Бебме кај Видоевски. Он за релаксатор и транспортер вика можело 24/7 зошто нив ги смета за лежечка позиција. Е сега ова за подседнување претпоставувам мисли да го потпрам со перници. Во секој случај мислам дека е мал па ќе почекам. Доволно му е што поседува во релаксатор. Јас знам дека детево ми е жилаво, ама до толку да го форсирам нема потреба Благодарам мајки.
Многу пати мојата повраќа како водичка. Не одма после јадење туку можеби после сат време. Не е некоја голема количина, не го повраќа како млаз туку така ќе и истечи како проѕирно како водичка. Јас тоа го гледам како нормално можеби е плунка нешто не знам.
Да исто по час време од прилика ми поврати така малку. Неколку пати се има случено па си реков да прашам. Оти кога пие повеќе чај исто така повраќа како водичка и тогаш знам дека е од чајот, а сношти се зачудив бидејќи не пиеше чај или вода.
Потпирање со перници никако, само лоша услуга ќе му направиш. Релаксаторот треба да менува позиции, барем еве овој јас што го имам основна позиција е 45 степени, а се подига на 60 степени. Малото од 45 се подигаше само, за брзо време почна да седи самостојно. Зедов и хранилка со менување на позиција на наслон, исто помогна доста за седењето.
Мамички моево луто бебе денеска се изгреба на лиценцето си пушти крв дури и тоа баш под окцето. Со што можам да ја намачкам? И го избришав лицето со туферче со топла вода и поминав со чепкалка за уши со и малку алкохол за дезинфекција ама нешто на пример прашоче банеоцин, Јекодерм, дека и е црвенко? И не знам дали некоја има слично искуство, секогаш кога плаче, се лути и се фаќа/удира со рацете за лице и глава ама така силно како да е голем човек, не бебе, и ако нема ракавички се гребе И секогаш откако ќе плаче кога се смирува ги става двете рачиња на лицето односно ги покрива очињата, и така и стојат некое време како да се крие, како да сака да покаже дека е лута. Многу чудно за толку мало бебе
Нормално е дека бебињата се гребат ,и моето така правеше кога плаче и е нервозен или во спиење се гребе затоа единствено решение ти е почесто да му ги сечеш ноктињата за да неможе да се гребе
Ано Видоевски мислеше не на класично потседнување туку како пример кога го држиш исправен во раце нели го фаќаш меѓу ножињата и малку е потсвиткан, на така. Незнам да објаснам ако најдам слика ќе пуштам. Инаку нас ни рече и количката да ја ставиме под 45. А и кога му ги правиш вежбите секако седнува.
@Luna91 @elcezelce Дај кажете наједноставен начин за сечење досега не сум и ги сечела многу мрда прета, навистина не знам како. И има ли некое посебно ноктарче за полесно средување?
Eve i ja ke probam da ti odgovoram. Kaj mene mm mu gi sece dodeka spie inaku nemozeme , imame specijalno noziche za secenje noktinja na bebe. Se izvinuvam za latinicata.
Јас имам мало ноктарче. Успевам и кога е будна да и ги исечам. И го фаќам прстето со едната рака со другата сечам. Најизводливо ти е на спиење. Немој да се плашиш и да го потштипнеш бебуш не е страшно.
Мајки , син ми има осип на мешето.Беа како црвени точкички па од вчера почнав да го мачкам со Атопик на Био Клин по препорака од педијатарот ама денес по црвено е дури.Само на мешето е.Незнам ни од што би можело да биде , а и нешто по ефикасно за мачкање ако сте имале кај вашите бебушки, кажете ми И , денес трет ден како одвреме навреме ќе поврати по малку.Незнам зошто , по дишењето како да има секрет некаде помеѓу грлото и носето , па ако има шлајмови може ли да повраќа од нив ?прееска поврати малку такво лигаво, ама и само проѕирно бело повраќа понекогаш.
Да те сфатив што сакаш да кажеш. И во право си на тоа не ми текна. Ти благодарам. Имам специјални ножички, мислам на чико дека беа. Со нив многу е лесно. Ако не можеш кога е будна, можеш во спиење.
Мајки ве читам за подигнување под агол од 45,па нашиот релаксатор е под тој агол а јас ја ставам во него, пишува од 0+ дека може да се користи. Таа не лежи во него туку е потсвиткана. Да не не смеам да ја ставам во него? 7+ недели сме.
Самиот релаксатор ако е на позиции се мести на нулта позиција и 45степени. На самата нулта позиција нормално е малку да е во заоблена форма телото т.е. газето. А во 45степени е баш скоро седнато. Рано ви е премногу за 45степени позиција. Синко после 4ипол месеци откако почна сам да с поткрева во релаксаторот тек тогаш почнав во таа позиција 45степени да го ставам. Самото дете ќе си покаже кога е спремно.
Мислам дека не е на позиции оти ништо не гледам позади. Свиена e и газето испапчено позади. Ме буни, пишува од 0м дека е, ама многу е подигнато некако.
Јас првиот месец му ги сечев на спиење со ножички ,а сега маж ми го занимава со песнички а јас го држам и му ги сечам ноктињата .
Чим си пишува 0+ воопшто немаш простор на паника, зашто затоа е наменето. Верувам дека не ти е постојано во ова. Но, доколку си во мисла слободно посоветувај се со ортопед мада сметам дека не е во положба на 45°С на слккава. Ако од страна кога гледаш е во положба вака отприлика ( \_ малку позакксено )тогаш е 45°С.
кога бевме на ортопед на 3 месеци ме праша дали го ставам бебе во транспортер и на подигнат релаксатор. Јас и кажав дека во релаксаторот е легнат не целосно ама повеќе лежи , а во транспортер само кога сме во кола , рече бебе дневно да биде во транспортер од два до 3 часа и на подигнат релаксатор така да не паничи во ред си е релаксаторот
супер и е позицијата баш таман нема грижи во транспортер се многу подруго а и таму им е позиција ко во матката а и тие се од 0+ што значи и двете си се добро и ако е без нивоа правилната си а има посебно релаксаторите се баш баш погодни за нив у транспортер по ќе му а измениме положбата од што ставаме подлоги па натуткани они