Девојчето вчера еднаш, денес два три пати има дијареа. Вчера брат и, само еднаш така потечно. И двајцата се на ад и доење. Стари се 15 дена. Утре ќе одам на о Педијатар но некако сум загрижена. Си јаде убаво, има качено од вчера до денес но јас сепак сум неспокојна
тоа не е дијареа.Нормално е бебе од 15 дена да има потечна столица.Дијареа се смета ако има 3-4 течни столици во рок од еден час
Dijarea e koga ima tecna stolica na pola cas, a ednas na den ili tri pati ne. Toa e samo tecna stolica
Течна столица не значи дијареа кај малецко бебенце. Ми се чини треба неколку пати во еден час да има течна столица за да биде оквалификувана како дијареа. Инаку нормално е и течно да какаат.
Женски бебушов ми е 6 недели и до сега го мачкав со јекодерм ама сега сакам да, сменам и да земам нешто друго. Нешто да ми препорачате? Во аптека ми го препорачаа еуцеринот па сега се мислам...
Јас користев еуцерин за малата на почетокот и задоволна сум.И одговараше на кожата. Сега ја мачкам со џонсон млекото за тело.
Нема потреба од мачкање. Верувај ми, од искуство со две деца, колку помалку мачкаш, толку поубава кожа ќе има.
Јас моето бебе го мачкам со Веледа маслото за тело на 2-3 дена еднаш само после бањање. Ставам на рацете и така го масирам по целото тело, најмногу на грбчето. Не го држам В раце многу само навечер и си велам да не го боли грбот од толку лежење, настрана несака да лежи/спија како го ставам одма плачи и си се врти на грб. 2 ипол месеци сме. Да не не треба да го мачкам незнам. Што мислите мајки? Ама па неможам да го масирам без да намачкам нешто.
Нема штета од мачкањето, посебно на неколку денови. Валеда маслото е одлично. Јас би продолжила без грижи. Исто и во однос на спиењето и лежењето, нормално е за таа возраст.
Мајки син ми е 2+ месеци и од недела носето му е мноогу затнато, кога лежи хрчи и се гуши и почнува да плаче и цело време ми е во раце. Душекот му го дигнавме малку но пак е исто.Во понеделник бевме на педијатар и среќа што е само носето, а и грлото му е исто црвенко. Во носето ставаме синомарин физиолошки и аспирирам но не ни помага многу, за кратко пак се затнува и пак иста песна. Исто така навечер го мачкам на градите и грбчето со гел фитобалм. Кажете ми ваше искуство што најмногу ви помогнало и отприлика за колку време сте имале подобрување?
Највеќе помага инхалација. Вода на парното во текот на ноќта или тенџерче со жешка вода да испарува, сецкан кромид до креветчето.
@danichap Пуштаме влажнач на воздухот преку ноќта, а со кромид немаме пробано..иако го мразам тој мирис ќе пробаме оваа вечер па белким ќе ни помогне малку. Фала ти.
Мајки дали 10.3 леукоцити за 4 месечно бебенце се ок? Во референтните вредности пишива до 10 горна граница.
@danichap Кое е дејството на сецкан кромид до креветчето ? Носето ни тече и затнато ни е , ако има ефект да ставам вечер.
Јас го ставав поради кашлица и стварно помага. За затнато носе или кога тече не сум ставила...ама може и друга мајка ќе сподели искуство. Мислам дека во секој случај нема да згрешиш ако пробаш.
Исто и за затнато носе е сецкан кромид. Стар Руски начин на лечење кај деца. Еве го синко 3 дена со носето и од вчера му ставам во подлабоко танирче исецкан кромид, во ќош на креветчето ( кај перницата ). Мојов се врти па малку понастрана ставам за да не го фати. Ставај неколку вечери има ефект. Во кујна кпга сечете кромид согурно си осетила удира на нос епа ќе ти е како ќебапчилница у соба али бебе ќе диши поубаво. Ја го бањам и со малку потопла вода, го седнувам и тушот го држам да тече позади на тилот према грбот, на смеење за да не се извади од памет и неколку пати одозгора ќе му пуштам над фацулето па ќе му протече и така секрет. Се надевам ме сфати во описот на бањање. Спрејот Аква Марис исто ти е супер и тој го користам. И обавезно да е малку поткренат од половината нагоре дур спие. Јас деновиве под душекот ставив дебела книга ( тоа имав така се снајдов ) и му е закосен душекот и поткренат е горниот дел. Поубаво дише на тој начин. @danichap за кашлица имаш исто уште еден Руски супер рецепт со кромид ама за деца над 1г и возрасни ( Моите се од Руси па ете знам ) Земи една главица поголема кромид и не ја љупи само одозгора исечи го горниот дел како капак пр. Земи загреј релна и во тафче некое стај ја главицата кромид ( исеченото да дојде горе ) можеш над алуминиумска фолија да го стаиш во тафчето. И ќе оставиш да се пече на тифко дур не омекне. Кога ќе е готово ќе го извадиш и ќе го истискаш сокот од кромидот ( во стаклено шишенце или во тегличките од готовата храна за деца ) исцеди го сокот и ќе додадеш 2-3 лажици мед. Секој ден сабајле и навечер ( може и поручек ) со дрвено или пластично лажиче ќе даваш. Испробано и делотворно пробај. Се надевам убаво објаснив.
Искуства со бактеријата стафилококус ауреус во носе? Од симптоми има само затнато носе. Најнапред не ни дадоа терапија, но бидејќи требаше да прими вакцина, ни дадоа Цефалексин од 200. Дали е во ред антибиотик за бебуш од 3 месеци?
Ако бактеријата е осетлива на хлорамфеникол подобро е да се третира локално со мачкање на маст во носето.