. Кога сака, колку сака и каде сака сме од денот кога дојдовме дома. Има бебиња кој се на доење по саат т.е. на 3ипол-4ч се дојат на 3+месеци. Може да му е таков денот и не му се цица како претходниот ден. Исто како и на нас кога некој ден неаме баш апетит. Па и од топлото исто. Али во овој случај е скокот во развој најголема веројатност. Битно е да качува на кг, незнам како сте со килограмите тоа ти е најмиродавен податок дали е океј. И нормално да полни пелени. И мојот еве има денови кога не покажува желба за цицање, ама на шала, на смеја и со играње успевам го дојам. Некад и стоечки шетајки го цел стан го дојам. Зашто знам сега е скокот во развој на 3+ и башка нервозата со чешање на непцата е додатно за нејадењето.
Мамички веќе два дена имаме проблем. Бебе си цицаше нормално плус два пати на ден му давав дохрана , пошто не напредуваше доволно. Овие два дена а го ставам да цица почнува да вришти силно и се тегне , потоа се е во ред си цица нормално. Во различни периоди од денот се случува . Ад си го пие нормално . Искуства?
Колку месеци е малечкото? Да не му е рано на мешето за втор оброк. Се извинувам, те сфатив два пати на ден дохрана, сте вовеле вкусови. Ова се однесувало на ад. Има ли грчеви, променета столица?
Грчеви има , ама не по цел ден , инаку месец и пол сме , инаку си јаде на два часа , сега е како нервозен , се тегне , се мава , плаче. Инаку да ад му давам по два пати во денот.
Дигај му ги споени ножињата нагоре, масирај го мешето, за термофорче на мешето е жешко инаку и тоа помага. Оваа поза на држење нас ни помогна
Фази се, може е мешето може нешто друго. Пробај смени поза, или пак доколку до сега било со погласна позадина повлечи се во тишина, некогаш и затемнета просторија помага. Пробај и кога е во полу сон или спие, дали тогаш ќе фати. И моите имале такви фази... минеле сами од себе или кога сум применувала нешто од гореспоменатото. Пред да го нудиш ставај го првен на града. Ако има, колку има, првен нека цица, после понуди од готовото млекце.
Мајки користам шишенца на авент. Досега користев цуцла 0+. Ме интересира кога да сменам 1+. Малата има месец од аптека ми рекоја дека сеуште е рано за 1+ да продолжам со 0+.
Јас до 4 месеци давав со 0 цуцла. Исто авент. Дека ја цицав плус, страв ми беше да не ме одбие. Инаку мое мислење почекај, барем до 2 месеци за таа цуцла. Да не и дојде наеднаш поголема количина кога ќе трга од шишето.
Dolgo vreme okolu mesec odnosno otkako pocna zestinava kaka tecno no se uste zolto zlatno. Se drugo ok e no se plasam da ne dehidrira od zeskovo iako mozebi nema vrska pa dali da davam proven probiotik ili nekoj drug sovet dadete. Samo na doenje sme, ni voda ni caj. Sofi fala za odgovorot.
Мамички ние сме стари 12 дена и денеска малиот ми е нешто многу нервозен на доење сме и дур да фати цице многу се мачи и баш пред 10мин кога го доев забележав дека не голта како вчера трга ама не голта многу пробав да му дадам бекутан чајче несака да го пие а од сабајле имаме 3 какани пелени дали на некоја и се има случено ова?
Полни пелени значат дека бебчето е најадено. Чајчесе дава обично за грчеви, не те сфатив, имате вие грчеви или си го дала за да го заситиш? Доколку е второво јас мислам дека стварно нема потреба да му се полни мешето со чајче и шеќери. Инаку нормално е да има различен интензитет во цицање. Смени поза, менувај града, некогаш реагираат на старт, додека надојде млекцето или кога е веќе испразнета градата.
Повеќе од десната града ми цица од левата мн помалце а чајче му дадов пошто имаше грчеви се мачеше да заспија и му помогна малку и сега спијаме па ќе видиме до кога иначе се буди на 3 часа за цицање ама денеска мака мачиме