Оваа педијатарка е во Систина срцка. А матична ни е др Јадранка Најдевска во Идадија. Двете се одлични. Во Ѓорче не знам ниедна, но знам колешка на сопругот која оди во Ѓорче и воопшто не се задоволни... И колега истото му го кажувал.
За педијатар не знам баш....на времето (зборувам за пред 25-6 год.) мене ми била матична д-рка Радица Маџовска (мислам така се презиваше, не сум баш сигурна) искрено не знам дали се` уште работи таму, прашај ако сакаш. Инаку многу добра д-рка во поликлиниката во Ѓорче е д-р Спасенија Јовановиќ. Иако сум мажена на сосема спротивен дел од Ск. јас си ја задржав за матична, мене ме лечи од дете. Единствен проблем е што има премногу пациенти и додека да дочекаш ред ќе се здрвиш. Што се однесува до спиењето, не за џабе кога си бремена викаат-одмарајте и уживајте додека можете, после кога ќе се роди бебето нема спиење. Сега го знаете значењето. Ајде, ајде....старите викаат гајрет... ова се слатки маки. Е па добре дојдовте во светот на ненаспаните мамички.
Луѓе ние цел ден очи пет банки. Одвај поспавме од кај 17 часот до 19 и 30, е еве до сега 15 мин до полноќ си седевме будни со една дремка од 20 мин. Нормално е ова? Што бидна колу убав ред си имавме фатено цице, менување пелена, спиење 3 часа, па пак исто. Сега неколку дена маки си мачиме. Не дека е немирен, ама не спие, си седи буден и набљудува.Некој со вакво искуство? Утре сме на предијатар, па ајде да видиме што тој ќе ни каже.
Еве не и нас со вакво искуство Среќа маж ми е дома, па он ја занимава, ја држи и успива, тешко мене ноќва, а и наредните денови Незнам денес што се случува со детево, спие и плаче или не спие.
е па ѓабе не се рекло дека децата менат е баш ова е тоа некоја ден ке спие повеке некоја ден нема да спие се додека не плачи добро е хахах
Еве еден корисен линк за сите мамички, прочитајте зошто бебињата некогаш се однесуваат како што се однесуваат. Убаво е ако може да ја најдете книгата The Wonder Weeks - многу убаво е објаснето за секоја недела после раѓањето што се случува со бебињата. Имаше ПДФ верзија онлајн, ама ја симнале. Меѓутоа, на линков им доволно информации. The wonder weeks
Ние денес со нова мака Целата е како затната , ама она како за хрчење, незнам да го објаснам. Инаку на цицање не и смета, си диши со носето. Аман веќе. А и вчера и денес од кога ќе се нацица, потоа и да ждригне пак ми повраќа малку , само незнам дали е некое млеко што не го голтнала или баш повраќање. Мала количина е, онака само и се слева од устичето. Но, синоќа после цицање, кога ја легнав да спие, како да се давеше, како да се гадеше од нешто. Некој со вакво искуство???
Хаха Меу нашиве се како договорени исто да прават. Еве го мојов исто така сабајлево. Ќе се нацица, ќе ждригне, ќе го успијам (ова со малки последниве дена) и во сон ќе се згрчи некако и ќе поврати. Или течно, или засирено ако поврати по некој час од доењето. Не знам што да правземам. Единствено знам дека мака нема на меше ако е, ама па шубе ми е малечок да го ставам. Настрана ја мрда мн главата па ми е страв. Ајде денес сум на едијатар, ќе му кажам и за ова со грчењево и бљуцкање, а и со неспиењево па ќе видиме што ум ќе ми даде.
Бљуцкањето е очекувано понекогаш, бидејќи не им е затворено капачето (ај така да го наречам) меѓу хранопроводот и желудникот и храната (млекото) им се враќа назад. Или пак, тоа може да значи дека го исфрлаат вишокот храна. Син ми откако наполни месец, па до 6 полни месеци така бљуцкаше после секое цицање или пиење млеко, ама буквално после секое. Ми рекоа дека не е страшно и дека ќе престане кога ќе се почне со цврста храна, односно кога целосно ќе му се развијат мускулите затворачи на хранопроводот. И уште нешто, како последица на тоа бљуцкање ќе шмркаат со носињата - и тоа шмркање престанува кога ќе престане бљуцкањето. Ако повраќањето е поинтензивно, во млаз, тогаш мора консултација со педијатар.
