Моето се роди 3300, првата недела падна на 3040. Сега сме 7 недели и во последните 3 недели ппјдовме во +1200гр. Педијатарот ми рече дека е многу ама што да правам сака да си јаде. На последната контрола бевме 4900 Така да не си сама и ние сме буцковци. Да напоменам дека и ние сме на мајчино млеко
Моето се роди 2780,а од болница излеговме со 2500. Сега сме 7 недели и сме 4500 гр. Исто на мајчино млеко само И јас мислев дека сме дебелки ама си цица бебенцето. Не можам да му давам помалку од колку што сака нели. Нека се здрави и живи само.
Ми викаа да го дохранувам детето не напредува, сега ме тераше два пати да го мерам на вага, не му беше верно колку напреднало. Нека си јаде, нека биде буцко само нека биде здраво. Млеко ми дојде, тегнејќи со пумпицата и не му ни дадов АД
Мајки ве молам за совет. Ќерката ми е 40 дена. Имаме проблем со спиењето. Денски само во раце ми предремува. Штом ја спуштам во креветче се буди. Навечер исто. Тешко заспива и штом заспие се буди и прета. Избезумена сум и ненаспана. Претходно спиеше добро а неколку дена катастрофа. Никаков ред. Кажете совет и дали е нормално ова? Незнам веќе што да применам да заспие цврсто.
Здраво мајки, малата има тт 37.4 а плус забчињата и излегуваат и носето почна да и тече. Кажете ми што да и ставам/дадам за да ја смалам тт. Педијатарот ми рече сируп далерон да дадам за тт од 38.5 па нагоре
И син ми исто има 40 дена и исто овие неколку дена нема ред за спиење преку ден не спие ама е мирно ама на вечер после капење се лоши не фаќа да цица ..најверојатно му е скок во развој менуваат.
Еве и мојата. Вторник ќе правиме 40 дена и од ноќеска скрос се смена. Само плачи нервозна е. Спие само во раце и тоа одвај заспива со нишкање и тоа не цврсто цело време се бори кемка. Само што ја ставив во креветче се разбуди со плачење.
Исто беше и кај нас една недела пред да наполниме 40 дена. Навечер после 18:00 часот почна многу да плачи да не можи да заспива до 22:00-23:00 часот. Тоа траеше недела и фазла. В четврток ќе правиме 8 недели, но од тој скок во развојот ни остана сеуште истиот принцип да не спие тој период од 18:00 до 22:00-23:00 часот, но сега без многу плачење, со малку кемкање поминуваме.
Ke pomine. Namesti se vo nekoja pozicija em da ja drzis vo race da spie em ti da pridremis malku. Pobaraj pomos od pobliski. I kaj nas bese isto samo vo race spiese. Izdrzi. Duri vo 7 sabajle zaspivase i spiese do 10. Toa ni bese edinstvenoto spienje 40 dena.
Majki kako se spravuvate so zeskovo? Malata e ponervozna vcera I denes se prepotuva se poznava ne I e ok. Isto kosata pocna mn da mi opaga I toa prameni dali e sto dojam I sto koristevte za da ne vi paga mn kosata?
расоблекувај ја и туширај ја ке се освежува нуди редовно водичка,цицање. косата пага кај скоро сите жени по порагај.Хормонски дисбаланс.Земи си некои витамини
Јас не го дојам а пак почна да ми паѓа. Прочитав доста работи околу косата и одлучив да купам шампон биокап против опаѓање на коса, мерц дражеите ( се пијат 2 пати во денот), етерично масло од рузмарин и чичково масло ( во 50 мл чичково ставив 10 капки од рузмарин маслото) и со тоа го масирам скалпот. Планирам ако нема мн.ефект да купам и ампули геровитал се викаат. Пробај нешто од ова сигурно ќе имаш ефект. Моето е 4 месеци, и искрено ред за спиење фати пред месец, месец ипол така отприлика.
Кај сите паѓа, а тоа нема врска со доењето, туку со процесот на нормализирање на хормоните и секако, природниот процес на отфрлање на вишокот влакна. Во принцип, косата во бременоста скоро кај ниедна жена не паѓа (има исклучоци), па сето тоа што не испаднало за тие девет месеци мора да испадне подоцна. Затоа толку многу паѓа, и ни се чини како да ќе останеме без коса. Ама за кратко време престанува. Еве, со првото почна околу 4тиот месец да ми паѓа, зедов Фитовал капсули и шампон после два месеци интензивно паѓање, па ја скратив и престана да ми паѓа кога детето имаше некаде 9-10 месеци. Со второво исто почна да ми паѓа околу 4тиот месец, ништо не пиев, нити користев посебни шампони, веќе не ми паѓа откога малово има 9 месеци. Значи се' е нормално, и нема потреба од посебни средства, ќе се регулира опаѓањето кога ќе се исчисти вишокот влакна.
Да, сето ова ми е јасно, и доста читав на оваа тема. "Потресувањето" и земањето на средства кај мене се должи на тоа што јас имам ретка и тенка коса односно влакно, и паѓањето дополнително ја отежнува ситуацијата и целиот процес. Знам дека по сите правила треба да се регулира за одреден период, ама ете многу непријатно чувство е
Мамички денеска бебе цел ден спие . Ќе стане за јадење ќе биде буден околу еден саат и пак ми заспива. Ме фати малку паника пошто он обично не спие волку. Има простор за паника?
Мамички и ние да се приклучиме во темава Сакав да ве прашам давате ли пробиотик и ако давате кој го препорачувате ,иначе сме 17дена .