и ние имавме гурелки во едното око стом е зелена значи дека има бактерија некоја одма однеси брис да му направат и ке ви дадат терапија.ние од самото раѓање имаше и на лекар ништо не му е ништо не му е и сама си побарав за брис и се виде дека има бактерија.ни дадоја крема се мачкавме и за некоку дена му помина,така да мој совет е да си направите брис.ама ако се бели гурелките не е ништо ама штом се зелени тоа е знак за некоја бактерија.ајде со помин да е побрзо закрепнување знам како е
Мајки, бебче е точно 2 и пол месеца. Изминатиов месец скоро секој ден имавме прошетка надвор (ако не излеземе надвор, излегувавме на тераса). Сега откако наеднаш се намалија температурите, три дена како не сме излезени. Сакам да прашам, дали е добро да се изнесува на прошетка од да речеме саат време, или пак само 10-15мин за да го фати воздух? Не знам дали е премногу мал за долги прошетки по ова време.
Нашите гурелки беа зелени и направивме брис и од двете очиња и резултатот беше дека не се присутни патогени бактерии
Нас педијатарот ни рече по два часа дневно да ја иставаме надвор, ама кога надвор е од 5 степени нагоре. Нормално сега на вакво време не може по два часа да скитаме по улици или кафиња. Извади ја колку што мислиш ти дека е доволно. Им годи воздух, еве мојава ако не ја извадам надвор ич збеснува внатре.
Не се ниски температурите, слободно шетајте колку повеќе можете. Само да не дува ветар и да сте убаво облечени.
Мајки , а како се заштитувате од настинки сега периодот. Ајде јас и бебе сме дома , но мм сепак има контакт со луѓе , ми е страв да не настине па да му пренесе на бебе . Дајте некој совет .
Не е многу ладно овој период, слободно излегувајте. Само облечи го убаво и шетајте. Секако цело зимо ќе се седи дома, нека го фаќа воздух бебуш.
Јас со арф и ајакс чистам,а мијалникот во кујната кај што ги мијам шишенцињата од децава од Грин пастата 100% природна е.
јас две недели малку е 5 дена а и 7 според мене, секогаш кога сум правела брисеви сум чекала од терапија две недели ..така и на синко кога му правевме од носето.
@iki26 од каде ги земаш? Мене ми е шубе ми чистеше жена завчера и денес со вода поминував демек да ги тргнам средствата . Бог да чува сум, вишок време Ама скроз изумив.
Од Грин производите ги нарачувам од Гостивар,има мајка ми пријателка која работи со Грин и преку неа. Ама стварно се добри,од нив имам и омекнувач и шампон. Јас задоволна сум.
Пастата од Грин е стварно добра и јас ја користам за се мозе да се користи многу добро чисти. Мајки бебчето 3+ месеци последниве неколку дена во сон плаче вришти го земам во раце го нишкам он спие и плаче, морам да го поминам по лице со вода за да се разбуди и после како ништо да не му е од што може да е така?
Малото е 3 месеци, големото 2 год. Не сме промашиле ден за шетање, зима, лето. Само ако е под нула температурата, ако дува многу ветер, или ако се болни.
Еднаш рано во првото млекце што го пие кога ќе стане. И ако давате пробиотик во прашок не го растварајте во многу топло. Нека биди поладно млекцето/чај/вода.
Има шанса бебе да одбива ад поради тоа што разликува дека не е моето млеко дури и да е гладно? Од време на време користам хип комбиотик ама бебе некогаш го пие, а некогаш негодува иако сум убедена дека е гладно