Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    И моето ги тресе исто така и јас се загрижив многу и го прашав педијатарот ми рече дека тоа е нормално но дека нема да биде нормално ако тресењето на ноџињата надминува 20 пати во текот на денот
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    Мајки ние сме 2 месеци и неколку дена, дали е можно да има скок во развој овие денови е многу различен , кенка плаче , а не се грчеви и не сака да спие преку ден.
    Исто многу често го вади јазикот како да си игра со него , а почна и да гука од скоро . Дали треба тоа да ме загрижува со јазикот?
    Прашав педијатар да не се шлајмови го прегледа и рече дека нема .
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Мене понекогаш ми прави така со јазичето и одма после тоа бљуцнува. Ова зборувам кога прави фацка како да се напрега.
     
    На ada21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @Ano не е за бљуцкање . Често го прави тоа , како да си игра го вади го свиткува ... незнам што може да е .
     
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    И така го вади понекогаш. Мислам дека е нормално и не се загрижував. Сега ти малку ме замислу, па ќе го прашам педијатарот наредна контрола
     
    На ada21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @Ano леле и тебе те загрижив . Ние во пон. имаме преглед па ќе прашам . Ќе ти пишам , пиши ми и ти кога ќе прашаш:*
     
  7. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Туку џампер односно статично дубалце, од кога дте користеле? Читав некој од 4+, иако е 6+, па да си прашам.
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2017
  8. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    @ada21 @Ano за јазичињата не се грижете, и мојот во една фаза почна многу да го вади надвор па се испаничив, но и членките тука и педијатарот ми рекоа дека не е страшно ќе има такви периоди... еве сега не прави така, само недела дена траеше, ама па на месец ипол почна раце во уста да става (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2017
    На eli25, Ano и ada21 им се допаѓа ова.
  9. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Мајки кога го ставам бебето во релаксатор на која одалеченост треба да биде од тв?
     
  10. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @Igle фала ти , ме утеши малку :)
     
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    22.088
    Мајки икаат ли вашите бебиња и вистина ли е дека кога им застудува тогаш почнуваат да икат?

    И , јазичето на мојот бебуш му е бело за тоа ставаме нистатин ,а сега забележав дека и под јазичето е бело па ме загрижи тоа бидејќи до сега мислам дека не му беше.
     
  12. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Имам читано дека кога им е ладно навистина икаат, но во најголем дел од случаите бебињата икаат ако најадени ги малтретираме многу па желудничето лесно им притиска на дијафрагма и почнуваат да икаат...или икаат ако собрале воздух при цицање и икаат се додека не го исфрлат...
    А јазичето може да е бело и од адаптирано млеко ако сте на ад :)
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  13. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    22.088
    Се надевам дека не е од ладно икањето :|

    Инаку , само на мајчино млеко сме,и понекогаш му е повеќе понекогаш помалку бело , но сега се испаничив зошто под јазичето и тоа му е бело.Незнам дали е од денес ама веројатно е инаку мислам дека би го забележала и од порано.
     
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Не икаат од ладно. Тоа е мит. Изгуглај за икањето имаш од доктори и специјалисти зашто икаат. Освен прејадувањето исто е и неправилното зимање воздух, возбуда и уште нешто имаше со капачето од хранопроводникот ама не памтам точно. Мојот ика секој ден ;) па и на 50степени икаше и сигирно од ладно не. Со тек на растење се нормализира. Еве и ние икаме па не е од ладното.
    http://www.yumama.com/beba/zdravlje-beba/2287-zasto-bebe-stucaju.html
    Еве пва прво ми се појави. Имаш и по англиски сајтови па и по српските читни. На мојов му поминува откако че му дадам да поцица малку. Некад го оставам му поминува за неколку минути.
    Едит. Доени бебиња скоро сите се на почеток со Соор (така се вика тоа белото ) тоа е кандида. Ќе му ставаш капки Нистатин и можеш и на чепкалки за уши (ја така правев) и внимателно му ја чистев усната шуплина целосно и обавезнооооо ќе си ги мачкаш брадавиците и ти. Зашто доколку немачкаш немаш ефект само си ја пренесувате кандидата. Ќе помине не е страшно. Само мораш да го средиш тоа за во спротивно може да почне да не ти цица зашто ги пече.
     
