@Poppins ох мила и мене така ми го пуштија од болница, а беше на антибиотска терапија . Може од тоа да е ? Ми кажаа сега кантарион и по можност тетра пелени додека не помине Вие какви пелени користите? А и тие што мачкате кокосово масло , од која фирма е најдобро ?
никако тетра ослободи го нека не е стегнато уште поеќе ќе се разрани нека си дише кожата и на преслекување оставај си го голичко бебчето малце .. пд тоа е сигурно кај мн се јавува кандида е некој вид глупост ги полнат со антибиотик без потреба .. за кантарион нз али знам општо е доста лековит .. јас користев крем со цинк и канестен и декотал а мачкав и малце пудра некој пат тоа ми даде педијатарот и за 2 дена се исчисти .. пелени папмперс си користиме од старт немало проблем со нив и увек ќе пазиш лабава да и е таму да не а жиле а и натака ..
кандида мн често се појавува од антибиотик dekotalot е кортико и се користи строго под лекарска контрола и не повеке од 3-4 дена
Во четврток сме на контрола па ќе кажат и таму , без консултација ми е страв да ставам било што . А јекодерм каков користите , ми кажаа и тоа да земам .
Majki dali pri skok vo razvoj bebeto e mozno da odbiva da cica, sum citala deka celo vreme saka da cica a za necicanje nezz.Se odmolzuvav I od sise davav I taka nejke.Mn slabo cica se plasam ke namali natezina..
Можно е да одбива, си има такви периоди кога не сака да цица. Не се секирај, нема да намали на тежина, не трае тој период долго. Пробај да даваш града кога е полузаспано, во темна просторија. Обично успева.
Кај мене така правеше и исто мислев се одбива ама само период му беше. Пробај пеј му нешто , јас на јутуб наоѓав од оние звуци што ги смируваат и стварно се смируваше и фаќаше.
Чудно ми се однесува оваа недела видов дека баш сега има скок во развој ама почна да ми прави проблеми околу цицањето ајде викам може ја мрзи да тегне од града и давав од шише исто несака.Некоја вечер ја излажам со движење околу соба и ми успеваше само така сакаше да цица носејќи ја а досега никогаш така не е цицала сега несака ни така. Навечер исто кога се буди за цицање се буди и несака да цица плаче...сенадевам нема така да биде, одеднаш ми се смени вака.
да да така си е матичн и ги препиша јас ги користев само два три дена и и ги прекинав одма и помина а ми кажад док една нед декотал а две нед канестен а нз зошто тоа е мн време и не и ставав не сум користела такво али ако не се лажам нели е тоа за изгореници појаки ранички нешто @Joy?
Јекодерм на Галеника е најдобар. @Poppins тоа е крем за кожа, а помага и за изгореници да не остане лузна, инаку е на база на рибино масло, богат со вит.А и Д. Јас лично за двајцата го користев до три месеци, и на одмор стално го носам за после сончање, многу убаво ја хидрира и негува кожата.
@Annath za jekodermot velis deka e dobar za do 3 meseci? Celi li gi mackase ili ? A nekoj da koristi kokosovo da mi kaze kakvo da kupam
Цели ги мачкав, да. На моите им одговараше, ќе си видиш ти на твоето дали ќе му одговара, само немој премногу да ставаш количински. Ќе гледаш убаво да се упие. Убав е јекодермот особено ако се лупи кожичката на места, тоа е нормално, да не се уплашиш.
Мајки пак јас сега досадна ќе станам со прашања која температура ви е дома ? Некаде читам 23 ама некако мн малку ми е . Климата ја пуштам ептен малку и одиме во др соба да не е дирекно . И ако може совет за топломерче за бебе , сакам од тие што се како со сензор
срцка си знаеш како е ' Како тебе ѕи одг како ти се осеќаш така и тоа му е несакат жешко ни најмалце .. слободно држи си 24/25 си е најсоодветна . бебушка е точно 3 мес и цело време сме со клима на 26 степ 27 си е цело време и нема мака и разголенка си е мн поубаво им е така и полесно си нанат и адаптират на се а и на жештиниве ние неможиме не па они слоб седи си во иста просторија само да не дува директ на него и ќе си осетиш ладни ножиња ако има облечи чорапчиња и 26 до 27 нема гајле клима да си работе ипак мало си е уште а 24 за дома самата темп е супер .. за топломерче ги има многу такви в аптека ќе ти препорачаат подобро или некоја од мајкиве што користе .. ја си користам дигитален за неа спец го земам да се надеваме нема мн да ги користиме
Ада21 ние сме 24 дена и кога беа жештините јас пуштав клима ,ја пуштав на 26-27 Ц во дневна си седевме само нормално да не дува дирекно во бебе ,затоа што жешкото не му одговара бар на моево неможе да спие плус машките бебиња не трпат ич топло ,така да ако осекаш дека е топло слободно пуштај климата малку.
@Annath @elcezelce дома без клима е околу 26-7 ° , не е топло , но како што читав малку се загрижив викам да не треба 23 да правиме . Мислам дека на бебе му е ок таа температура . Лесно го облекувам и кога спие го покривам со тетра пелена .Сега ептен ако стане жешко ќе пуштам клима ќе подува малку и ја гасам . Малку се тресам на се дека е помал . Elce ние блиску сме , утре ние правиме 1 месец .
Мајки по препорака на педијатар му направив крвна слика на синко, ми покажа слаб хемоглобин 10.3 , ми рекоа да му давам малтофер ама овде нема, само бугарија. За замена ми даде ферум лек со витамин ц, ама во аптека ми рекоа дека пикофер се подобри и му зедов такви. Еве три дена му давам и бебето цело време ми повраќа, можно да е од нив? Дали имате искуство со слабокрвност на бебе? Иначе сме 2 месеци
Според бебето ќе се ориентираш. Ако му годи таа температура од 26-27 степени, ок е, со оглед на тоа дека надвор се повисоки температурите, не иде да го чуваш на 22 степени и после кога ќе го извадиш надвор, ќе го шокира топлото. Тоа за возрасни не чини, не па за бебиња. @barby а бе малечко е за било какви препарати... што знам, следете ја ситуацијата, па ако падне под 100 хемоглобинот да даваш нешто, вака ми се чини дека е премало. Може од капките да повраќа, ништо чудно.