Мајки еве сме три месеци ама малку напредуваме со мајчино млеко околу 500 грами во просек а млеко имам многу и сега ми вика матичната да и давам дохрана, ми е страв да не се одбие од моето млеко, некое искуство ваше или совет?
@cat-woman зошто да и даваш вештачко млеко ако имаш многу млеко ? Ако не влече убаво или не сака многу да цица тогаш одмолзувај се по три четири пати во денот и тоа и го давај, а во меѓувреме нека си цица.
Сите заби така ги вади мојава. Не спие со денови пред да излезат, кенка и ја нишам на секој саат, цица цело време. Така од бебе, така и сега. Кога ќе излезе убаво и ќе и помине маката не кенка веќе. Мака има, гушкај ја, ќе и помине и ќе спие. До следното.
Ние шетаме секој ден по двапати,кога дува потопло го облекувам. Дома ако сме цел ден исто како под казна да сме.
Ели подобро да се изнесуваат и на вакво време, па и во зима кога не дува и нема магла. Нормално, соодветно облечени. Така се создава имунитет. Секогаш го кажувам примерот со градинките во Норвешка. Таму во најладното ги изнесуваат децата да отспијат надвор поради подигање на имунитетот. Нашиве, постарите се научени да се чуваат бебушите под стаклено ѕвоно, ветре да не ги фати.
Еве не надвор и е мнпгу убаво. Не дува. Слободно излагајте за да го навикнеш на годишни времиња и промени. Облакај соодветно со времето. Синко е со тенко боди со ракави и дуксер, а доле со тренерчиња. Има тенко капче и ќебенце не дебело до половината ( зашто е седнат ). Ем него му е убаво си ги глеа фонтаниве, ем мама си јаде сладолед од Дежа ву
Последните неколку дена имам забележано дека синчето ми се грчи многу и се стега и плачи. Претпоставувам грчеви се. Заприметив дека кога се грчи ги треси ноџињата, некогаш левото, некогаш десното. Дали е нормално или да барам совет од педијатар? Дали на некоја се има ова случено? За 4 дена правиме месец.
Да знам за грчевите, прашањето ми беше дали тресењето на ноџињата е резултат на грчењето и дали е нормално. Не го формулирав добро прашањето
Мене така ми рекоа во болница, дека кога има грчеви, тресе и ги истегнува ноџињата. Кај мене дури толку многу се истегнува на моменти едвај го додржувам.
Фала ти, значи е нормално, баш овие дена кога се интензивираа грчевите заприметив дека ги тресе ноџињата. Сепак се исплашив, па реков да прашам тука прво.
Грчеви се, му даваш ли нешто за ублажување на болките? Масирај го за мешето, тапкај го по газето за да испушта гасови, држи му го мешето со раката да му држи топло
Се ова правам, а и често испушта гасови и често е какан, скоро секоја пелена е какана. Си олеснува така барем си мислам. Мене ме исплаши тресењето на ноџињата, како неконтролирано тресење кога се грчи, де едното, де другото ноџе. Не знаев дали е така заради грчевите или нешто друго.