    На eli25, V.odolija, Mari-Ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    Мојава е 8 дена и сака да спие на цицето. Ќе цица 15,20 мин и ќе заспие, не можам да ја разбудам за да продолже да цица, само ја доближе устичката до брадавицата и ќе праве движења како да цица , а штом ја ставам во креветче почне да кенка и пак ја ставам на града поцица уште малку и заспие. Некогаш по 2,3 часа спие, некогаш на саат се буде. Кака по 3,4 пати на ден. Во главно е мирна, плаче само кога и се цица. Сакам да кажам немаме некој ред на цицање. Да ја оставам ли сама да си потраже да цица и како да ја разбудам кога ќе се успие на цицка, ја скокоткам на ножето, ја кубам по косата и никако да стане. Инаку во понеделникот кога излеговме од болница беше 2420, а во четвртокот си ја врати тежината од 2600. Ок ли е?
    Не можам никако да се снајдам со цицањето, се си мислам дека е гладна.
     
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Супер напредувате. Мало е уште и бара сигурност и топлина. Доењето е слободно доење, не е да се програмира според часовник. Значи ... кога сака,колку сака и каде сака. Мојот е 5ипол месеци на доење без ред. Значи кога сака тогаш давам. Напредува перфектно, скоро ја тродуплира родилната на 5месеци. Немаш потреба од кубење и сл. Ќе си цица колку сака,па ќе задреме па пак ќе цица. Така функционираат бебиња. Башка ако ја имате жолтицата затоа е по поспано, но со доењето па и изнесување на сонце ќе си помине.
    До 2 месеци скоро синко мој беше само на цицка како пијавица ;) Напорно е и тешко,но ќе помине тој период па ќе си се нотмализира. Не е гладно секогаш кога плаче бебе. Веројатно почнале и грчевите кај вас. Посоветувајсе со својот педијатар за што да земете за грчеви. Читни во темата Грчеви кај бебиња.
    Со лесно мајка и уживај во најубавиот период
     
    На iki26, Ano и forumce им се допаѓа ова.
  17. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Женски
    Како јас постов да го имам пишано :). Исти сме и ние. Ко ќе заспиеме ништо не не будит, не косе кубење, штипкање, ништо ич. Сега пред некој ден бевме за папочето чистење, ојдовме со спиење, ни исчистија папочето и си ојдовме со спиење:D. Кога спиеме спиеме. Јас веќе ја оставам сама да побарат за цицање, да фатиме некој ред, па еве навечер фативме сега уште денски (fingers)
     
    На Ano и forumce им се допаѓа ова.
  18. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Мајки од кога бебчињата почнуваат да си го држат вратчето? Моето бебе е месец и 2 дена и на последната контрола ме искара малку педијатерот дека не сум му правела вежби за да си го држи вратот. Т.е. премн. бил на стомак и мускулот на вратот му е напнат и кога го држам ја тегне главата наназад или му паѓа напред, не му е стабилна а инаку е многу цврсто бебе. Загрижена сум.. незнам дали е нормално тоа и што да правам :(
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 @pandelka
    Немаме жолтица. Еве денес цел ден си спие, само за цицање ќе се подразбуди, ќе и дадам да цицне и по 10,15мин пак заспива. Ама ноќеска се разбуди во 3 и пол, цицаше и после на секој саат се будеше за цицање. Претходните ноќи само 2 пати се има будено. Мене ми беше страв да не немам млеко, ама па добро напредува, денес е 2800. Инаку има грчеви, ги собира ножињата и и кракори стомачето. Во понеделник ќе ја носам на педијатар да видеме што ќе каже.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше дане не е јадена, ама памперсот и е полн нон стоп, значи е ок, + си напреднуваме машала. За грчеви ние користиме пробиотик и фала му на Бога сега за сега е добро.
    А за цицање сношти ние на пола саат баравме а после 12 на три саати едвај, со будење, па во 4 памперсот беше бомба кашикара:rofl: до миење газе дојдовме.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.