@ma4e1311 еве од српското упатсво инаку на моја пријателка детето имаше лоша алергиска реакција на Проспан на бршленот.Стигнаа и до ургентен ради гушење. Секако треба внимателност со ваквите сирупи
Мами денес почнавме со саб симплекс капки се мачиме со грчеви. На упатството пишува 4 пати по 7 капки, е сега не знам дали да давам пред доење или после, дали да давам чисто само капки или да измешам со млеко. Сега дадов пред доење само капки ама малку ми поврати после подој па не знам дали ќе имаат ефект капките или не. Инаку и синчето мое грчи со носето како да не можи да диши ми се чини. На контрола рекоа се е ок. Можно е оти се засркнува и повраќа, обично после овие работи најмногу ми грчи.
Нема лекарства, сосема нормално е и пожелно шлајмовите да излагаат преку столица. Кај сите се јавува. За дијарејата земај пробиотик слободно можеш. За повраќањето можеш јагленчиња.
Мајки , може е оф топик , но дома си чистите со средства или не ? Незнам дали и на тоа треба да пазам
јас чистам со сретства(ајакс,арф,и такви ствари) но ако сакаш да внимаваш имаш и еколошки средства на природна база.
@joy1 мислиш дека е штетно? Пример кога се чисти во дневна бебе е во друга соба , се луфтира убаво за да не мириса . А какви се тие средства , ги има ли по маркети не сум приметила .
Првите три месеци само со мокра крпа прашина и мокар џогер под. Страв ми беше посебно дека есен нели роден и зима фати, не е лето да речеш да е отворено цело време. Потоа почнав со фрош, а сјајот за садови и ден денес го користам истиот тој.
Нормално ли е да има гуралки во окцињата месец ипол старо бебе? Зелено жолта боја се...да не е некој знак за настинка? :/ И друго да прашам....иако педијатарот ми рече да го отварам половиот орган после вториот месец, јас пробав пред некој ден и на врвот имаше нешто белко...и има еве секој ден кога и да отворам..нормално е? Не ми изгледа баш нормално...а и како чудно да мириса... искутва?
@Igle ако секретот е мн.минимален не е страшно. ако е обилен со зеленкаста боја, може да е инфекција како кај нас. Курето го отвараме на секое бањање и го чистиме врвот. Исто има малку бело и тоа му го чистиме. Така ни рекоа од ремедика
Мајки, ми треба совет од ваше искуство. 4 дена веќе како бебо (за 3 дена прави 3 месеци) ми кака еднаш дневно, а преку ден си прди и се мачи да се искака ама попусто. И со јадењето сме чудни, цица едвај по 10 мин,а палчето го става во уста цело време. Ќе го ставам на града ама не сака да цица и цуцла не сака...навечер им се буди на саат ипол, аспиеше по 6 саати и ќе се разбудеше да цица и пак заспиваше. Да не е скок во развој или пак да не почнуваат непцата да го чешаат па да вади запчиња?
за забчиња е рано сите бебчиња од тој период пикаат све во уста се распознаваат понатсму па непце ги чешка не е знак за глад за какањето исто е нормал се случува кај голем дел некои и по денови не какаат периоди се мрзливи цревца имаат уште не им се разработени добро супер е и што еднсш си кака се олеснува колку толку и кај мене е така давај му чајче да ублажите мешето и прдкањето .. ако сака да цица ќе цица најаденко си е не се секирај не гледај на саат гледај по самото однесување на беба кај мене ос старт цица 10тин минути а еце а 4ипол мес и напредува многу .. цуцлс може и да не сака не фаќаат сите ако ти е мерак за неа пробај земи др форма можи ќе а сака.. и за спањето периоди се тие растат ќе менуваат кога ќе нанкат кога не ипак неможиме да ги програмираме по наше ..