ЗМене така ми правеше или кога ќе беше многу ладна па цицаше брзо или кога многу ми надоаѓаше млеко па она немаше време да голтне и се засркнуваше. Јас во таква ситуација одма на страна ја вртев (дека ми беше во скут) и ќе се искашлаше па ќе си продолжеше со цицање. Сега се поретко се случува ама пак така реагирам. Пробај друга поза да видиш дали е до тоа. У принцип ништо страшно
и јас така правам ја вртам на страна и ја подчукнувам од позади. претежно и давам да цица во раце или легнати во кревет. фала на совет
имам уште еден проблем како што кажав два месеци сме и понекогаш кога спие а некогаш и ко ќе е будна како да се гуши за воздух испушта чудни звуци дали е тоа нормално?
И ние сме месец тoчнo и нaс ни се прaви белo јaзичетo. Нaјчестo пoсле цицaње/aд. Oбaвезнo 10тинa мин пoсле јaдење дaвaм вoдa сo цуцлa кoлку сaкa дa се нaпие пa ни се чисти. Акo видaм декa сеуште е белo нaвечер сo сoдa бикaрбoнa и гaзa гo чистaм.
Мајкички моето бебе денес првпат имаше како проливче мешано жолто со зелено, дали е нормално и дали има место за оаника??на адаптирано сме,сеа пиеме хип комбиотик 1 веќе 1 недела претходно на нан 1 бевме
@Sofronko од млекото е сигурно . А зошто го смени млекото ? Ние сме на нан 1 и супер го поднесува . Кога почнаа грчеви една педијатарка ме советуваше да смениме со хип комбиотик , а друга рече дека нема потреба и останавме на нан .
@Sofronko епа од тоа е , ако имал запек сега може да е зеленкасто . Ќе се стабилизира . Кај нас еднаш не беше ден ипол какано ,па после кога се искака беше зеленкасто . Инаку мајки како да знам дали бебето има шлајмови ? Некако чудно хрчи незнам дали е од носето или има шлајм . Утре ќе го носам да го види педијатар . Во меѓувреме да ми кажете искуства .
@Sofronko значи ако кашла има шлајмови . Незнам како да се осигурам . Не кашла само хрчи понекогаш не нон стоп. Утре ќе видиме за сигурно . Педијатерката аман ќе каже од мене хаха
Да кај нас бар така е, ако хрчи носето е тесни му се каналите масирај го делот жеѓу очиѕе и носот и под долниот капак на очите
Само моево ли едно месечно бебе не преспива преку ден????дремнува по 10 мин на доење и уште два пати по пола саат Навечер не спие повеќе од 10 саати со три четири паузи од кои една две се по саат или саат ипол :/
Мајки ми требате хитно ! Плачеше од грчеви и се искашла со крвче , се извадив од памет бевме одма на дежурен , го преслуша го виде грлото кажа дека нема шлајмови , направивме крвна слика во ред е се . Се слушнав и со докторката од ск што ни беше додека бевме таму кажа дека од напон од плачење крвен сад пукнало во грлцето и не било ништо . Сега сме дома но не сум мирна . Дај кажете ми искуства ве молам . А и заборавив к1 го бпцнаа.
Здраво мамички би сакала совет ,се породив пред три недели со царски рез инаку сум дијабетичар цела бременост пиев сиофор од 500 мг кога се породив ќерками се роди со низок шекер 2,4 и високи леукоцити за кои примаше антибиотци кога излеговме само продолживме со сирупче уште три дена за леукоцитите а за шекерот ми рекоа дека е се во ред но детево мое беше по рачињата сето модро од боцкање и газето исто и беше модро од инекции и сега се доиме на два часа ама бебушка се е гладна незнам што да правам а имаме грчеви си пиеме по 50 милилитри бекутанче од анасон сабајле и навечер едно 20 мин пред доење ама каката и зелена незнам зошто ,инаку ми е второ дете ама со првото немам вакво искуство се си беше во ред и во план сум утре на педијатар да ја носам но во меѓувреме сакам совети од вас поздравче
@ada21 сте биле на доктор, опушти се и следи само, сметам дека докторите се во право. Ако се има искашлано посилно не е невообичаено капиларче да пукне. Те разбирам колку изгледа страшно, моето имаше крварење од папоче и ноќта го однесовме во паника, исто прими к витамин и се среди крварењето. @gjul бекутанот има премногу шеќер во состав, пробајте хип или хумана од анасон без додаден шеќер. Зелена кака може од многу причини да е, може од вишок плунка ако голта, од носе ако се слева, може од мешето од грчевите, исто и бојата оксидира ако е во контакт со воздух подзасушена. Консултирај се со педијатар, јас прашав за бојата зошто моето имаше жолто-зелена столица постојано и нормална беше, а и одлично ставаше на килажа. Следи ги пелените дали мокри редовно, тоа е битно за да знаеш дали е најадена, и со мерењето на килажа најдобро ќе знаеш на контроли.
Мами малиот кога му давам од капките д3 ми повраќа пробав и во шишето со млеко и со лажиче пак поврати 10 дена ми е