Со двете ќерки беше исто. Си имаа омилена града и колку и да се трудев и ја форсирав и онаа другата, сепак другата им беше помила. Многу дечињасе така. Труди се да форсираш за да не престане млекцето на таа. Јас првен ја нудев таа страна, за кога се гладни да не ми претаат многу, оти заситени кога беа ич не сакаа да влечат од таму.
Мамички 10 дена сме. Уште во болница грчеше со носето. Ми рекоа дека и залетнува од млекото и да чистам со капки и цревце. Правам така, ништо не излегува од носето а она продолжува да грчи. Не цело време, периодично. Искуства?
Ако нема ништо од носето не се секирај.. Мене ми рекоа зошто ноздрите се малечки така се слуша кога дишат.. Ние сме 2ипол месеци и уште се случува да го слушам така да грчи кога вдишува набрзо воздух.
Нема разлика во млекцето лево/десно...едноставно одбива флаша. Прата ќерка никогаш не фати ниту цуцла лажливка ниту флаша. Добро е што се одмолзуваш, стимулираш лактација додека фанете редот со таа страна. Фаќај го на финта или во полусон, сон за да исцица и од таа страна.
Прееска фати малку и од таа страна но сега е многу нервозно независно од која страна цица се доевме 45минути и многу нервозно цица на паузи и ме тирка дур цица незнам од што може да биди
Ако бебе напредува убаво т.е. си качува на килажа и полни пелени тогаш е во ред. Може го мачат грчеви, може му е топло или пак можеби е период на такво однесување. Со тек на периоди ќе забележиш дека цицнува и се трга, па пак цицнува и се трга и се така најизменично во текот на едно доење. Па ќе вришти на града, па ќе се регне итн. Све ова сум го поминала и поминувам со синко, но он си качува на килажа и не се грижам. Периоди им се. Пробај расоблечиго и само по пеленка нека е и така дојдго и во меѓу време пушти на мобилен апликацијата со фенот. Нас ни успева. Пеј му и думкајго дур е на града. Јас некогаш и го дојам и шетам низ соби. Напорно е али така некогаш успеваме да се надоиме. Некогаш кога е ептен проблематичен го кревам и заигрувам, бакнувам и се смееме па пак го враќам на града и така неколку пати дур не се нацица. Напуни кадичката со потопла вода и нека си седи нека се плиска малку, облечи му пеленка после и стај го на града. Ако се грчевите ќе го легнеш и ќе му ги свиткаш ноџињата во келениците и ќе му ги притискаш накај мешето, ќе ги исправиш надоле пак па пак че притискаш накај мешето, најизменично неколку пати НООО нежно и ќе ти испушта гасови че приметиш. Земи вода и неколку зрнца ким (6- нека вријат во водата, остави да отстојат 10-15мин и прецеди, стај од чајчето кое го пие внатре и давај му во текот на денот. И од ова че му е полесно че има гасови и че се смири мешето. Ова све нас ни успева, пробај верувам дека ќе ти успее и тебе. Со лесно мајка.
Majki dali e normalno na cetiri meseci bebus da kaka ednas do dva pati vo den.Porano kakase po poveke pati, sega se slucuva nekogas I samo ednas.Da ne e gladno?Mocka cesto skoro sekoja pelenka pri proverka e polna no kakanje po 1-2 pati samo
Мојата тој период и по еднаш на два дена се случуваше да кака. Не беше гладна. Немаш простор за загриженост.
Nie na 3+ kakame ednas do dva pati vo denot a prethodno po mnogu pati. Najverojatno e normalno bidejki ima i bebinja sto kakaat ednas na 10 dena. A mislam deka mocka na sekoi 5 minuti. Za polni peleni se brojat i mokrite. Ne e gladno.
Фала многу мајка ќе пробам а сето ова што го пиша баш ни се случува последниве 2 дена и кога и да се измолзам му давам од шишенце несака да трга само од града цица а чајче си пија од шишенце а измолзеното млеко не го сака И ноќе немирно спие де се превртува па кемка во сонот од што може тоа да биде?
Све се тоа нормални реакции. Еве го 4месеци и се дешава во сон да плаче да се смее да срипа, да се разбуди со вриштење ( ретко ) , да се мрда лево-десно итн. Све е тоа нормално. И они сонуваат, којзнае што Кога ептен мрда или е кенкав у сонот, па и ако заплаче обавезно го кревам го смирувам и пак го легнувам. Ако е ноќта повеќе така немирен у сон, тогаш го зимам со мене на спална спие. Крени го, гушни го, гали го и дај му да цица или Ад ( зависно како го раниш ) и пак легни го. Ќе поминат и тие фази.
Мајки синчето многу ми се поправа некако првиов месец качи 2 кг а само на мајчино млеко е .Дали и во наредните месеци така ќе се поправа . Ми е страв ако се поправа од цицање толку ами кога ќе го хранам што ќе биди.
Ништо страшно. Ако е родено бебето под 3кг многу често тие бебиња првиот месец качуваат повеќе, после си намалуваат качуваат килажа во рамките колку што треба. После 3ти месец намалуваат постепено со качување, после 6тиот месец драстично намалуваат во качување за разлика од првите месеци. Таман работа да се качува нонстоп исто како првите месеци тогаш на 1г би имале по над 25кг .
Мамички како правите на жешково? Ние сме само 12 дена. До сега ми беше страв не пуштав клима,ама денеска гледам се поти, не досадува на цицка. Да пуштам клима да олади па да ја внесам во просторијата? Некако страв ми е да не ја разболам, ама и на жешко греота е....
Нас педијатарот ни рече може клима да пуштаме пошто ова е екстремно жешко .Претходно така ја ладев просторијата па го носев , а сега и кога е во соба пуштам , нормално го ставам на другиот крај од собата и температурата некаде на 25 .