Нашето не е во млаз, туку баш онака и истекува од устето. Еве и пред малку два пати така ми направи. Јас па викам да не и се шлајмови па да ги вади А пред два дена, кога цицаше, дали и дојде многу млеко наеднаш, она цица , а јас гледам и истекува низ нос, но не ја пушта цицката. И секогаш така кога започнува цицањето, ќе ја наполни устата, и истекува од сите страни, се засркнува но не пушта... чудно дете Инаку почна да се превртува, односно од грб на страна и обратно, а кога бара да цица ако сум и во близина, некако дали се влече по креветот, не знам(зошто ова се случува навечер кога спијам), се довлечкува до мене, и буквално се пика , бара цице. Зарем е можно толку мала вакви егзибиции да прави А синоќа на сва пати испушти гласче како почетно гугање, со ма ми се погледнавме и се изначудивме
Не е страшно, тоа е вишокот млеко што не може да го голтне, не се грижи. И тоа млекото што течело од носето може да биде причина за затнувањето, може заостанало нешто, па и се слева во грлото кога лежи - затоа на страна е најубаво да лежат. Штом велиш дека убаво си дише кога цица, немаш гајле, не е затната.
Ги читам постовите на meU и на NoellePage и си викам ко за моево бебе да пишувале! И моево смени, сега најдолги дремки му се по 20 мин, најмногу 40, а со саати е буден и бара НА ГРАДА ИЛИ ВО РАЦЕ ДА Е! И бљуцка и повраќа и се дави и низ носе вади млекце.... абре све исто! Збеснувам веќе, а дада му си бара внимание, нема одмор Ако ви е прво детенце, одмарајте со него, дремете или барем исправете грб, кренете нозе и пуштете мозок на пасење... сериозно, и тоа помага за опуштање.... а ако сте како мене со второ, е тогаш молете се да се погодат да спијат во исто време, па да одморите малку, или да миете, пеглате, готвите.. Поздрав
Значи ова најверојатно им е период кој треба да чекаме да помине Јас едвај чекам маж ми да си дојде од работа, тогаш тој ме одменува и се е полесно, од кога ќе си дојде ниту еднаш не менувам пелени, за се , буквално се е тој тука, освен за цице. Навечер ја дојам накај 22ипол ,после бањање , и му ја оставам тој ја заспива, па јас заспивам пред неа. Но, додека да дојде тој, зверот ме истрошува до крај. Еве ја сега спие веќе 2ипол часа, и знам дека кога ќе стане ќе биде весело.
