Мамички мала консултација. Вчера вечерта и ноќта синко беше малку повознемирен и повеше ќенкаше и плачеше. После тоа на неколку пати се случуваше да се накашла. Дали може да е од што се напнуваше со плачење. во секој случај во четврток сме на редовен педијатриски преглед, ама да знам дали да одам порано заради кашлањево. еве следам ситуација, кога е мирен не се случува, ама кога ќе се расплаче до заоѓање (обично на менување пелена) знае да се подзакашла
Па претпоставувам и јас, на онолку напрегање дека му се иристира грлцето од плачењето. Ќе го следам ама нема од што друго да му е. дома е контролирана температура, а андвор само во идеални услови изнесен е неколку пати на прошетка во паркче. Уште нешто сакав да прашам. Со ждригнувањето дали јас нешто грешам или нормално е. Се обидувам да го кренам после секој подој барем неколку минути. До сега дали 5 пати ми ждригнал. Понекогаш му се случува откако ќе го вратам во креветче, после 10 минути да ми бљуцне. и колку време обично ги држите поткренати за да ждригнат?
Главчето потпрено на твоето рамо и можеш да тапкаш по малку на грбче Држев дури да подригне,некогаш им треба повеќе време
И моето не ждрига секогаш, го држам и по 15-20 минути. Некогаш си е ок не повраќа, ама некогаш ми повраќа обилно во млаз. И јас не знам како да му помогнам да ждригне.
И на моево му треба предолго за да ждригне и бљуцне, ретко тоа се случува веднаш после цицање... најчесто и по долго држење на рамо не успеваме па го легнувам така..он веќе заспан кај мене на рамо..и штом го легнам се буди и бљуцка или почнува да плаче... и го научив, а плаче го земам во раце и тогаш ждригнува...не знам зошто вака ама еве тоа ни се случува стално, па се презаспиваме отпосле...инаку тапкам и по грбче ама не помага баш...
Ај да прашам неш ако знае некој.Не ми е 1 дете но да прашам.Синко се роди со влакненца по чело,ушиња и рачиња.2 недели сме големи е сега дали сами ке испагаат или има некој марифет а и по лице ги има ама по ретко.Првото ми беше чисто ко солза.
Баш така правам. Кревам на рамо и галам и тапкам по грбче, Ама после некое време сам се трга. Ја крева главата и се бутка.
Ќе пробам уште вечер па утре ќе се јавам а не знам зошто не ги дават тие од порано 3д знам внуците ги прима. Овие помодерно поголеми проблеми ни прат
Majki do koga kotistite relaksator? mojava e 5+ ama nekako mi e nestabilna vo nego sama se diga i sednuva. Pred nekoj den ke padnese. Dali kako solucija e ok da ja stavam vo ogradica?
И моето бебе не ждригнуваше до 6 недели потоа почна но не секогаш. Ако ика тоа било исто како да ждригнува Моето брбе има влакненца по челото и на увцата. 2 месеци е и сеуште не му се попаднати. Незнам кога ќе падмат, а требало....но кога?...
Јас прашав поназад но не добив одговор синко ми е точно три месеци првите 6 недели беше само на мајчино потоа две недели беше и на мајчино и на АД после тоа се одби од мајчиното и еден месец е само на АД,сега пие по 90мл и тоа не му давам наеднаш правиме пауза по 15 до 20 минути и му го додавам цело многу добро го примаше но има еве една недела многу бљуцка не беше вака инаку му додавам аптамил 1 и во млекото ставам капки еспумисан но не му е од нив и тие му ги давам од 6 недели кога имаше,на педијатар ни рекоа се прејадувало како може кога му давам на 2 часа по 90 ..некој совет или искуство ве молам ..или да го сменам млекото ??