@sofi2107 различни доктори, различни мислења. Нас не води др. Надица од Систина, специјалист нефролог е. Уште од 40дена кога бевме ја примаме терапијата и ќе ја примаме се додека се јавува тој застој. Не е битно, битно бебчињата да се добри и здрави.
Утре ќе видиме др Тасиќ штп ќе каже. Па читајќи по интернетов наидов на многу мислења и искуства на мајќи, дека проширувањето само по себе како растеле бебињата си се повлекува. Искрено верувам дека ќе е така се додека не се испостави спротивното. Кај Надица не сме биле, баш исто една од членките од форумов ми ја спомна дека и они биле кај нејзе. Битно и добро е што примате терапија за привентива да не дојде до уринарна инфекција. Ти посакувам до 1на година да се повлече проширувањето и веќе никогаш да не идете по болници.
Мајки бев во саботата го правев забот, ми го правеа со анестезија и ми ставија лек. Од тогаш бебето на секое цицање повраќа, не во млаз по малку ама повраќа. Бев денес на педијатар ама имаше многу гужва, многу болни деца и ми беше страв да чекам ред за да го прегледа докторот. Што мислите што да правам
Мамички здраво и од нас Чувствувам темава ќе ни биде омилена и досега ни требаше ама мама одвај наоѓа време. Имам повеќе прашања и недоумици Моето бебе има само десетина дена, па уште се запознаваме и учиме. Пишував и во соодветните теми ама ајде и тука. Цицаме од прв момент успешно, барем според пелените. Но никако да ждригне, ја држам исправено ама спие. И после ќе поврати ќе бљуцне. Но овие три дена секој ден по еднаш ми повраќа убав млаз, два пати веднаш после цицање, се тргна и поврати, денес малку после цицање Што е проблемот? Прејадена е или нешто друго? И цело време ика. По неколку пати во денот, и секогаш после цицање. На што се должи тоа? Не цица правилно? Голта воздух? И што да правам да и помогнам? Да лежи, да ја исправам, да и дадам да цицне?? Инаку икаше и додека беше во стомак цело време Преку ден повеќе спие, навечер е будна На секој саат станува, или со саати не сака да заспие. Не знам како да го промениме тоа. На пример синоќа заспа во 8ипол и убаво си спиеше до 12ипол, ама после цела ноќ песни и шетање и ништо. Само болки во грбот Цица по 10мин и заспива. Не знам и тоа како да го продолжиме. После може за брзо пак да цица на пример за пола саат, саат ама секој подој 10мин. Да спие со капа и ракавичиња или без? Денес видов малку црвенило на едната страна на газето, површина колку нокт од палец. Ја намачкав со Бекутан со цинк оксид. Инаку се мачкаме со кремче на Алверде, на секое пресоблекување. И со Бекутан сега да ја мачкам на секое или не? Како најбрзо да го средиме црвенилото? Инаку ја бришам со туфери натопени во вода и ретко со влажни. И што е најинтересно веднаш после пресоблекување ќе се покака што да правам во тој случај, одма да ја пресоблекувам пак? Кога ќе сетите дека се какани ги пресоблекувате дури и да спијат или чекате да се разбудат? На колку време им менувате пелени? Каката ни е таква жолто златна. Но вчера два пати имаше малку како зеленкасто. Од што е тоа? Денес пак е нормално. Мислам. Извинете на долгиот пост. Овие денови ми беше чудно како ништо не успевам да направам. 100 пати се уклучувам и исклучувам без да успеам да пишам Сега најдов време па да прашам сé што ме мачи
@Вереничка уште сте мали за да имате некој ред. Нормално е така, не разликуваат ден и ноќ. Она што вие треба да го направите е да ја прилагодите атмосферата за одреден дел од денот. Значи преку ден многу светлина, вклучен телевизор, гласно разговарање. Навечер се бањате, телевизорот се исклучува, светлината се пригушува, му даваш да цица на тивко за да си заспие. По одреден период ќе научи дека ноќта е време за спиење и ќе почне да сврзува по повеќе саати. Синко ако добро памтам до кај 3 месеци се будеше на секој саат-два, дури потоа почна да сврзува повеќе. Пелена се менува најбрзо што може после какањето, зашто од изметот им се вцрвува газето. Помочана само, не е толку страшно да стои и малку подолг период. Навечер ако е само помочана пелената не ја менувај до сабајле за да не го расонуваш. Каката на доени бебиња најчесто е златно-жотла, меѓутоа знае и да смени боја во зависност од исхраната на мајката. Јас не би ти препорачала да мачкаш газе на секое менување на пелена. Ако си во можност после секоја какана пелена одмивај му го газето и оставај го 10тина минути голо да му дише кожата (секако да е топло во собата). Мачкање еднаш дневно со органската крема, е сосема доволно, јас мачкав со Веледа од невен и првиот месец по 1 дневно, а потоа ни толку, само кога ќе забележам црвенило. Проблеми до сега не сме имале. Тоа што повраќа мислам дека е поради тоа што не ждригнува. Тапкај ја по грбчето кога ќе ја подигнеш, некогаш им треба и повеќе од пола саат време за да ждригнат. Или ќе го поставиш на колена и ќе го навалиш благо напред и ќе го тапкаш по грбчето. Нормално е по малку да бљуцнува, одвреме навреме знаат и да повратат во млаз кога ќе се прејадат, ама не е нормално после секое цицање количински да повраќа. Ако продолжи така јавете се на лекар, можно е да се работи и за рефлукс.
Мами сега малото ми поврати малку како зеленкасто, лигаво. Грчи со носето од ко е роден, се засркнува на секој подој и вервам од тоа е. На педијатар бевме во четвртокот го прегледаа ок беше се. Од шо можи да е така зеленкасто повратеното?
Не знам дали е страшно да го носам на преглед? Многу е мал за 10 дена 2 месеци прави. Да не спушти на гради се плашам. А вака не е различен од до сега се изгледа ок.
Следи го па ќе видиш. Може да не е ништо, може и од млекото да е. Ама поверојатно е дека е некое заостанато шлајмче.
Мајки сега испитувавме мокрача и леукоцитите му се 15. Покачени му биле малку така ми рекоа. Тоа многу ли е или не? И ако да од што се покачуваат? За 2 дена пак сме на контрола да провериме. 2+ сме. @joy1 ај те молам кажи ми ти повеќе се разбираш
ако добро разбрав леукоцити во мокрача имате така?Направете уринокултура да бидеш сигурна дека не се работи за бактерија.
Моево бебе има две недели. Го дојам. Мака мачи да сеискака. цел час стенка, се нервира, се напнува и на крај после саат време ќе успее душичка. Ова се должи на грчеви? Нормално ли е?
Нормално е, стави топло на мешето и прави му масажи, нежно без притисок на мешето со кружни движења со раката, во правец на стрелките на часовникот. Може пробиотик да дадеш повремено. Ако е само на ексклузивно доење, ова ти е доволно, а ако додаваш и ад млеко давај водичка по малку. Инаку сосема нормално и очекувано е ова, се учат цревата да работат.
незнам кај вас како одат референтните вредности.Кај нас ако не се лажам до 5 е.Така да благо ви се покачени.Испитајте пак ,ако сеуште се во пораст а немате симптоми не е лошо да направите ултразвучен преглед .
Мамички совет. На горните капаци на очињата ни се појавува благо црвенило. Ќе се смири па повторно ќе се појави. Не е страшно и само во делот кон носето. Незнам што да правам. Дали треба да мачкам нешто. Не ми се носи по лекари многу вируси има