srcka aj proveri ubavo bidejki ne pamtam da go prochitav ama imam doma kje zirnam ako sakash. maticnata mi naglasi deka 21 den imaat rok a i sajkovski.
Не користам сега Пливит Д3, ама знам дека истава полемика се водеше и порано, и тука на форумов. Педијатрите не ги слушам за Д3, за тоа само ортопед, кој ми нема нагласено ништо такво. 100% сум сигурна дека никаде не пишува во упатството дека треба да се користат само 21 ден. Еве, и онлајн го најдов упатството, пишува дека рокот на траење е до датумот обележан на опаковката. Еве ти линк да си прочиташ, никаде не е наведено дека трае 21 ден од отворањето (како што е наведено кај Тобрекс капките на пример, дека траат 28 дена од отворањето на шишенцето). https://www.krenizdravo.rtl.hr/korisno/upute/plivit-d3-kapi-uputa-o-lijeku
Ни јас повеќе не користам сега, освен зимоска што ќе треба и ќе го знам ова што го кажа, фала ти. Зимно време од прилика кога почнуваше со давање д3?
И мојот плачеше без солзи. Почнав да му заприметувам некаде после 6-7 месец дека почна да плаче со со солзи. А клепката со физиолошки ја извадивме.
Од октомври. За големиот до 4 години користев Пливит Д3, сега давам КидзОмега или Омега 3 на Медекс (вториов ми е погоден, детево повеќе го сака и поевтин е), а за малово Бејбитол Д3, не сум престанала, ќе терам до мај, по советот на ортопедот.
Моето плаче со солзи , сега не баш да рони солзи ама му солзат очите . За 9 дена сме 2 месеци . Нормално ли е?
Да бе, за Пливит Д3 и мене така ми рекоа во аптека, само 3 недели откако ќе се отворат. Дури ми рече таа фармацефката да си пијам и јас, бидејќи за три недели бебушка секако не можела да ги испие, па ќе требало да ги фрлам. А инаку точно е, во право си, баш и јас седнав убаво да го исчитам упатството и не пишува ништа околу тоа.
Јас па и педијатар и фармацевт прашав тука, ми рекоа да ги давам до крај. Очигледно сите различно советуваат, јас лично ги чував во фрижидер и ги искористував цели.
И јас прашав за вигантолот, го прашав Антоније од орто+, рече дека по месец дена од отварање единиците се намалуваат, ако се 500 паѓаат на 300. (Од прилика.)
Мамички бебе имаше грчеви и му ставив термофорче преку боди и блузичка. Сега ја пресоблекував и забележав црвенило на местото кај што стоеше термофорчето. Вака не ја боли, ја пикам таму се смее, но сепак се загрижив. Некоја слично искуство? Дали нешто да превземам? Се преплашив...
И јас истото го направив ко беше 2 месеци, со топла тетра. Немаше последици, кожата се смири по кратко време, се изгуби црвенилото. Покрај тоа што им е нежна кожата, брзо се загреваат ко ќе се помали, немаат терморегулација како нас развиена (и затоа и од жештина се исфрлаат често). Ќе помине, само следи дали се смирува надворешно и не ставај толку топло повеќе.
@Luna91 мислам дека ништо не ставив, самото помина, за брзо време до наредниот ден немаше ништо. Сигурно ќе помине за брзо, реагирала кожата на топлината.
И ние купивме термофорче пред некој ден ама ете страв ми е кога го ставам на мешето некако ми се чини многу е топло. Вчера и денес го ставав , нема црвено на кожата.Гледам на многумина им помогнало за грчевите па сакам да го користам. Доволно ли е што го ставам над бодито и плус една тетра , па врз неа термофорчето?
И јас го користам 2 недели. Сум го ставала само врз боди и немаше црвенило. Сега и врз боди и блузичка, па се поцрвене. Не знам зошто така....