@eli25 јас за ова се мислам , ај ако има искуство некој да каже дали е добро http://bebesupermarket.mk/?p=17445 Од топ шоп не сум видела , колку е? Инаку сакав да прашам , страшно ми паѓа косата , цели прамени , незнам дали е нормално до толку и колената ме болат многу , се мачкам една маст ама не поминува , посебно при станување мислам ќе ми се скршат
Ako dois normalno e da paga tolku kosata. I mene mi pagase na pocetokot, posle nekolku meseci se stabilizira.
@ada21 опаѓањето на косата е сосема нормално кај сите мајки некаде околу 4тиот месец после породување, испаѓа сето она што не испаднало во бременоста. Ќе се нормализира, наскоро и нова коса ќе имаш. @TheSecret не е поврзано со доењето. @ada21 не дои колку што знам. Мора да испадне вишокот коса, кај сите, без исклучок, независно дали дојат или не.
@Annath @TheSecret не дојдам на ад млеко сме . Ама овие денови ептен ми паѓа , ќе земам и некој шампон против опаѓање.
Да, сите веруваат дека е од доењето. А не е, се нормализира балансот на хормоните, и мора да испадне сиот вишок коса која во бременоста не опаѓала воопшто кај најголемиот број жени. Таа појава се вика ефлувиум. Мене и со првото и со второто ми опаѓаше интензивно во периодот од 4-9 месец, со тоа што со првото ја скратив косата, користев Фитовал шампон и пиев Фитовал капсули. А со второво ништо посебно не правев, па ми се стабилизира, не ми опаѓа како претходно. Ако беше од доењето, косата ќе опаѓаше за цело време додека трае доенечкиот стаж. Јас уште дојам, а не ми паѓа.
леле ада коленава ко стара ме болат неможам да станам. нз зошто.... тој од дормео го начекав на попуст 1990 и нарачав 2 еден за спална еден за дневна. ми го подали другарка па ќе споделам искуство. маж ми ме искара зошто поубаво било со јонизатор, како тој што го постира. така да едниот дормео ќе се сели кај мајка ми а ќе барал со јонизатор да земе (дупол трошок, ама женска глава). земи го тој не се мисли супер цена има.
@eli25 и тебе ли те болат , леле незнам од што е ова и зошто болат, при станување посебно , мака си мачам белки ќе помине само од себе . Ај штом велиш дека тој со јонизатор е подобар тој ќе го нарачам . А дормеото ефтино стварно, баш сега отворив да го видам . Сега кога ќе поченеме со греење си треба вакво .
Мајки денес сум психички капната, малечката цел ден е плачлива, не знај што сака, не можеше да заспие па ја шетав во количка и на крај заспа пред ручек. Попладнево пак плачлива и кенкава, заспа на града дури јадеше два пати. Сега спие, ке видиме до кога. Не знам дали е поднастината или се рсботи само за скок во развој. Освен што кива понекогаш нема други знаци дека е настината. Ако е скок во развој колку време трае? Иначе е полни три месеци.
Мајки се извинувам што упаѓам вака. Се сомневам дека бебе има морбили. Сега го приметив дека е исфрлан по градите и мешето. Исто и главчето. Највеќе кај очите и позади уши. Темп моментално нема. Ама во саботата и неделата имаше, мислев дека запче е. Не беше висока 37,5. Незнам дали да го носам сега на детско?? Ако има соодветна тема упатете ме таму.
Можеби се работи за розеола, баш како што опиша прво имаат температура, па осип по ден-два се јавува ситен. Честа е кај бебињата, бебешка сипаница ја викаат. Да надополнам дека трае неколку дена осипот, и нема последици, ама нека го види матичен бебето поради ситуацијата со морбили, да се исклучи таа можност.
@ada21 , @eli25 и мене ме болат многу колената , особено кога станувам и првите неколку чекори додека ги направам.Незнам дали смеам да мачкам со нешто , а и незнам од што болат. Мене и грбот ме боли , ама тоа веќе знам од што ми е , од нишкање и држење бебе
@V.odolija испадна дека на сите не болат и кај мене исто првите неколку чекори и при станување . Ако доиш мислам дека не може да мачкаш ништо , а и џабе јас мачкав ама не поминува. Мислам дека имаше некои витамини за зглобови , треба да прашам.
Еве прочитај искуства и совети на таа тема https://forum.femina.mk/threads/Сипаници.9844/ https://forum.femina.mk/threads/Епидемија-на-морбили-мали-сипаници.5861/
Колената не ме болат мене, туку половината. Кога сум наведната додека се исправам пола час мине. Како некоја стара баба сум.
e здраво мајки. мене ме болеше само едното колено и малата ја дојам исто така се мачкав со маст волтарен се вика само незнам дали ја има македонија па после 3,4 дена ми помина
и мене ми одбива . ако е мое измолзено во шише пие иначе јок. па така преминавме само на доење. денес сме на мерење. а од каде знаеш дека е гладно? може му е доволно твоето па затоа одбива дохрана