Меу се консултирав со педијатарот и ми рече дека е тотално нормално да се будни по некој час. Си бараат внимание, занимација.Ама јас мојов го легнувам во корпа на софа, му ставам некоја играчка со поживи бои бидејќи само такви го интересираат и збркнувам некое работиче по дома. А за бљуцкањето, кога ќе бљлуцне им останува и во устето не го вадат цело, па низ цицањето може да истекува низ крајчињата од устето ама ништо страшно, сами си знаат они да си се снајдат. И иако на пати срце ми се кине од жал и ми ие да го земам в раце. го оставам сам да лежи било во креветче, било во корпа во дневна, ама обавезно сака музика и галама за да си спие. Оти тешко мене ако се научи в раце, а јас сама дури мм е на работа. Две недели ни помагаше низ дома, сега на работа и повеќето е на мене. Ајде уште 1 месец има одмор па ќе имам мала одмена. И им се извинувам на поискусните мами, малецкиве проблемчичи веќе им се одминати и досадни ама па за сета поддршка и разбирање ќе падне и некое частење
Меу а и сите останати тазе мамички Почетокот е тежок , додека се привикнете едни на други со бебушки , и ја сватите улогата на мајка 24/7 мене почетокот ми беше супер , бебето првите 40 дена спиеше денско време , цицаше напредуваше перфектно . Навечер си ја бањавме кај 9 и заспиваше ... ама јас имав и голема помош од мајками Од кога она си отиде јас останав сама ... Мм на работа до 16ч сум го чекала со душа да се врати да ме одмени малце ...бебето смени .. повеќе будна беше , ке дремнеше 15 мин и се будеше беше во топ форма бараше да ја шетам низ стан , да разгледува итн итн во буквална смисла јас претепана бев .. ни време за мене ,да се средам нит ништо се чудев на другите мајки како се постасуваат , јас НЕ и тешко ми беше Ама со времето , се смени и бебето почна да спие повеке денско време, знае да се заигра со играчка , ја ставам во релаксатор ..си седи во него додека јас и спремам јадење .. ке јаде и ке заспие и јас си имам колку толку време и да одморам и да зготвам нешто итн. после коа доага мм ја оставам на него да си играат и такаа .. Секој почеток е тежок
И со мојава малечка е така.. само што она кога ке и дојде да бљуцне , ако не може преку уста преку нос и се плаши и кога ке почне една песничка така да си запее лееле мори мајко.. значи не плаче туку вреска на цел глас додека не ја земам.. а моментот е што се случува во сред ноќ и јас кога ќе се разбудам не знам на кај да одам кога ја слушам како плаче се губам.. На почетокот и ние си имавме убав ред фатено ама нели мењаат па така навечер откако ке дојде татко и е цело време будна докај 2 саатот.. Јас барем малку отспивам сеуште не сум видела некоја голема мака, бидејќи сме на АД мм ја рани навечер , а и мајками е тука ако се заспијам некогаш преку ден Meu за носето стави и солен раствор , со превриена вода и сол нас тоа многу ни помага или пак исецкај кромид и стави .. па паѓајте во несвест после и да имам прочитано дека кога се затнати дечињата треба да спијат на тенко перниче .. колку е ова точно не знам нека кажат поискусниве мајки Ние кога бевме затнати и ставив сецкан кромид , солен раствор и утрето дента ја изнесов малку надвор да подиши чист воздух и така се среди Мамички сакав да прашам со каква вода го правите АД млекото .. СКОПСКАВА ВОДА ич ама ич не ми се бендисува многу хлор има а и мене многу ми мириса, и да од каде ја набавувате водата?
Јас си купувам флаширана вода ,со Јана почнав и со неа правам од прв ден ад млеко а и чајче ако треба исто со неа ,за од чешма не би ти препорачала сега уште е рано и да земеш да ја превриеш од хлор ке ти се згнаси ти да ја пиеш а не на бебе да даваш .
Маж ми кога го прави млекото го прави со обична вода, а јас со пелистерка(обична). Ние денес сме со гости, моите дојдоа да не видат, па баба ме одмени, јас поспав, а бебето успиено и еве уште спие, веќе скоро 4ч, баба има некоја волшебна моќ, треба да си ја задржиме изгледа
Меу, учи ја сама да се успива, или со музика пушти и. Ние имаме музичко играче што се закачува на креветот и плус свети и вибрира, па како нишкање му доаѓа. Денес го нацицав, си погугавме малку, го преслеков и го ставив во креветче, музичето, малку се бунтовавме, ама цуцето ни заврши работа. Си излегов и по 15 мин си заспа сам фала му на Бога. Само упорно требало,иако не секогаш успева ама треба нерви и трпение.
Во врска со спиењето да знаете дека цело време ке менуваат еднаш ке се будат ноке ке плачат цело време, потоа не , па по некое време може пак Јас додуша немав проблеми со мојата ќерка , кога ке се разбудеше навечер со плачење ја доев па пак ке си продолжеше да спие и така се до утрото до 10-11. Но потоа од 8 месец се смени до 4 ипол сабајлето си правевме журки потоа пак се смени си спиеше нормално и секако нели саатите на спиење се намалуваат кога ке потпораснат.. Спојлер малку забегав од темава но да си знаете