@Luna91 вчера го пишав истото . Се испаничив страшно Го намачкав со кокосово масло за 3,4 саата изчезна . Не се плаши само надворешно е.
Следен пат ставајте и една тетра врз облеката па термофорчето. За да не се плашите вака. Сите мислам се имаме упрпано од истово бар еднаш ...
Добро е што е добро. Инаку мојот педијатар ме советуваше да не ставам термофорче, ми рече имало случај кај што не испаднало добро, не би да пренесувам сега се, ама треба внимателно со нив и да не се оставаат подолго. Подобро топла тетра да се стави, не многу загреана и на пократко време.
@Lolipop23 не ја спорам стручноста на докторот, ама моето искуство со апаратот за ехо на клиника баш и не е сјајно. Првиот пат кога ја гледаше Кузмановска, баш онака рутински погледна искоментира како не е добар апаратот ама дека се е добро. Кога го земав извештајот да го прочитам пишување дека поради технички причини не можело да се забележи промени кај бубрезите. На мое инсистирање бевме уште еднаш и веќе вториот пат забележа дека има некој проблем и не упати на снимање во Плодност. Снимањето беше додека бевме во болница, не можам ни да замислам колку сум им била досадна на сестрите и на докторките распрашувајќи се за состојбата на моето дете. Инсистирав да ми кажат кој е причинителот на инфекцијата и не се смирив се додека др Кузмановска буквално не ми нацрта. Затоа не можам да прифатам одговор на било кој и да е доктор дека не знае од што дошло до инфекција. Мора да знае, ако не е сигурен нека прати на понатамошни испитувања ама мора да се знае. @kleopatra11 се надевам дека бебето сега е добро, ама јас лично не би чекала да крене пак температура за да го носам на испитување. Ако финансиски не си во можност да одиш на приватно не би било лошо да одите уште еднаш на клиника. Ние контролата ја правевме кај др Емилија Шахпазова.
moeto od dva meseci pk Nie vo vtornik sme na kontrola,ne znam dali ke go gledaat pak ne eho.Sega sme so sirup do vtornik
Хемоглобин 106 (110-165) Еритроцити 3.33 (3.80-5.80) Леукоцити 8.1 (3.5-10) Тромбоцити 403 (150-390) Хематокрит 311 (350-500) Мајки, ова се резултатите од бебушка моја. Само кај леукоцитите е мирно. Ни препишаа железо капки и ц витамин. Ваше искуство и мислење ве молам?
нас кога ни беше хмгб 105 докторот ни рече со храна ќе се оправиме кога ќе дојде време. тогаш имавме 2 месеци. наводно треба да е 80 за да даде терапија за железо. и вистина. како почнавме со дохрана рипна на 120, потоа кога дадов спанаќ брокула цвекло 130...
@RainBow не ме плаши уште толку . Подобро кажи да си знаеме . Инаку јас го ставам преку 2 слоја на алишта т.е. бодито и шпикозни . И не го оставам константно , ставам 3 мин па го тргнувам малку , па пак и се така околу саат време .
Во право си, не размислив дека можно е ехото да не чини. Зборот ми беше дека не е ништо посебно и прегледот на приватно, само обично ехо да се види дали дошло до оштетување на бубрезите, но не и да се детектира причината и да се постави дијагноза. Во пракса ми кажаа дека бидејќи порано методата била поинванзивна се чекало да се повтори инфекцијата за да се направи микциона. Бидејќи кај синко бубрезите беа во ред не не упатија на истата, не знам кај Клеопатра каков е наодот од ехото...
@LiliBoz давам само биогаја 5 капки од сабајле , а капки за грчеви пробав со колиеф 1 ден беше супер после полошо стана . Штом дадам од нив почне да го боли . Сега сме ок , некогаш и без термофорче се смирува . И еднаш во неделата имаме ден кога се посилни и ептен плаче .
Па баш да не ве плашам, не ми кажа детали докторот, ми рече само дека негово мислење е дека нема потреба од термофорче бидејќи бебињата се сè уште многу нежни, а имало случај бебе да добие внатрешно крварење од топлото. Е сега не ми кажа колку време мајката го ставала за да се случи ова, сигурно било подолго, ама чисто ми го кажа како совет и да не претерувам со топло.
ostanatite vrednosti posebno hematokritot moze pet pati u den da se promeni. se dur ne e nekoja razlika vo vrednosti od nad 20% ne e strashno.