Вака не е препорачливо бидејќи нема добар проток на воздухот и се зголемува ризикот од СИДС. Клариса, уште е мала, има потреба од твојата близина и чувствува кога не си до неа. Отавај ја почесто сама, кога ќе се разбуди не ја кревај, само погали ја и пробај пак да ја заспиеш. Кога ќе увиде дека секогаш си тука за неа ќе почне да си го зголемува постепено времето сама.
Мајки ве молам ако имате искуство да споделите, веќе незнам што да правам.. Синко за 3 дена ќе прави 1 месец, а веќе 3 дена многу се грчи, плаче, има гасови и неможе да спие од болки во стомачето,многу е вознемирен. Го носев на педијатар му дадоа капки еспумисан на 8ч. да му давам и еве веќе 2 дена никакво подобрување. Плус му давам и капки на биогаја. Исто и мн. почна да ми повраќа, дури и кога ќе ждригне после пола саат и повеќе знае да поврати. Не повраќа се, но е како водичка и парченца засирено млеко. Дали е можно да му се враќа храната од премногу грчење и плачење? Друго, до скоро му давав на секој 3ч. По 65мл. ад или измолзено од мене, но сега на секој 2ч/2ипол он плаче за јадење и си ја смука раката.. Една педијатарка ми кажа да му давам колку сака да јаде.. дефинитивно 65мл. Не го задоволува, почнав максимум до 80мл да давам.. но сега и тоа му е малку, па прочитав на хип пишува за негова возраст да се заправува со 90мл.вода и 3 лажички од хип и тоа излегува околу 100мл млекце. Цело шишенце од 100мл си го испива и тогаш е задоволен. Да не е многу? Иначе само еднаш до 2 пати кака во денот но обилно. Извинете на долгиот пост.
Немам искуство за ад млекото затоа што ние сме само на доење,но според ова што го кажуваш правам споредба со синко мој и бебчето твое е лакомо како моето се прејадува и затоа ти повраќа немој да се секираш за тоа .Моето и кога се напнува да кака знае да блјуцне од што премногу се напнува се стега целиот .За грчевите нас ни помогнаа гас бимби капките ,и јас му правам чај од превриена водичка со ким и во него додавам пола лажичка од бекутан чајот од анасон супер тераме мака со грчеви веќе немаме .Пробај со чајчево немаш зијан ќе видиш дали ќе помогне ,и ставај му топло на мешето обавезно .
Здраво мамички синко за три дена прави 1месец. Ме интересира дали вашите бебиња спијат на перничиња и какви или само на душекот? Имајте убав ден со вашите бебушки
Моето на еден месец пиеше по толку. Некогаш го пиеше целото, некогаш не. Ама на 3 саати, на помалку не се дава ад. Ако даваш на два часа може затоа и повеќе грчеви има.
@elcezelce а колкави сте сега вие? На колку водичка и колку ставаш ким? Јас му давам од чајчето на бекутан но не сум ставала ким. А за лаком многу е.. @Black girl значи ок е да пие по толку? Кај него не се случило да му остане млекце, намерно му го вадам шишенцето и почекувам, ама одма се буни бара уште и цело си го испива. Кога му давам ад гледам да биде на 3 саати иако он си бара порано, а од ад на мое млеко и обратно давам отприлика на 2ипол.. Сега веќе неколку дена наместо да се одмолзувам му давам од мене да цица...почна да фаќа дури сега и не прави разлика дали е од шише или цице секако сака, само да се јаде. Е сега проблем ми е и тоа што јас немам доволно млеко и после цицање незнам колку дохрана да му направам.. Пред малку беше какан но помалку од вообичаено и потврда столица, се гледа дека го мачи стомачето.
@Seduction а кога измолзуваш по колку мл ваѓаш? може и да не е гладен, мојот да го оставам цел ден на цицка би седел. Во последно време кога цица прета со рацете, со нозете, се скубе, се греба и мислев дека немам млеко и дека е гладен. пред некој ден бевме на контрола и за еден месец има качено еден кг, значи не бил гладен. ставај го почесто на града нека влече и ќе ти стимулира лактација, полесно ќе биде за тебе. Нас за грчевите многу ни помогна термофорот, само со тоа му се смируваше стомачето
Ние сега во четврток на 22 правиме 2 месеци ,јас ставам во 100мл вода неколку зрнца ким искрено не ги бројам отприлика се валјда 5-10 зрнца нас многу ни го олеснува мешето и ни помага .
