Капсулата да се притисне и нејзината содржина да се истисне дирекно во устата на бебето, во кашичката или да се помеша во млекото. Така пишува во упаството.
Мајки уште во болница кога бевме бебево (2 месеци сме) се штрека сецнува на се и сешто како да се плаши од нешто постојано така прави дури и кога спие и знае да се расплаче. Од што може така да му биде што може толку мало бебе да го исплаши за вака да прави постојано човек да кивне он се штрека не го учиме на тивко баш напротив нормално по дома и телевизор пуштен до улица ни е куќата коли има не е тивко до токлу за ваков да биде има ли друга мајка што вака и прави бебето искуство некое или така прават сите бебиња?
Исто беше и моето првите месеци, сега сме уште малку 5 м. па пак се штрека. Инаку знае да се разбуди и со плачење, само што ќе го кренам се смирува. Приметив додека беше помал не му сметаше некоја бука, а сега како да реагира повеќе и само во креветчето во спалната ми заспива
и кај мене е така ние сме пет недели и се штрекнува на се сто ќе слушни исто и во спиење а и плаче додека спие и одма се смирува и пак продолжува да си спие. Јас мислам дека си е нормално.
Ели ние ставаме веќе три дена, детето ми е со затнато носе (не се чисти и не му е нормачно бидејќи до пред три дена беше супер), од време на време наоѓам суви мрсулчиња по малку и му ги вадам и веќе е подобар за разлика од првите два ноќи како дишеше мислев ќе се задуши и нас ни ги даде педијатар истите и ако имате потреба ставај слободно неколку дена многу му олеснува на моево кога ќе му ставам...настинавте ли и вие? И за ноктите јас на спиење со ноктарче му ги исеков ама ене го пак му се пораснати... исто партал се прави по лице :/
Исто и моето се штрека, сакав да го носам на лекар да ми кажат што е, исто 2месеци има. Некогаш во сон плаче силно и после неколку секунди како ништо да не е. Кога заспива ме држи за маица како да се плаши од нешто. Денеска скоро после секој подој повраќаше многу, во млазови и плачеше, одвај го заспав? Мислев утре да го носам на педијатар ако и сабајле така продолжи, мислите дека има место за паника? Се плашев да не дехидрира, ама пелената му е стално полна и денес 3 пати се покака. Дојдовме на одмор во охрид, да не му е од промена клима? Ау дури порасне ќе збудалам
@Igle кога бевме на дежурен педијатарот ни рече настинка, а пак педијатарот од ремедика рече дека се чистат. И двете ни ги препорачаа аква марисот. Ставав 3 дена подобро е, нели три дена имаат рок па ќе одмориме малки.
Можно е да е од промена на клима, но не мора да значи, ќерка ми до 7 месеци стално повраќаше, најверојатно се прецицуваше и многу мрдаше. А за штрекањето нормално е , рефлекс е тоа. Можно е и грчеви да има. Како расте се ке се среди.
Капките имаат три дена рок? Извини те прашувам затоа што и јас и ги ставам ама никој не ми кажа дека имаат рок.
Тоа што мрдаат така е супер , значи дека имаат супер развиени рефлекси , така ми кажа педијатар. А и моето повраќа по малку после секое јадење , но многу мрда и затоа . Штом качуваат на килажа и добро напредуваат нема потреба за грижа. @eli25 како се ставаат аква марисот?
@kiki_riki така и кажале на мајка ми во аптека од отворање 3 дена рок. Денес ги фрлив па ќе купам нови 130 ден. се. @ada21 по една капка во секое носе 3 пати на ден
ај не зезајте капки солени три дена рок .Јас сум ги чувала и по неколку месеци ,исто и спрејовите за нос.Мм има два најдобри другари фармацеути и двајцата имаат ми кажано дека ова врска нема.Веројатно за да им се троши робата и за пари се ке измислат. и за Вигантолот имаше некаде вака.Дека се чувале кратко па се фрлале
Ги фрлив, неможам да прочитам. Ама за сите капки обично знам дека откако ќе се отворат стојат 5 дена пример.за овие 3, може дека се бебешки.
@eli25 исти бевме и ние со носето и киваше многу. Ни рекоа не му р ништо се чисти се уште, па ни препорачаа физиолошки раствор да му капнуваме и после неколку мин со аспираторот да влечам. Еднаш на три дена таков третман и после некое време престана. Мислам дека е премн мало за солени капки П. С. Имам некаде прочитано, мајки од млекото свое капнувале во носето и се чистело... Според мене додека цица има заштита од тебе и не верувам дека е настинато...
Мамички имаме 20 дена, од пред некој ден бебе почна помалку да спие преку ден... еве синоќа заспа во 1, спиеше до 4, цицаше и се занимаваше до 6, па спиевме до 8:30...пак цицавме па со кенкање спиеше кај мене на стомак од 10-12... следно преспа со кенкање пак на раце од 3-3:45 и пак на раце од 6- 8... не знам дали е доволно ѕоа спиење за возраста, вашите малечки како се однесуваат на оваа возраст? Плус спиењето во раце не ми дава да мрднам, а кога е буден само кенка дури и кога не е период на грчеви... не знам дали му е нешто или така од ништо кенка