Само немој да се нервираш. На цимерката моја и дојде дури петиот ден. Во болница додека бевме само и зборуваа сестрите да не се нервира. Многу течности и чај за лактација и упорност со држење на града и ќе си дојде. Кај нејзе наеднаш надојде. Ако ти се веќе набрекнати и тешки може веќе надоаѓа пробај да се истискаш или побарај помош некој што нема да те жали да те истиска. Многу е болно ама мене многу ми помогна што во болница имаше една сестра што така безмилосно ме истиска.
Оди уште еднаш на клиника и тоа сега на дежурен нека испитаат црп обавезно и урина. Ќерка ми кога беше неполни 2 месец исто качи температура и првиот пат кога ја однесов на клиника направија само обична крвна слика и препорака парацетамол за симнување на температурата., наредниот ден пак отидов и барав детално испитување, само црп-то и беше 261. Излезе дека има уринарна инфекција и ако продолжев да ја лечам дома со парацетамол без антибиотик ќе дојдеше до оштетување на бубрезите. Толку мало бебе да има температура мора да има некакво жариште во организмот што мора навремено да се лечи.
Сличен случај имав и јас, симптоми никакви, а крена температура, 3 месеци мислам дека беше синко, тогаш Џој ме советуваше да проверам урина и излезе уринарна инфекција. Затоа @kleopatra11 во понеделник обавезно проверете уринарен статус па ако покаже нешто ќе направите и уринокултура. Не мора да е тоа, ама добро е да се исклучи, зашто знае да биде опасно ако не се детектира на време. Леукоцитите обично се качуваат 2 дена после првата качена температура, затоа и крвната слика не е баш валидна ако се прави истиот ден кога детето ќе крене температура. @Belabelinakinder на прворотките малку покасно им доаѓа млеко. Јас се породив среда вечер, а млеко убаво ми надојде недела вечер. Штом бебе влече 20тина минути сигурно има нешто, а ним и толку им треба тогаш, по 10-20мл за да се заситат.
Фала многу,ќе проверам обавезно урина,зошто само тоа останува.А,ако отидам сега ќе му земат урина за уринокултура,дека на дежурен???
Мој совет ти е да отидеш уште сега на дежурен да провериш, на детска клиника прилично брзо ги обработуват примероците и ги даваат резултатите. ( барем јас такво искуство имав) А за да си олесниш и на себе и на бебето можеш да му земеш кеса за урина од аптека и одма да му ја ставиш може ќе се измочка додека чекате и ќе си скратиш чекање таму.
@Belabelinakinder и на цимерката моја почна да и доаѓа млеко последниот ден. Цело време се нервираше зошто имаше притисок од дома (маж, свекрва) стално и викаа млеко имаш ли. Сестрите и збореа да не се нервира, и дадоа совет за чај за лактација и некои таблетки. Сега бебето цицало убаво. Бидејќи со царски рекоа подоцна доаѓа.битно е да ти е на града доста време и ќе има млеко
3 месец Ако си породена со царски рез правото млеко доаѓа после 21 ден така беше со мене, сега имаш жолто млеко што се вика колострум и тоа е навистина најдобро бебето да го цица бидејќи е одличен во изградувањето на имунитетот на бебчето, те советувам да купиш пумпа рачна за измолзување ги има во сите аптеки тооа ќе ти биде од мбогу голема помош бидејќи ќе се измолџиш и ќе му го дадеш на бебчето преку шише да го испие, и јас немав млеко бебето не можеше убаво да ја фати градата и мене градите ми беа тапан ама многу ми помогна пумпата на чико околу 1800 демари беше и за да ти доаѓа повеќе млеко мене искрено чајот за доилки не муќи помогна туку прдијатарот ми препиша апчиња на природна база околу 700 и нешто денари беа лактил се викаат двапати на ден се шијат околу 56 апчиња има е тие многу помогаат за млеко да знаеш, се надевам ти помогнав бидејќи истиот проблем го имав и јас
@Sofronko ако си со царски првото млеко надоаѓа после 21 ден??? И јас сум со царски породена првата ден клострум,втората ми надојде млеко од болница излеговме потешки од што се родивме за 330 грама. @eli25 нормално е,додека не се 3-4 столици во рок од еден саат добро е.
Да да со царски доаѓа правото млеко после 21 ден а до тогаш колострум ќе имаш Да моето знаеше да кака и до 7-8 пати на ден
А сега да прашам , како ги покривате малите , јас секогаш рацете му ги вадам од надвор ,страв ми е ако се внатре и кога ќе мрда со нив да ме си го покрие лицето . Многу сум параноична знам , но пусти страв . И некогаш му се ладни рачињата и му ставам ракавички . Сакам да кѕпам вреќа мислам дека е побезбедно . Ваше мислење?
Ме чуди затоа што клострум имав во текот на бременоста и првите два дена откако се породив валјда знам што цицал син ми. Додека цицаше од едната града од другата капеше млеко,кога ке се притиснам прскаше на сите страни чисто бело млеко валјда не е тоа клострум Царски породените после 21 ден им идело вистинско млеко а на тие природно породени
nema pravila srcka. kolostrumot inaku na pochetok e proziren potoa zolt. barem kaj mene taka beshe. inaku da, od stimul na ednata od dvete teche.
нема врска све е до хормони организам како има млеко па колку ќе се воспостави лактациа од др причини кај тебе дошло 21 ден со мене в соба 3те беа царски уште утре дента им беа на града и мн др што знам .. може некоа ден напред назад да не дојде одма кај сите али дека по 21 ден со царски не е точно
ona misli na pravo mleko togash i doshlo a kolostrum imala. inaku sega mi tekna pedijatarot mi reche 40 dena trael kolostrumot. no pak ne mora da znachi.
Знам дека нема правила затоа и ја цитирав.Знам што е клострум знам што е млеко и првото реткото и тоа после помасното да речам белото. Кога го почнав мојот доенечки стаж имав мн недоумици контактирав тоа време со др.Јулија од соба за доење ми обајснуваше затоа знам. А дека нема правила нема јаас царски млеко ми надојде од вториот ден сестра ми природно ни клострум ни млеко и надојде капка не капеше од градите. Ќе прочита некоја тазе мамичка неискусна што е со царски ќе мисли нема млеко ќе посегне по ад безпотреба. Еве како постручна ќе ја повикам ако е тука @Kaetana да ни разјасни.
коа читам и пишувам со една рака тел др беба така ми е можно ли е толку долго да има колострум ја миск пак дека е само првите подои тоа