Мајки син ми има три ипол месеци... пред неколку дена му се појави коњуктивит на едното окце и се повлече за неколку часа, потоа малку му се растече носето и тоа помина па од вчера сабајле почна да се закашлува посебно на наутро и навечер. Веќе некој период се лигави доста многу и пртињата му се нон стоп во уста а од кога е вака дур спие на моменти 'рчи. Докторката вели нема ништо носето грлцето и плуќата се чисти нема температура па ме интересира дали може да е забче во прашање?
Мајки, бебето за 10 дена ќе ми прави 4 месеци. Ноќеска не ми спиеше ич, носот и тече, кива и кашла повремено. Ја однесовме на лекар и не е настината ништо. Ми кажаа се чисти и се слева секретот во грлото и да ставам капки аква марис. Ама не ми е расположена, кенка, плаче. Совет? Некоја имала вакво искуство? Да се редактирам, исто како што пишала и претходната членка Ели, плус и очињата и солзат.
И јас за истово прашував пред некое време, тоа со рачињата било нормално овој период и со хрчењево исто си се чисти само ставај му и физиолошки раствор, а тоа што се закашлува му е од плунката.
Нас за истиве работи ни дадоа капки вит. Ц по две еднаш дневно и три пати на ден инхалација со саномарин , плус чистење на носето со саномарин. Инаку сакав да прашам . Еве ние сме 4+ , бебе кога ќе почне да се смее на глас секогаш почнува да ика. Незнам дали е страшно , на наредна контрола ќе ја прашам матичната , ама до тогаш некој искуство?
@Black girl ние сме 3 месеца и затнато носе имавме. Јас му ја правам следнава “терапија”: - го бањам во кадичка во вц, тушот го оставам настрана да тече врела вода и да се направи пареа. Слично на инхалација - уште таму го облекувам убаво, му ставам капче обавезно и му мачкам Фитобалм мислам се вика, на гради и грб. Има мирис на ментол и е за бебиња. Ќе прашаш убаво на лекар или во аптека. - му ставам Санмарин капки и го чистам со аспиратор носето, ако е затнато само. - јаде и го легнувам во креветче со малку подигнат душек. Ставам мала перница под душекот (не под него). - и си купив јонизатор за да го чисти воздухот во собата. Многу полесно ќе ти диши бебчето. Ние бевме многу затнати и три вечери по ред овака, немаме проблем. Сега кога повремено така “грчи” или гледам дека е затнат, истото го правам.
Мајки денеска се разбудив со затнат нос, ме боли грлото и ми тежи главата, освен парацетамол што смеам друго да пијам, страв ми е да не го префати синко од мене
Мајки, сакам да си купам инхалатор за бебето. Кај матичната одевме за инхалација, ама кога видов мрсули на тоа од друго бебе, нема шанси да го носам. Е сега ме интересира по колку пати на денот да го инхалирам дома кога ќе го купам?
