Ako ne gi podnesuva ke pobaras da vi dadat vigantol. Ne zemaj na svoja raka zatoa sto sodrzat pogolema doza na d3 pa treba soodvetno doziranje spored potrebata na bebeto
@LiliBoz зошто да не се ставаат во цела доза? Јас прво ставав во помалку млеко за да бидам сигурна дека ќе ги испие , а сега му ги давам во цела доза . А можно ли е од нив да бљуцка после тоа или? И јас давам пливит @wannaBeMomma која е разликата со вигантол?
може срцка цела доза, не ме разбра. само ставај пред да го дадеш млекото. не да стои со капките. тоа ти реков. инаку и јас давав пливит.
@LiliBoz да , така правам . Ќе го направам млекцето ги ставам капките и одма го пие . Но некогаш после тоа знае да бљуцне и незнам дали ги прима убаво .
Тоа не можам да ти кажам дали е од капките дали од што се прејало. Затоа за најсигурно да ти е стави млекце во лажичка и капки и прво дај го тоа па потоа млекото. Јас немав проблем со бљуцкање... Или запамти кој период најчесто бљуцка и не му давај тогаш капки
Пливит не се маслени плус многу горчат па затоа и голем дел не ги прифаќаат бебињата. Плус имаат помала количина на д3 во една капка од вигантолот. Па на пример ако прима 3 капки пливит тогаш од вигантол ќе бидат 2 (ова само како пример, ортопед треба да каже)
Koga ke stavis kapki vo taa doza, namali na mlekceto10ml od redovnata doza sto si ja pie. Taka ke bides sigurna deka ne bljucka od sto e prejadeno. Ako pak bljucne..togas verojatno od kapkite e.
@kleopatra11 мило ми е што навремено си реагирала, се надевам повеќе нема да се повтори А дали ви кажаа од што дошло до уринарна инфекција? Ќерка ми има бубрежен рефлукс и тоа е причината што дошло до инфекција. Беше 10 дена во болница под венска терапија со антибиотик и продолживме дома со сируп. Ние ја носевме во Плодност во Битола по препорака на др Дафина Кузмановска за да се види дали има рефлукс. Јас лично би ти препорачала доколку си во можност да го однесеш бебето на преглед кај докторката во Ремедика. Незнам како се со цени, ама јас многу го ценам нејзиното мислење.
Не знам,не ни кажаа,кога ќе одиме на контрола ќе прашам секако.Нешто матичната ми кажа дека може да е од лошо бришење какушки,пошто е ешерихија,иако не знам како можело да дојде до контакт со курето како и да го бришеш.Да е девојче полесно би се пренело ама вака машко стварно не знам.Ќе се распрашам и за кај докторката зашто сакам да знам ако има некаков проблем.Верувам дека е стручна затоа што додека бев јас на клиника уште неколкумина доаѓаа и ја бараа за преглед.
@artemidis @kleopatra11 Др. Кузмановска е навистина многу стручна, но истото го имам слушнато и за др. Тасиќ. Штом тој го прегледал детето мислам нема потреба да одиш на приватно, прегледот чини 3200 денари и исто се гледаат на ехо бубрезите и мочниот меур, да се види дали има оштетувања од бактеријата. Значи истото што ви го направил и Тасиќ на клиника. За аномалии на урогениталниот тракт како што е бубрежниот рефлукс мора да се направи микциона, а најбезбедната метода без зрачење се прави само во Плодност - Битола и чини околу 200 евра. Тоа обично се препорачува доколку дојде до повторување на инфекцијата.
Аха,баш сакав сега тоа да прашам,како се испитува дали има рефлукс.Се надевам дека нема да се повтори и нема да има потреба од испитување. @Lolipop23 кај вас што беше причината за инфекцијата?
Никој не ни ја кажа причината, доктор Кузмановска ни објасни дека кај машки бебиња најчесто е поради вродена малформација, рефлукс поради кој урината се враќа назад кон бубрезите. Инфекцијата од изметот е ептен минимална кај машки бебиња. Додека не се направи микциона, не може да се знае дали е тоа или не. Затоа ако приметиш било каква промена на урината, боја, мирис, присуство на крв, веднаш направете уринарен статус. Исто и кога ќе качи температура бебуш, без разлика на другите симптоми прво испитајте урина. Ако не дај Боже се повтори инфекцијата ќе мора да го направите тоа испитување, но се надевам тоа нема да биде случај кај вас.
Бевме во систина на преглед испадна дека девојчето има инфекција на уши нос и грло сега сме на цефалексин, инхалации и синомарин спреј за нос, добро што на време ја однесов, да не ја носев не сакам ни да помислам на последиците
@orhideea @tincemajmunce и моето често има трепка во окото ,но со плачење излегува . Зошто на очен ? Полошо може да се направи ако се брка во окото . Тоа е мое мислење .
Каде го пишува тоа? Во упатството не е наведено. Капките Пливит Д3 се користат додека да се потроши шишето, обично до месец, месец и пол траело кај мене. Ако се чува на ладно и темно (во фрижидер) нема никакви проблеми со растворот. Ако се чува на собна температура во присуство на сончева светлина, многу брзо ќе се изгуби дејството. Зборував со фармацевти за оваа проблематика, уште за првото дете се зборуваше исто, фармацевтите ми рекоа дека ако не е наведено во упатството, тогаш рокот на капките е тој запишан на кутијата, и не се фрлаат после три недели од отворањето, туку се користи цело шише до крај. Рано е за плачење со солзи... тоа мислам некаде после третиот месец или понатаму ќе биде.