И двајцата ми спијат боси од раѓање, и не спијат убаво ако нозете им се покриени, небитно дали со чорапи или со прекривката. На татко им се такви, на мене сигурно не. Малиов пред некое време ми збесна кога му облеков целосни пижами со стапалца, не можеше да заспие. Го пресоблеков во обични пижами, одма заспа. Јас сум зиморлива, па не спијам со чорапи, нервоза ми создаваат. Бљуцка, или се враќа млекцето? Нормално е, бидејќи устата и носот се поврзани, само внимавај да не ти аспирира млеко.
Не бљуцка? Обично кога главата ѝ е свртена на страна потекува една капка од носето и од устата ептен малце. И уште нешто да прашам. Денеска на пресоблекување во каката има зелени примеси како конци, такви се. Од што може да е?
Од лично искуство не знам ама мислам дека е шлајм по тоа што имам читано тука. Дека бебињата или преку повраќање или преку какање ги исфрлааат шлајмовите.
Мајки на синчево од сабајле приметив дека му тече носето по малку, проѕирен секрет истекува по малку....што да направам ? Ќе стане полошо и како не? Настинка е така?
Цела ноќ кашла.... да го носам на педојатар или за толку мало бебе не даваат ништо? Носе полно мрсули и едвај диши...цело хрчи..како да му помогнам?
@Igle цело време кашла или се закашлува само? Може да е од мрсолите во грлото кога ќе му дојдат. Носи го да го преслушат а за давање ништо нема да ви дадат освен физиолошки и чистење со аспираторче .
@ada21 се закашлува пд време на време...не знам дали од секретот што викаш...а вчера баш така личеше кашлањето - како да се засркнал од нешто и кратко траешњ и ретко и не се грижев толку ама и ноќеска во сон 3-4 шати се случи и затоа се загрижив... колку често смеам да му го чистам носето? Мојот педојатар ако го однесам ќе го слушне и ќе рече ќе почекаме само да му помоне...затоа не брзам да одам ќе чекам до утре...
Те советувам да одиш денес, чисто превентивно, мали се, одма се спушта на плуќа а периодов е со настинки само. Ова од паталец. Со физиолошки чистам јас наутро и навечер, а можеш и трипати, така мимкажаа на болница и тоа не капка две туку млаз зза да ги турне мрсулчињата и да ги голтне,, тапкам грпче па со аспираторче ваѓам мрсулчиња.
И мојава бебушка кашлаше од секретот. И тоа доста. Неможеше да спие и сметаше исто како што опишуваш. Го средивме со аспираторче марисол капки и исомар спреј. Пробај така.
@Igle не оставај ич да биде затнато ,по 3,4 пати на ден чисти му го носето со физиолошки и нема да спушти на гради не се плаши . Ама за секој случај денес , утре носи го да го преслушат . И дома ако немате овлажнувач стави тенџере со камилица чај да испарува .
И моето бебе веќе недела време е со затнато носе. Јас му го чистам носето 2 -3 пати. Значи сабајле обавезно, поручек ако има потреба и пред спиење исто обавезно. Мене во ремедика ми кажаа да ставам синомарин физиолошки и со аспиратор да влечам и така му е многу полесно. Само незнам до кога ќе сме вака А за закашлување во сонот.. и ние сме така кога му се затнува
И ние сме исто, со затнати носиња , периодов е таков. Исто и јас со физиолошки раствор ги чистам 2-3 пати на ден.Плуќата е чиста
Ако можеш измери ја влажноста на воздухот каде ти се бебињата. Докторката кажа најчесто е заради сув воздух и да земеме навлажнувач. Обавезно чистење со физиолошки преку ден
А какви навлажнувачи за воздухот имате ? Ние купивме од Горење ќе прикачам слика , голем е и испушта бааги вода.Сега пак се мислам друго нешто.Од тоа што го испушта не ли може да направи влага на ѕидовите ? Влага е па уште по лошо да има Spoiler @kukla21 кој ги држеше предавањата на кои одеше ? Или секогаш различно.
Конкретно ова предавање го држеше Симонида. Имаш дома мерач на влажност? Јас имам едно апаратче земено од Логинг. Со ова најдобро ќе знаеш дали е сув воздухот или е таман. Од 40-60 е идеално. И голема влажност не е добра - влага ќе си направиш дома.
Па тоа се плашам влага да не направам ама ете чим е идеално од 40 до 60 значи Ок е .На самиот апарат си има мерач и покажува.
@V.odolija и ние го купивме истиот . Нема гајле си покажува влажност . Исклучувај го чат пат не мора нон стоп да работи .