Здраво мајки, бебе (2 месеца) изминативе денови ми кака течно. Кака еднаш до два пати дневно но течно. Исто така забележав дека мириса поинаку. Инаку бојата е стандард жолта. Дали имате слично искуство? До минатата недела бевме во болница заради инфекција и моментално пие сируп антибиотик. Можно е да е од тоа?
Обично урината мириса од антибиотикот, ама можно е и столицата. Секако столицата е потечна кај бебиња кои се само на млеко, башка и антибиотикот си влијае на цревната флора. Давај пробиотици еднаш дневно, ќе се среди. Само внимавај да не е во исто време со антибиотикот, нека има минимум два часа растојание меѓу антибиотикот и пробиотикот, небитно што ќе дадеш прво. Има пробиотик за бебиња на Провен, одличен е.
Тоа со лекар ќе си видиш, тие на природна база се обично од тревки, а сите тревки се потенцијални алергени. Башка зависи каква е кашлицата.
Мајки бебево има во окото трепка како да му ја извадам? Страв ми е да не мрдни па да го повредам. Само кога му е отворено окото му се гледа кога спија му го под отварам малку ама неможам да ја видам. Од вчера му е инаку.
Мајки, ве молам за совет. Бебето чудно ми се однесува. Кенкаво е, плаче.,сака во раце, тешко се успиваме. Додуше и ние си ја навикнавме за во раце. Дали се работи за скок во развој или нешто друго?Инаку на 27 месецов ќе правиме 3 месеци.
Истово ме најде и тоа со 3 клепки. Една во едното оче 2 во другото. Тоцкаво бебе од месец и пол на очно го носев. Таа ќора па и очето не можеше да,му го отвори ми рече така ти се чини нема ништо. Дома со физиолошки раствор легнат на,лева,страна јас во десното оче му ставам и обратно. Ги извадивме некако со судни маки.
Да,испадна дека има уринарна инфекција,црп 29,урина катастрофа со се и сешто.Од саботата вечерта не задржаа,вчера си дојдовме дома.Примаше антибиотик во болница,сега дома со панцеф продолжуваме,па на контрола по 10дневна терапија.Уринокултурата покажа ешерихија.Кај вас како беше?Страв ми е да не не се излечи со панцефот,да не качи пак тт.Иначе во болница немаше тт.После првата доза антибиотик му се прочисти урината.Кај вас како беше?Поздрав Докторката не доаѓала веќе уште од мај,а не знам кај работи И ние до вчера бевме во болница со уринарна инфекција,ешерихија испадна.Од денес со панцеф и пробиотик провен,исто какушка му мириса некако појако и потечна е.Се надевам со пробиотикот ќе се среди,иначе бебе е 2ипол месеци. @artemidis i @Lolipop23 ви благодарам најмногу за советите.Благодарение на вас отидов одма на клиника и рано се откри инфекцијата пред да направи некоја штета.Да сте живи и здрави 100 години
Не е проблем, за тоа сме тука да си помагаме, и мене тука ме советуваше една членка па среќа навреме откривме. Во иднина при секоја повишена температура прво проверувајте урина, многу е битно да не се повторува, ако се повторува треба да се направи микциона уросонографија за да се провери дали има некоја аномалија на уринарниот тракт. Др. Дафина Кузмановска е во пензија да, ама знам кажуваше дека оди повремено на клиника, ние бевме на преглед на приватно во Ремедика, таму доаѓа вторници и петоци. Др. Велибор Тасиќ исто важи за многу добар специјалист во областа на детската нефрологија. Како и да е се надевам дека нема да се повтори па да имате потреба од нив.
Ti blagodaram mnogu,se nadevam nema da se povtori,inace dr. Tasikj mu gi gledase bubrezinjata na eho.Pozdrav
Иста е и мојата. Си имаше фатено ред накај 9 заспиваше сега пред 12 не е заспана. Мн е нервозна кемка цело време одвај заспива. Ние спас најдовме во количката па цел ден се возиме низ дома оти рацете не држат појќе Исто така заприметив овие дена денски кога спие наеднаш во сон вриска и се разбудва. На 30 ние ќе правиме 3 месеци.
Дали е нормално бебево да бљуцка некогаш многу густо бело? А некогаш па водичка бела? И после блуцкање бара да цица...нели треба да е најаден ако бљуцнал? И каките мнооогу му мирисаат, а инаку се со нормална боја? Имаме скоро месец...
Кога ги ставаме дирекно повраќа. Затоа прашав дали може во млекце, белки нема да ги поврати така. Некое слично искуство со Д3 да не има некој?