Јас го инхалирав 2 до 3 пати на ден кога беше ептен критично. А во меѓувреме по потреба ставав капки. Нема штета од физиолошкиот. Али 2 пати е доволно
Мами ние имаме неколку слатки маки верувам како и повеќето од вас. Прво цицавме 10мин и заспивавме. Ама бевме на педијатар и супер си напредуваме. Овие два дена почна да цица подолго, и од двете гради, ама па од синоќа наваму ми повраќа. Не е некој млаз, ама бљуцка некогаш и до два-три пати после цицање што ме загрижува. Мака мачевме со ждригање ама еве почна некогаш и да ждрига на некој подој, ама после пак ќе бљуцне. Нормално ли е тоа и колку? Денес бљуцка цело време, почнав да се нервирам Од што може да е? И кенка, немирно спие, прета, се разбуди од спиење поради бљуцкање. Малку и грчи со носето, ама не е настината сигурно, од тоа што прочитав имаме проблем со воздухот, треба проветрување Ај и за спиењето, можеби дека ноќеска за чудо спиеше подолго, па може е наспана. Ама повраќањето Инаку синоќа и дадов капки Линекс бејби по препорака од педијатар. Ни рече полно меше, а не може да се искака, имавме проблем со тоа. И вчера и дадов, па ноќеска и денес нема мака, си кака повеќе пелени. Ама можно ли е од капките да повраќа или нема врска? ( Ние имавме био Гаја ама д-р ми ги пиша овие и ги земавме, а и кажав дека имаме капки. Тие имаат сосема исто дејство, или не? Ако давам од едните да не давам од другите?) Кога е првиот скок во развој? Ние сме само две недели И уште нешто во врска со транспортерот. Почнав да ја ставам од вчера, барам алтернативи за смирување Колку време може да седи/лежи во него? Има ли неправилна положба? Цело време се мислам погоре ли подолу ли треба да е И дали е подобро да ставам нешто во него да го пополнам да не биде така свиткана, туку да лежи, или сепак е најдобро така како што е? Извинете на предолгиот пост Едит: Има бубулички на брадата, црвени ситни и неколку веќе со врв како бело, баш како бубулици воспалени. Со што можам да ја намачкам, исчистам? Цело брадиче и е со ситни брунченца.
@Вереничка Можно е да ти повраќа ако е настината. Мојата пред некое време беше настината и послабо пиеше млеко, а и тоа што го пиеше го повраќаше. Педијатарот ми рече дека од шлајмовите повраќа и преку тоа ги вади. За капките не знам јас користам Провен пробиотик. За транспортер јас од прв ден ја ставам најмногу по два часа кога сме излезени затоа што ја возам во тој дел од количката. За неправилна положба нема, како и да ја местиш таа ќе си се намести како што сака и како што и е најкомотно. (барем така беше кај мене) Дома јас ја чувам во релаксатор дури некогаш преку ден и спие во него.
Абе хит си мајче нормал е да менува подолго пократко батали го саатот опушти се колку сака нека цица па чим е мирно и повраќа се прејадува лакомко си е сиг од едната града поеќе се занимава ..° Опушти се уште сте мн мали нема контрола тоа па и ждригање тешко му оди на сите . - сите грчат се чистат до првиот месец ќе си е така за воздух ќе имаш пр само ако имаш греење на струја или клима работи што го сушат .. -од прекадување исто ко нас и тие ќе си имаат мака нормал не го форсирај мн затоа и ти блјуцка не се мисли ехее што ќе те довалка капките си се ок продолжи си и поарно користи едниве линекс само ако немате грчеви иако тие тек сега по 2ра 3та недела идат - трансп по 2/3 часа макс и треба да се размрда извади после пак по малце да не е ептен мн ..ништо не ставај така му а уништуваш правилната форма положбата нема подоле погоре едно си е местенце.. - и брунченцата исто и тоа е Нормал* релакс новороденче е се чисти адаптира све ќе помине дури трепниш - скок можи и да не осетиш и осетиш тоа се само наведени сиптоми не е секое бебе исто .. ии не читај многу пак ќе кажам Релакс само и галење
Жени совет брз ве молам, влечејќи со аспиратор од носето на бебуш, извадив прозирен секрет ама крвав. Што може да биде, ептен се извадив од памет. Да не е од спрејот со морска вода, разрането нешто? Инаку вчера не сме чистеле носе, денес прв пат.
Еднаш потегнав да му се сневиди...нозе ми се пресекоа. Не знам тој секрет како да му го извадам другачије, горе му стои, ни низ нос оди ниту низ грло и се хрчи во носот. Ден два така, па ќе го снема ден два, па пак секрет.
Не секое хрчење значи полн нос со секрет.Мојата веќе 6 дена се гуши со обилен полн нос.Само спреј ставам и бањам со топла вода и во када полна со морска сол(природна инхалација) и веќе е мн подобра.Штом пукнал капилар значи дека на суво влечете и грубо влечете.