Калиас више незнам што им е на овие докториве. Едни зборат вака, едни онака. Нас ни рекоа дека првиот месец нема бебето доволно имунитет па може да не створи антитела од вакцината и затоа е најдобро после 40 дена да се носи. Е сега незнам вие каде одите на вакцина, викаш ,,планирам,, во понеделник да го носам, ние одиме во Ј.Сандански и таму не ти оставаат простор да си испланираш ти, него ти закажуваат на кој датум да идеш и ти запишуваат во книшката. Значи секаде е различно.Нас во Јане ни рекоа дека од една до друга вакцина требало да се направи разлика од 40 дена. Абе неможе човек крајот да им го фати
Силк јас не живеам во Мк, во Гр.сум и тука сме на педијатар, а инаку за прва вакцина тука се прима на 2 месеци и после секој нареден месец се до 12 месеци. Уплав си имам од тие вакцини, секој месец пред да одиме само паничам да не крене температура после, па како ќе биде оффф уште сега се препотувам кога ми текне
Здраво мамички! Ми треба помош!!! Моето бебенце за една недела ќе направи 4 месеци. Сум приметила веќе подолго време при пресоблакање едното маденце му е погоре,а едното подоле и не знам што да правам па реков прво со Вас да се консултирам. Ви благодарам однапред!
Моето бебенце има два месеци, бевме на ехо преглед на колкчињата и ни рекоја дека има лесно проширување на рскавичен еркер. Ме интересира дали и некој друг имал вакво искуство или знае нешто повеќе за ова, благодарам однапред.
мамички вака сега, имаме 5 дена, веќе 3 ден сака да цица многу често, посебно денес, цица секои 15 - 20 мин, и тоа по 30 мл, му давам и мајчино и адаптирано млеко, не сака да спие, само сака да јаде, од 6 часот наутро денес, дали има спиено досега пола час, дали е тоа нормално, ве молам за совет
Зошто даваш и мајчино и АД .....? ако немаш доволно мајчино направи АД повеќе млеко не 30 мл направи 90 мл и види колку ќе изеде , по тоа ќе знаеш колку е доволно , а вака можеби на детето му е малку па затоа и бара и не сака да спие. Направи повеќе млеко и види како ќе реагира детето, не е страшно да фрлиш млеко . , страшно е да биде бебушката гладна.
Дали на некој ви се случува или случило истото што и нас?Од пред некое време бебево не сака да јаде како што си јадеше предходно.Значи вака,имаме 5 и пол месеци и до пред некои десетина дена си цицаше а и пиеше по 120 мл. ад млеко,и тоа ја држеше 4 сати со помеѓу два оброци овошна кашичка една мала тегличка,и тоа 4 до 5 оброци на ден.А сега се се сведува на многу малку цицање и ад млеко по 80-100 мл и тоа 3-4 пати на ден,а кашичките си ги јаде исто како и предходно и пие сок повеќе од обично.Дали можеби е скок во развојот или пак жешково е причината стварно не знам,затоа што се случило и да ја дојам во поладна соба и пак е истото.Страв ми е да не стагнира со килажа а и онака не наклава мн мн во килажа,повеќе оди во должина.Некој со искуство?
Mamicki po kolku pati na den da mu davam na bebus od bekutan cajceto protiv grcevi? Denes prv pat mu dadov i toa na dva pati po 50ml...nemase koj znae kakov efekt,..
јас на бебушко од кога е роден, му давав во текот на денот по малку измеѓу оброците, на почетоко по 100мл на ден сега веке повеке си пие поголемо е , искрено ние ич немавме мака со грчеви, дали беше од чајот или таков муе е организмот незнам
Hello Овде тазе мама на близначиња(оттука и мојот ник кованица од twins и ninja ) која е со милион прашања. Гледам дека со неколку од вас ни се тука некаде бебињата па ќе можеме да разменуваме мислења и искуства. Ние за некој ден правиме 4 месеци и сакам да почнеме со сокчиња ама многу ме советуваат да почнам од 5 месеци прво со зеленчукови кашички, па потоа овошни и на крај сокчиња. Наводно ако почнам со сокчиња и овошни каши немало да ми ги јадат зеленчуковите. И ме интересира кога воведовте сокчиња дали неделно воведувавте две намирници или само една?
Нема врска тоа со сокчињата, односно овошје па зеленчук. Ние почнавме со овошје, па малата многу повеќе обожава да јаде зеленчукова каша него овошна. Сега се навинка на сите и кога е гладна јаде , кога не е не сака никаква. Ние не почнавме со сокчиња туку директно со кашички, по неколку лажички дневно(денес 2, утре 3-4, и се така зголемував), секој вкуст(кашичка) ја давав наредните три дена, па 4тиот нов вкус.
Фала МеУ, од некоја одредена причин ги рипнавте сокчињата? Јас се мислев да ги рипнам и да почнам со пробување вкусови(овошни кашички) ама ајде нека иде по редослед, сок па каша Да видам како ќе реагираме на вкусовите ...
Без никаква причина, едноставно директно со кашички почнавме да пробуваме(но купечки да се). Исто и сокот не го растварав , не ми беше логично зошто и онака е сок(растворе), па дополнително да го растварам не ми одеше. Но, бебуш не сака ич да пие сокче, ни ден денес, само водичка по малку.
twinja, тука ни се негдека бебушки по старост. мојот педијатар ме советува кога ќе имаме полни 4 месеци да појдеме кај неа за да се договориме да почнам да му давам на бебушот да пробува вкусови, сокчиња не ми спомна туку овошни кашички.
И јас следнава недела ќе одам кај матичната за да ми даде шема, ама сепак личните искуства се подобри. Ќе видиме како ќе биде, ќе пишам накнадно.
Ја имам напишано целата шема која ми ја даде нашиот педијатар, во темата за исхрана е(може да си ја копирате). Ако планирате деновиве да почнувате прво одете со морковче и јаболка.
Јас веќе почнав со сокчиња и кашички, никако не не најадуваше само млекото, се рикаше од глад, а сега вака е подобро. Почнав со јаболко, круша, бабана и морков. Исто и сокчиња од овие. Јадеме по пола кашичка на оброк (по 1 или 2 пати на ден), па уште 170 мл млеко после пие. Сокчињата ги давам помеѓу оброците, но ги растварам со вода (превриена) во однос 1:1, значи ставам 50 мл сок, 50мл вода, бидејќи сокчињата се концентрирани, барем тие на Хип што јас ги давам, а концентриран сок да му дадам е стварно многу јако, тоа ти е како да пиеш сок за раставање ама нерастворен во вода.
Eпа и ние веќе почнавме со кашички и сокчиња, веќе една недела утре точно, првите три дена пиевме само сокче од јаболка на хип ама не го растварав туку му ставав по 30 мл на пиење меѓу оброците, плус водичка кога сака и чајче еднаш дневно, а од средата почнавме со кашичка на хип јаболка, и тоа ја поделив на три , па од тие три 1/3 првиот ден цел ден , и еве денес е последната третина. утре ќе дадам морковче и јаболче и задутре, па во понеделник здравје планирам крушка, кашички , а сокче крушка утре здравје боже. Е грешка направив можеби што му дадов кашичка 2 часа после млеко, а требаше пред млекото , па утре здравје ќе менувам прво кашичка па млеко. Вака ми јадеше само по 2-4 лажички кашичка. а млеко пиеме 5 пати 6 мерилици 200 мл готово на хумана.