Добро дојдовте И јас и давам на биогаја пробиотик. По 5 капки во денот. И давам секој ден одкако наполни еден месец. Но можат и порано да се даваат мислам. Сега има речиси 2 месеци.
И јас сакам да дадам за грчеви да смирам, ние немаме секој ден грчеви преку еден два дена ни се јавуваат, а пробиотикот без капки за грчеви ќе ми помогне само?
Подобро земи си и капки можеш еспумисан јас ги земав за бебуш и сум многу задоволна околу 280 ден беа, а био Гаја е многу добар пробиотик исто го користам тие се околу 650 ден во Зегин.
Okolu vtoriot mesec. Koj mesec e bebe? Normalno e da se budni saat vreme-dva posle se zamoruvaat i im se spie dodeka se pomalecki.
Јас пробав два вида на капки и тоа прво давајќи ги со лајче па потос во млекотп и откако прекинав да и давам малата е супер. Има грчеви ама минимални не ужасни како пред тоа. Не знам за другите ама изгледа на мојата капките и ствараја плус тешкотии.
Скоро два месеца сме , ама еве денеска не е таков , весел си е , си задремуе како нормално што прави по 15 минути и си станува. Во секој случај фала .
Мамички сакав да ве прашам што давате на вашите бебчиња при појава на пролив? Синко има 3 ипол месеци и веќе 2 дена како да има пролив,забележав дека му е потечна столицата Вака е весел цел ден се смее, нема температура,си цица ама одма чим се нацица одма кака и се течно Превентивно му дадов чајчиња и сега се мислам дали смеам нешто друго да му дадам
С пробиотик даваше? Мене педијатарот ми рече капки обавезно во комбинација со пробиотик. И ние без капки ги минавме грчевите. Само неколку пати пробиотик дадов и тоа е се.
Никаков. Никој не ми спомна за пробиотик. Првиот пат на здраво педијатарката ми рече еспумисан капки, ги давав не делуваа воопшто, потоа сама сменав на сан симплекс. Ги давав со лајче, па вториот пат на здраво докторката ми рече да ги ставам во млекото затоа што сме на ад. Веќе недела не давам ништо и има голема разлика, супер е малата со минимални грчеви.
Мене докторката ми рече ако давам еспумисан дека морам и пробиотик да давам. Ми ги кажа и причините, но ниту еднаш до сега не успеав да се сетам Не и давав ништо за грчевите оти не беа чести. Поминавме и без чај. После 3 месец почнав повремено со пробиотик био гаја за столицата. Како и да е, ако даваш пак капки, консултирај се за пробиотик. Или ад со пробиотик да користиш.
6ден како не е покакан синко.. Само на доење е , мешето е меко, тој весел, не плачи и редовно мочка, полни пелени. Денес полни 13 недели... Првово синче исто еднаш ми направи вака на 7 недели возраст , 7 дена не беше какан... Кога се покака му ракоплескав од среќа, не знаев што да му правам... Се секирам сега ама уште не ме фсќа паника... Си викам нема место за грижа?
@BirMelek Благодарам за советот баш ако почнам да давам капки пак ќе побарам и пробиотик. Овие работи треба да ги кажуваат докторите ама тоа е кај нас ако не прашаш никој не кажува добро е што го имаме форумот да споделиме искуства. Инаку пробав и со млеко со пробиотик и го давав два дена не престануваше да плачи да се грчи и си се вратив на хуманата.
нема место за паника не се растревожувај душо , мала кај мене месец дена е така кога на 4 па 5 дена се кака на два пати и на 7 дена ми сеискака некоаш па еднаш дневно 3 педиатри изнапрашав и матични сите викаат ок е се случува мрзливи цревца имаат ќе се опорават и она меко меше веселка си е прави му масажи на секое мењање чајче давај му а ти поеќе овошје сокови и домати каснувај мн влијаат и тие денес утре ќе се искака секако после 7 дена се става и чепче
Како им го сечете ноктињата на бебенцата моево има многу му се големки само се гребе мене ми е страв дека многу е мал. Имам специјална грицкалка ама не знам како да направам полесно да му ги исечам?
Јас бев мн внимателна и му ги сечев во спиење, и успевав. Пробај ако не и ти така, само пази да не ти мрдне нагло во сонот.
Мене ми е полесно со ножичка за бебиња што е. Ја начекувам да биди весела и да си се смее тогаш и ги сечам јас.