Па не знам од кога треба. Моево од месец ипол почна да ја држи постабилно. А какви вежби се прават? Јас ја ставам повремено на меше. Исто така многу е важно кога го држиш бебето да не му ја придржуваш главата (нема да му падне, како што викаат старите ). Ако му ја држиш тоа ќе стане мрзеливо и ќе очекува поткрепа.
Мамички, на бебушка моја и тече носето, т. Е не и тече туку како затнато и е. Ставам физиолошки, вадам со аспираторче и педијатарот ми рече да и давам витамин ц за деца пола таблета. Нема штета од тоа? Инаку 2 м сме.
Мамички да ве прашам за искуство, можеби некоја имала слично вакво. Малата имаше на обравчето од внатрешната страна полип, во болницата ја прегледа максилофацијален хирург, кажа не е опасно ништо, не ѝ прече во цицање и за 2,3 недели да одам кај него да ми даде упат за во клиниката во Ск, за да ѝ го отстранат. Но овие 2 дена гледам дека ѝ го нема полипот, беше жолто топче, а сега нема ништо. Дали е можно само да се повлекло?
Пико Ц капки или на бејби витал -поевтини се од пикото, и со малку водичка или чајче давај и, не и ги давај директно кисели се па се засркнуваат.
Мамички денес кога го пресоблакав синко забележав во изметот како слус ( како мрсул личеше) многу се загрижив. Имала некоја од вас вакво искуство или да одам одма не лекар. Јас денес добив дијареа и имам нагони на повраќање а дојам, што смеам да пијам од лекови за побрзо да ми помине и дали преку млекото можам да му ја пренесам на бебето
шлајмови се тоа добро е си ги исфрла преку каки .. ја бев исто ко тебе до вчера еве и денес иам нагони ама диареа нема и лимони цадев пиев чај од нане и парацетамоли .. иначе пази што јадиш касни банана двопек за диареа компирче варено .. јас имав дома и компот од трнки и сокот го испив мн делува за тоа и исто има лажичка нишесте или густин да разредиш во едно филѓанче вода да испиеш за диареа мн ефикасно.... не би требало ништо да се пренеси мајчиното мл ги штити само избегавај да му дишиш и ако денес продолжиш утре јави се и на лекар види препораки од него ..
Бебенцето за една недела ми прави 3 месеци, последниве 2 недели приметив рачињата ги става во уста постојано не е гладен кога ќе му понудам, а рачињата мислиш ќе ги изеде. Исто така многу гуга постојано и многу прета не се издржува во раце да го држиш. Дали можеби ке почне да вади заб или периодот му е таков?
И мојот е исти и баш тој период почна, сега сем 3м и 10 дена, рацете цели ги пика во уста и ги шмока со сласт, се лигави, мрда со раце и со нозе како да ќе полета, не седи мирен ни 5 минути. И јас мислам дека е мпжно да излага заб ама па рано е многу
пико ц ги има секаде 300 денари се, а другиве се околу 150-'60 ги нема во еурофарм а во другиве ги има. јас ги давав од 2ипол месеца но може и порано.
Oooo super,nie sme 7+ pa se mislev da i zemam nesto za zimniov period da prima vitamini nesto povekje.Ti blagodaram
чим сте поголемки можеш да даваш и мултивитамини, ние имаме користено на baby vit од health aid -650 во зегин ги нема, и на пико имаме користено пико-мултивит околу 350 беа чинам.
ваљда затоа што секоа мајка си има свој пристап и ред на воспитување и третирање на бебчињата за исхрана витамини и сл.
мене педијатар до годника никако не ми дозволуваше да давам ништо.Често прашував за витамин ц ми викаше НЕ.Ке си зема се што му е потребно со соодевтна храна.Еве ја едната 3 другата 9 години никогаш ништо не пиеле од мултивитамини.Не дека немам купено,сум купила и на крај пак не давав.
Витаминот Ц го пиеше со сирупот за железо, мултивитамините беа препорачани од педијатар за апетит и за имунитет. Фала му на бога 14 месеци ни една настинка немаме. @joy1 а што кога детето не ти јаде како ке ги внесе тие витамини, мојов и на глава да стојам фали уште за да јаде ко што треба, хгб нонстоп низок , зашто не јадеше ко што треба. Сега жими што почна да пројадува асално витамини му давав кога беше помал сега му давам маџун и аронија за имунитет.