@SophiaBella не се секирај. Се случува кај бебињата. И син ми неколку пати има во млаз повратено и низ нос и низ уста. Најчесто поради тоа што кружниот мускул што му го затвара желуднукот се отпуштил и се се вратило назад. @Ece 1309 јас само со тетра пелена му ја поминувам школката на увото и ако штрчи нешто го вадам. Стапчиња не користам. Тоа ми е совет од ушнат докторка која го лечеше син му. Со стапчињата повеке штета се прави.
јас користам бабу чепкалките што се и тоа не нон стоп и се опуштив со нив пошо се наменети за нив и нема опасност да брцниш длабоко а и секакп кај нив све е надворешно а и шубе ми е да не и ги исчистам со капење се чисти ама пак има сите бебенца се така.
Што знам, за заби не е малце рано? Денес бевме на лекар едниот ми рече дека има малце воспалено грло и ми даде антивиотици плус оперил п а др лекар ми рече дека нема грло и со инхалации да го излечиме носето и да спречиме спуштање на плуча инхалации со пола ампула декстазон и физиолошки раствор секое утро и пред спиење, денес прв ден сме со инхалации, ајде нека помине веќе се изнамачи девојчето
Рано не е. Првата ќерка на 4 месеци извади. До година ги имаше и сите петки. Вторава е 7 месеци а сеуште ниту едно. Правило нема. Кај првата беше обично така. Симптомите и беа тие, плус си ги тегнеше ушите. Нека мине со лесно кај ќеркичката.
Па мене ми е некако страв со чепкалките сеуште не можам да се опуштам, затоа и прашав за предлози и совети. Ама точно тие се специјално за нив правени. Не треба да има проблем при користење. Ти благодарам на одговорот.
Мајки колку време најммогу бебе што е на адаптирано млеко може да не е какано, ние обично какаме секој ен ама еве веќе 1 ден не сме какани и оп мешето му е големо ама ете не му доаѓа да се искака, му гп мадирам мешето, газето ама не сака да чуе за какање најберојатно има тврда столица,ајде совет давајте како да се искакаме со бебо
Колкави сте? Ние првите 2-3 месеци какавме мн често скоро секој ден, сега знае да се искака и после 2-3 дена. Скоро 5 мес.сме и на ад. Мислам дека до 3-4 дена не е ништо страшно.
Јас не верувам во тоа дека е нормално бебе да не кака неколку дена, поготово бебе на ад. Кога ќе слушнам па 10 дена некакани не можам никако да сфатам. Мојата еднаш ја фати тежок запек 3 дена не беше какана и јас полудев. Штом мешето е големо и рипнато треба да се олесни.Ама штом само еден ден не е какано, може веќе наредната вечер да се искака, се случувало кај нас така. Колкави сте? Давај му чајче, пожелно на бекутан бидејќи шеќерот помага, од еднаш не е страшно. Слушав една нутриционистка на телма дека е дозволено мали количини шеќер при опстипација. Масажи никогаш не ни помогнале. Помагаше да ја почувам во коритце топла вода и така да ја масирам за меше. И последно, кога ќе мачкаш павловичева масирај го отворот на газето, земи повеќе маст и масирај, докажано
Здраво мамички.Јас сум мама 2 ипол месеци.Бебе е на мајчино млеко и добро напредува.Но,пред два дена беше вознемирено цел ден,слабо јадеше и или спиеше или кенкаше.Вечерта поврати жолто и имаше тт 37.3.Го однесовме на детска клиника,го прегледаа и ми кажаа дека носето му е затнато и од тоа му е.Сабајлето во 4 качи 38,му дадов парацетамол и му се спушти тт.Вчера беше подобар ама пак слабо јадеше.Вечерта пак поврати и цела ноќ има гасови и се мачи да се покака.Пак качи тт 38.2,со парацетамол му се симна.Дали и се има случено на некоја мамичка нешто слично?Мислам дека го боли мешето од гасовите,не знам дали е можно да качува тт од тоа???Ај ве молам споделете искуство,зашто ме плаши што е толку малечко а има покачена тт.Поздрав
Температурата му е најверојатно од настинката, а агасовите бидејќи не може да кака, а не може од температурата. најверојатно чувствува тежина во мешето, што дополнително го иритира и го прави плачлив, ама по опаѓањето на темепературата, ќе си продолжи да си кака. Немам искуство, но ова ми е логично објаснување. Повраќањето му е од носето и се работи или за вирсу, или носна бактерија. Не ви побараа ли некои дополнителни испитувања за соодветен третман? Мало е бебево, не знам дали црп и на толку мали се бара плис крвна слика? Појди на матичен најдобро.
Ne e mozno da kacuva temperatura od grcevite. Proverete obavezno krvna slika i urina, pokacena temperatura bez ocigledni simptomi najcesto e znak na urinarna infekcija.
Здраво мами после колку време ви дојде млеко малиот ми е 3дена уште немам млеко а на гради го ставам трга убаво по 20 мин и повеќе некогаш
И јас исто имав стресен период по пораѓање. Не бев спијана ич дури бев во болница. По една недела ми дојде млеко ама не е доволно и плус го дохранувам бебуш со АД. А тој убаво си трга си цица ама не се најадува.
Фала многу,му направија крвна слика,леукоцити добри,хемоглобин слаб... Му направија крвна слика,леукоцититте беа добри,ама хемоглобинот низок.Фала за одговорот
@Belabelinakinder Во четврток се породив, млеко почна да ми доаѓа сабота вечер. Градите жежеа, јас ланолин мачкав, мислев од брадавиците жежат. Цела ноќ спиев гола во болница. Нареде ден, во недела, си дојдов дома, градите тапан. Ако не беа мајка ми и свеки да ме цедат едната за лева едната десна града, одма мастит ќе фатев. Бебушот не цицаше како што треба, а и ж9очтица имаше. А стимулираш плус со молзење? И не разбирам, велиш по 20 минути цица? Голта ли за тоа време? Ги дохрануваат ли нешто ако си во болница уште?