Okolu 60/70ml od dvete gradi vkupno.. no 2-3 pati u denot, nema za povekje :/ i nema sekogash tolku. Vo desnata imam povekje mleko
Мајки да ве прашам, беба е 2 месеца и една недела. Се повеќе и повеќе спие навечер. Преку ден јаде на 3 часа точно, го бањам околу 20 часот. Еве веќе е 3:35 ама беба се нема разбудено за јадење веќе 7 часа. Докторките ми викаат да не го будам, но се мислам дека 7часа е многу... има некој искуство?
сега ако научиш ноќе да станува после до 2-3 години ке ти станува за млеко и тоа од навика.Радувај се што спие спиј и ти.Впрочем ноќта и е за одмор а не за јадење
Јас кога купив електрична пумпа на томи типи едвај измолзував 30мл,а пиев и хумана чај и апчиња пивски квасец. Потоа зедов рачна на лансинокс измолзувам по 200мл плус цица а не пијам веке чај и апчиња. Види да не ти е до пумпата.
Мајка остави го да си спие немој да го будиш ,ако е гладно тоа ќе си се разбуди само немој да се секираш уживај легни си и одмори се и ти
@eli25 @Belabelinakinder може ли да ми наброите како да препознавам дали детето ми е гладно во однос на вашето искуство...се си мислам и мојот е гладен иако цица по малку и ене го сега спие... ми викаат гладно дете не спие ама што знам веќе... се ми се чини и јас немам доволно млеко и го изгладнувам И тоа заспа сам, цицна... повеќе шмукувања отколку голтања - значи ништо не цицал...а и онака цицаше три минути...го оставив на кревет да одам да видам дали ќе одмолзам нешто се враќам мирен, не прета, гледа во ефна точка... жал ми падна викам сирот нема ни сила да прета ко обично од што е гладен...одам да правам адаптиранп и се враќам спие... и сега мислам гладен е заспан .. :'( срце ме боли на помислата дека може е гладен
Мајка, незнам дали некој ќе може да ти каже поконкретно, ама најсигурен знак си е самото дете. И јас така мислев дека кратко ми цица (уште цица 10-20 минути од една града на два па понекогаш и три саати(ретко и на саат и пол знае да се разбуди и да бара цице)), ама мерките покажаа друго. последните две недели качува повеќе од 40 гр дневно што се смета за солидно. Сте се мереле ли како напредува во тежина? Барем јас забележав дека ако е гладно бебето дури и ми заоѓа од плачење. На пример сакам да му сменам пелена пред да цица зошто е целиот укакан, верувај дека едвај додржува додека да се облечеме. Плачот од глад викаат дека е најинтензивен. Баш Сајковски го слушав во една емисија за ова.
На месечната контрола беше супер...скоро кило напреднат ама по месец навака јас имам проблем со лактацијата, цела мината недела немав млеко па му давав и ад,вчера вечер исто вечерта снемав и му дадов...сабајлево градите место како секоја друга вечер препукнати беа полу празни...инаку и мојот како твоето мислам дека плаче кога е гладен па и пелена нема шанси да смениш ама веќе ми е страв да чекам плач како знак за глад...викам може малку поднаполни стомаче само за залажување и си ќути... памет немам...
Однеси го пак да го измерат, прати пелени како полни, колку. Имај верба во себе, млеко ќе има, јади, пиј по 4 л течности, чаеви, ставај на града цело време. Јас кога мислев нешто не е во ред прво ја носев на мерење, па се уверував дека напредува.
Земи измолзи ќе видиш дали имаш млеко ако имаш значи такво е детето синко мој по еден сат значи цицаше а што цицаше не знам и гладен спиеше ние мислевме меше го боли тоа кутро гладно . Или појди на педијатар однеси го гладен нека го вагат па после дади му да цица и ќе ти кажат дали му е малку
Те читав дека имаш проблем иако незнам како утврди дека немаш млеко. Во секој случај не сум стручна, ако ти е страв дека не е доволно пробај неколку дена само со цицање и носи на мерење за да видиш како напредува. Во секој случај опушти се малку, Стресот влијае и на млекото и на бебето, може и од тоа да е нервозно. А за ова малку поднаполни и ќути незнам. Мојот додека не се нацица убаво нема запирање. Дури и ако задреме, ако го кренам на рамо за да подригне, одма се ококорува и почнува да лиже на рамо па го враќам на града. Исто и ако се обидам да го вратам во креветче, ако не е доцицан одма почнува да пишти. Дури откако убаво ќе се нацица заспива цврсто за да можам да го ставам во креветче.